TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тачи: Перспективата е со ДПА

А1 - 25.05.2008

Политичката генерација што ја создаде ДПА е многу подобра од таа на ДУИ, зошто нашата генерација произлегува од албанската школа, а не од белградската или од скопската. Школата на нашата генерација се вика Арбен Џафери. Вака на жителите на тетовско Порој, синоќа им се обрати претседателот на ДПА ...

Форум на жени на ДУИ: ДПА нема да не исплаши

А1 - 24.05.2008

ДПА нема да не исплаши со сеење терор. Форумот на жени членки на ДУИ на оружјето му се спротивставува со коктел. Ја обвинува власта дека подготвува изборен фалсификат. „Апелирање до сите политички партии да не создаваат клима на заплашување на населението, бидејќи знаеме дека изборите се ...

Демолиран штаб на ДУИ

Време - 24.05.2008

ВО ГОСТИВАР Излогот на изборниот штаб на Демократската унија за интеграција во гостиварската населба Леска вчера изутрина беше демолиран од непознати сторители, соопшти СВР Гостивар. Полицијата извршила увид и утврдила дека непознати лица со камења искршиле девет стакла од локалот во кој бил ...

Каменуван штаб на ДУИ во Гостивар

Утрински - 24.05.2008

ГОСТИВАР - Локален изборен штаб на ДУИ во гостиварската населба Леска е демолиран. Непознати сторители вчера во текот на ноќта со камења ги искршиле стаклата на партиски штаб на ДУИ. Во СВР-Гостивар потврдија дека вчераутро бил пријавен овој инцидент.

Демолиран изборен штаб на ДУИ во Гостивар

Дневник - 24.05.2008

Непознати сторители го демолирале излогот на локалот во кој е сместен предизборен штаб на Демократската унија за интеграција во гостиварската населба Леска, јави МИА. Случајот бил пријавен вчера изутрината во градската полициска станица, а увидна екипа утврдила дека по полноќ непознати лица со ...

ДПА И ДУИ не се во движењето за обединување

Дневник - 24.05.2008

Лидерите на ДУИ и на ДПА не се вклучени во таканареченото движење за обединување на Албанците, реагираат од двете партии на пишувањето на белградски „НИН“. Во последниот број на српскиот магазин се објавува статија за Косовецот Авни Клинаку, кој на 17 мај во Приштина го формирал движењето и дека во ...

Демолиран изборен штаб на ДУИ во Гостивар

А1 - 23.05.2008

Непознати сторители го демолирале излогот на локал во кој е сместен предизборен штаб на Демократската унија за интеграција во гостиварската населба Леска. Според СВР Гостивар, случајот бил пријавен утрово во градската полициска станица, а увидна екипа излегла на местото на настанот.

ДУИ: Победата ќе ја оствариме со нашиот народ

А1 - 23.05.2008

Под мотото „Со нас победници“ ДУИ синоќа одржа митинг во Струга. Со приоритетите Македонија сигурно за Албанците, Балканот на Европа, европска иднина за младите пријатели со Косово, кандидатите за пратеници од петтата ИЕ и челниците на ДУИ на полниот струшки плоштад ги повикаа Албанците на 1 јуни ...

Тачи: Политиката на ДУИ е несериозна

А1 - 23.05.2008

Црвените секогаш ги победуваат сините. Вака синоќа во Голема Речица го започна својот говор претседателот на ДПА и носител на листата во шестата ИЕ, Мендух Тачи. „Ако играат фудбал ДПА и ДУИ ќе треба да има три голмани. Во средината Кољо Дијамантот, од страна Али Ахмети и Теута Арифи.

ДУИ ја обвини ДПА за плагијат

Дневник - 23.05.2008

Во ДУИ се нокаутирани и повеќе не знаат за што зборуваат, одговори Адријатик Имери, портпарол на ДПА Економската програма на ДПА е плагијат на нашата, а за исполнување на важните прашања за Албанците ќе им требаат шест години , а не 60 дена, обвини вчера Муса Џафери од ДУИ на презентацијата на ...

