Првиот граничен баталјон на АРМ, завчера на пладне, во реонот на Танушевци открил поголемо количество пешадиско оружје, муниција и воена опрема. Оружјето е пронајдено во примитивно полско скривалиште, односно земјаница, во која за време на акцијата на граничарите немало луѓе.
ЗАВЧЕРА НАПЛАДНЕ НА ГРАНИЦАТА КОН КОСОВО Гранична патрола на АРМ завчера открила магацин со оружје и воена опрема во скопското село Танушевци додека ја обезбедувала државната граница кон СР Југославија во делот кон Косово, информираа во македонската армија.
Армиска патрола вчера во близина на месноста Клучка Маало, кај Танушевци, на македонско - југословенската граница пронашла поголемо количество оружје и опрема, скриено во шумата, за кое се претпоставува дека потекнува од ланскиот конфликт.