TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Командант Коки" не го каменуваше конзулатот

Вечер Прес - 23.02.2008

Зад насилните протести што се одржаа пред грчкиот конзулат во вторникот не стои "командант Коки", бидејќи тој во тоа време воопшто не бил во Скопје, тврди неговиот адвокат Мирослав Вујиќ. ВЕЧЕР, повикувајќи се на извори во МВР, завчера објави дека извесниот командант, кој според информациите ...

Прекршочна пријава против организаторот на протестот

Вест - 21.02.2008

ПО ЗАВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД ГРЧКАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ВРСКИ Против организаторот - невладината организација "Младите знаат", кои на скопскиот плоштад организираа мирни протести за неменување на уставното име, кои потоа се префрлија пред зградата на Грчката канцеларија за врски при што насобраната ...

Полицијата ја штитела каменуваната грчка канцеларија за врски

Дневник - 21.02.2008

На демонстрантите не можевме да им забраниме движење како што не можевме ни на стечајците , изјави Иво Котевски, помошник-министер во МВР Министерството за внатрешни работи тврди дека професионално ја штитела Канцеларијата за врски на Република Грција, каменувана по протестот на скопскиот плоштад.

Мирниот протест се претвори во хулиганско беснеење

Утрински - 21.02.2008

Прекршочна пријава за организаторот на протестот поради каменувањето на грчката Канцеларија за врски Жаклина Ѓорѓевиќ Канцеларија за врски на Грција вчера не го затвори Конзуларното одделение за издавање визи и продолжи со вообичаената работа и покрај завчерашното каменување со кое скандалозно ...

Протестите излегоа од контрола, каменувана грчката амбасада

Време - 21.02.2008

КАКО „МЛАДИТЕ ЗНААТ“ ГО БРАНЕА УСТАВНОТО ИМЕ Околу илјада средношколци и студенти завчера ја каменуваа грчката канцеларија во Скопје, скандираа навредливи пароли против Грција и демолираа неколку автомобили околу амбасадата. Тие претходно учествуваа на протестот на плоштадот Македонија, организиран ...

Полицијата надвор од контрола

Дневник - 21.02.2008

Демонстранти ја каменуваа грчката канцеларија за врски. Полицијата тврди дека постапила професионално и ја заштитила. Ако ја заштитила, како тогаш група тинејџери успеаја да ја каменуваат?Како тие стигнаа таму побрзо од полицајците? Протестот бил навреме најавен.

Обезбедувањето на СДСМ каменуваше

Вечер Прес - 21.02.2008

Од МВР велат дека засега ќе поднесат пријава само до организаторот, невладината организација "Младите знаат..." Зад завчерашните насилни протести, во кои беа фрлани и камења по Грчкиот конзулат во Скопје, стои "командант Коки", поранешен обезбедувач на СДСМ, дознава ВЕЧЕР од извори во МВР.

Партиите го осудија каменувањето на грчката амбасада

А1 - 20.02.2008

Каменувањето на грчката амбасада го осудија сите политички партии. „Да“ за мирни протести, но „не“ за инциденти во битни моменти за Македонија, кога очекува покана за членство во НАТО и добивање на датум за преговори во ЕУ. „ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешното вандалско однесување на група млади ...

„Младите знаат“ денеска на рапорт пред полицијата

Канал5 - 20.02.2008

Организаторите на протестот Младите знаат – за неменување на уставното име кој катастрофално заврши со инциденти пред грчката амбасада, денеска на рапорт пред полицијата. Велат не биле иницијатори за каменување на амбасадата, ниту пак за искршените автомобили, туку во нивна организација било се што ...

Повреден патник при каменување воз

Вест - 18.02.2008

НА ПРУГАТА ВО НАСЕЛБАТА 11 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ Завчера во 21,10 часот во населбата 11 Октомври во Скопје, во близина на спортското игралиште, од засега непознати лица бил каменуван патничкиот воз кој сообраќа на релација Кочани - Скопје.

Повредиле патник со камен

Време - 18.02.2008

ДЕЦА КАМЕНУВАЛЕ ВОЗ Група деца од скопската населба 11 Октомври завчера околу 21 часот го каменувале патничкиот воз што сообраќал на релација Кочани - Скопје. Со камењата скршиле прозорец, а од распрснатото стакло бил повреден патникот Д.М.

Каменуван воз, повреден патник

Дневник - 18.02.2008

Светиниколецот Д.М. (24) бил повреден кога возот во кој се возел бил каменуван од непознати напаѓачи, завчера, во близина на скопската населба 11 октомври, соопшти МВР. Нападот се случил околу 21 часот во близина на спортското игралиште во населбата, кога неколку лица фрлиле повеќе камења кон возот ...