Наспроти предупредувањата, каменуван е уште еден изборен штаб на ДУИ

Канал5 - 23.05.2008

Каменуван изборен штаб на ДУИ во Гостивар. Непознати лица денес по полноќ во населбата Долна Бањица со камења искршиле 11 стакла од објектот каде е сместен штабот. Освен излогот, кој е демолиран, ништо друго не е оштетено. Од гостиварскиот огранок на ДУИ велат дека имаат индиции кој го извршил ...

ДУИ вечерва во Охрид и Струга, ДПА во тетовско

Канал5 - 23.05.2008

ДУИ вечерва ги посетува Охрид и Струга, ДПА тетовски Шипковица и Голема Речица, СДСМ со изборниот карван е во Кичево, ВМРО - ДПМНЕ во скопски Карпош 3. Во продолжение следуваат дел од пораките на Шеќеринска и Груевски од синоќешните митинзи во Гостивар и Гевгелија.

ДПА прави плагијат?!

Вечер - 23.05.2008

Реализација на Мајскиот договор, признавање на Косово, интеграција на Македонија во НАТО, сигурност за Албанците, социјална помош за жртвите од конфликтот од 2001 година и нивните семејства и законска регулатива за употреба на албанскиото знаме и јазик, се приоритетите во предизборната програма на ...

ДУИ ветува изградба на ИТ-град

Утрински - 22.05.2008

Раст на бруто-домашниот производ, зголемени странски инвестиции во наредните четири години, нови вработувања, изградба на град на технологијата, намалување на придонесите за пензиско и здравствено осигурување и зајакнување на финансиските капацитети на општините.

Тачи во кампања против Црвенковски и Глигоров

Утрински - 22.05.2008

Лидерот на ДПА реши да го игнорира Ахмети и да го насочи своето сечило кон шефот на државата Покрај новината со шетање по бините, по примерот на американските кампањи, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во ова предизборие откри и други противници, решавајќи да ја игнорира ДУИ и нападите во своите говори ...

ДУИ ја обвини ДПА за плагијат

Канал5 - 22.05.2008

Најприоритетни политички точки за ДУИ како дел од новата влада ќе бидат целосно имплементирање на мајскиот договор, донесување на закони за употребата на јазиците и за симболите, меѓуетничкото помирување- во чиј склоп ќе биде и законот за борците на ОНА, признавањето на Косово и влезот на ...

ДПА и ДУИ со меѓусебни обвинувања

А1 - 21.05.2008

Фазли Велиу е српски шпион, обвини денеска ДПА. Носителот на ДУИ во петката бил ангажиран во обработка на албанските сепаратисти на Косово. Ова според ДПА го покажуваат официјални документи, а албанскиот весник „Шкип“, информациите ги објави на 17-ти април.

Ахмети: Ги остваривме идеалите на генерации Албанци

Дневник - 21.05.2008

ДУИ ги оствари идеалите на генерации Албанци, изјави на прексиноќешниот митинг во Сарај Али Ахмети, лидер на ДУИ. Тој ја критикуваше ДПА бидејќи како дел од власта не направила многу за Албанците. Во 2002 година ДПА вети дека ќе го официјализира албанскиот јазик, дека ќе ги ослободи од затвор и ќе ...

Тачи: ДПА ќе има седум-осум министри

Дневник - 21.05.2008

ДПА по изборите сигурно ќе биде дел од власта со голем број пратеници и ќе има седум или осум министри, порача лидерот на ДПА Мендух Тачи на предизборниот собир во Велешта крај Струга. Вистинските противници на албанската идеја, платформата на ДПА и на Арбен Џафери не се ДУИ и Фазли Велиу, туку ...

Ахмети: ДУИ ќе победи на 1 јуни

А1 - 20.05.2008

ДУИ ќе победи на 1 јуни, бидејќи единствено таа ги реализираше идеалите на генерации Албанци во Македонија, порача лидерот Али Ахмети синоќа од Сарај. ДПА минативе две години покажа дека нема капацитет да ги оствари барањата на Албанците.

ДУИ обвинува дека ДПА е во коалиција со полициски структури

Утрински - 20.05.2008

„Колку повеќе наближува 1 јуни, се' појасно се разоткрива кои се коалициските предизборни партнери на ДПА. Односно, се разоткрива дека оваа партија на овие избори не настапува сама, туку во „коалиција“ со некои полициски структури кои се предводени од Рефет Елмази.

ДУИ и ДПА меѓусебно се обвинуваат за предизборното насилство

Дневник - 20.05.2008

ДУИ ја зголеми безбедноста на своите изборни штабови поставувајќи видеокамери, по инцидентите во Тетовско-гостиварскиот регион. Во партијата предупредија дека е можно Албанците да се самоорганизираат за самоодбрана од предизборното насилство ако пукотниците продолжат, а МВР не ги расветли итно ...

Тачи: ДУИ нема интегритет кај Албанците

А1 - 19.05.2008

ДПА на овие избори нема политички противник во албанскиот блок, оти ДУИ нема интегритет и политичка сила кај албанскиот електорат, порача лидерот на партијата, Мендух Тачи, од синоќешниот митинг во Арачиново. Партијата на Ахмети, рече Тачи, е само извршител на агендата на СДСМ.

ДУИ: ДПА е поддржана од МВР

А1 - 19.05.2008

ДУИ денеска на прес-конференција обвини дека ДПА на овие избори била поддржана од МВР. За да не помислат дека и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е акционерка во касапаната на Тачи, тие од неа побараа да одговори колку е вистина тоа што МВР, освен беџеви од единицата „Алфи“, на ...

Го издал дуќанот на ДУИ, заработил ќотек и рафали

Време - 19.05.2008

НОВИ ПУКОТНИЦИ ВО ИЗБОРЕН ШТАБ ВО ТЕТОВО Три непријатности за десетина дена му го нарушија спокојниот пензионерски живот на 75-годишниот Шабан Беќири од тетовската населба Тетекс. Во неделата наутро, со осум куршуми од пиштол е изрешетан локалот од неговата куќа во кој е сместен штаб на ДУИ.

Заврши мирот, повторно изрешетан штаб на ДУИ

Утрински - 19.05.2008

Од почетокот на кампањата, цел на огнено оружје биле девет изборни штаба на ДУИ Гојко Ефтовски ТЕТОВО - По пет дена мир, во Тетово повторно се огласи оружјето. Вчера изутрина, околу 4,20 часот, тетовци беа вознемирени од повеќе истрели што доаѓаа од правец на Шарената џамија во централното градско ...

ДПА со снимки докажува дека пукаат од ДУИ

Утрински - 19.05.2008

ТЕТОВО - „Шокантно, застрашувачки и деградирачки е како близок соработник на Али Ахмети вади оружје и пука. Од друга страна, плачат кај меѓународниот фактор за наводниот терор што го преживуваат“. Ова се истакнува во соопштението на ДПА што го презентираше вчера портпаролот Феџли Селами во Тетово.

Пукано во изборен штаб на ДУИ

Дневник - 19.05.2008

За една недела ова е деветти изборен штаб на ДУИ оштетен во оружени инциденти, а полицијата се' уште не расветлила ниту еден Оружените инциденти во Тетово продолжуваат и покрај апелите за фер и демократски избори. Вчера околу 4.20 часот со истрели од пиштол беше оштетен локалниот изборен штаб на ...

Членови на ДУИ се жалат на малтретирање од полициските алфи

Канал5 - 19.05.2008

Членови на ДУИ се жалат на полициско малтретирање. Се враќале од партискиот штаб во Батинци, кога како што тврдат ги пресретнале припадници на единицата Алфи во скопската општина Кисела Вода. Насила ги извадиле од возилата, ги претресувале без образложение и иако покажале документи за лична ...

Пукано врз штаб на ДУИ во Тетово

Вечер - 19.05.2008

Осум куршуми од пиштол вчераутро во 4:30 завршија во штабот на ДУИ во населбата Тетекс во Тетово. Полицијата го потврди инцидентот на улица "Браќа Миладинови" во објектот во сопственост на седумдесет и пет годишниот Шабан Бекири.