Скопје Лидерите на партиите на македонските Албанци ДУИ, ДПА, ПДП и на ДУА се повикани на средба со челниците на косовските институции, во четврток во Приштина. Средбата, како што дознава телевизијата Алсат-М, е на иницијатива на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу.
Отава Канада ја призна независноста на Косово, изјави канадскиот министер за надворешни работи Максим Берниер. „Го признавме Косово како независна држава”, рече Берниер синоќа и додаде дека станува збор за „единствен случај” што не може да се користи како преседан „Тоа не може да се спореди со ...
Брисел Бугарија, Унгарија и Хрватска денеска ќе бидат првите соседи на Белград што ќе го признаат Косово, јави Ројтерс. Во изјава што ќе биде објавена подоцна денеска, трите земји наведуваат дека одлуката се заснова на „темелни проценки“ и ја истакнуваат важноста од заштита на српското малцинство ...
Скопје Против признавање на независноста на Косово се 45 отсто од граѓаните на Македонија, а спротивно мислење имаат 35 отсто. Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики од Скопје.
Приштина Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу синоќа го обвини официјален Белград за насилството што се случи во Косовска Митровица во понеделникот. Сејдиу, по посетата на повредените припадници на УНМИК, изјави дека одговорноста за она што се случи во Митровица во понеделникот, треба да ја сносат ...
Приштина Полицијата на ООН на Косово се врати во северниот дел на Митровица, откаде се повеле пред два дена по судирите со Србите. „Се обидуваме да го воспоставиме законот, со враќање на претставниците на УНМИК. Тие ќе продолжат да патролираат заедно со полицијата на Косово“, соопшти командантот ...
Загреб Бугарија, Унгарија и Хрватска се првите соседи на Белград, кои денеска го признаа Косово, што предизвика експресна реакција на Србија. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ од Атина ги предупреди трите земји дека со признавањето на Косово не може да сметаат на добри односи со ...
Белград Белград денеска најави дека парламентарните избори во Србија закажани за 11.мај ќе бидат организирани и во Косово. Ваква најава соопшти српскиот министер за Косово Слободан Самарџиќ, додавајќи дека тоа е согласно позицијата на Белград според која Косово е неделив дел од Србија.
Будимпешта/Загреб Хрватска и Унгарија денеска официјално ја признаа независноста на Косово. Унгарската Влада ја усвои одлуката за признавање на независноста и изрази надеж дека тоа нема да ги загрози нејзините односи со Србија.
Министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билд денеска изјави дека многу држави не се подготвени да го признаат Косово како независна држава. Билд допатува во посета на Приштина само неколку дена откако Шведска ја призна независноста на Косово.
Оклахома Сити - Македонија и Косово преку дијалог треба да го решат проблемот со границата, порачаа од американскиот Стејт департмент. Портпаролот на Стејт департментот, Том Кејси, вчера на новинарско прашање во врска со спорот изрази увереност дека проблемот може да се реши на мирен начин.
Шефот на шведската дипломатија Карл Билд оцени денеска дека голем број земји не се подготвени да го признаат Косово како независна држава. Билд во интервју за Асошиејтид прес, што го пренесува весникот „Интернешнл хералд трибјун“ на својата Интернет страница, оцени дека Обединетите нации ќе мора да ...
Москва/ЊуJорк - Русија, по барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на Косово, следниот вторник, изјави портпаролот на руската исија при ОН, Марија Захарова. „ Седницата ќе биде одржана во вторник, на 11 март попладне“, изјави ...
Претставниците на генералниот секретар на Обединетите нации пренеле оваа недела во Брисел порака во која меѓу останатото нагласиле дека ОН верува оти УНМИК мора да остане на северот на Косово и по распоредувањето на мисијата на ЕУ во останатиот дел од Косово, пишува денеска белградскиот весник ...
Приштина Косовската комисија за демаркација на границата со Македонија ќе ја предводи Беким Кулаку, виш советник на премиерот Хашим Тачи. Во Комисијата се и Џафер Тахири, од кабинетот на претседателот на Косово, Бехар Селими од Косовската полициска служба и двајца професори, експерти во таа област, ...
Загреб Хрватска, Унгарија и Бугарија најверојатно утре ќе ја признаат независноста на Косово, јавуваат денеска хрватските медиуми. Хрватската влада би можела утре да ја признае независноста на Косово, иако тоа би можело да предизвика криза во владината коалиција, со оглед на фактот што српскиот ...
Њујорк Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги осуди нападите врз УНМИК и КФОР во северна Митровица, а Белград бара истрага за прекумерна употреба на сила врз локалните Срби. „Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ги повика сите заедници да се воздржат од насилство и повтори дека е ...
Приштина Полициско – правната мисија на Европската Унија (ЕУ) на Косово (ЕУЛЕКС) ќе има потреба од заштита од НАТО со цел да воспостави контрола на Косово. Ова го изјави специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Питер Фејт. Тој посочи дека 16 илјади припадници на силите на КФОР треба да овозможат ...
Хелсинки Независноста на Косово е неотповиклива и Србија им нанесува штета на сопствените интереси што тоа не го признава, изјави бившиот специјален пратеник на Обединетите нации(ОН) Марти Ахтисари. „Нема враќање во минатото.
Приштина УНМИК не го прифати српскиот предлог Владата на Србија, заедно со меѓународните претставници, да ја преземе контролата врз српските енклави на Косово. Ова, како што пишува приштинскиот весник „Зери“, било побарано од УНМИК со цел да се обезбеди спроведување на Резолуцијата 1244 на Советот ...
Приштина Голем број на држави не се подготвени да го признаат Косово како независна држава. Ова денеска во Приштина го изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт. Според него, цивилната мисија на Обединетите нации (ООН) мора да остане на Косово и да делува како мост меѓу државите чии влади ја ...
Косовска Митровица Украински полицаец од мисијата на Обединетите нации(ОН) починал ноќеска од раните здобиени во вчерашните судири меѓу Србите и претставниците на ОН и НАТО во Косовска Митровица. Ова го јави Ројтерс, повикувајќи се на извори од меѓународните сили за безбедност.
Токио Јапонија денеска ја призна независноста на Косово, соопшти јапонското министерство за надворешни работи. „Јапонија се надева дека независноста на Косово ќе придонесе за долгорочна стабилност на регионот“, се вели во соопштението, во кое се потенцира дека Јапонија сака да продолжи да одржува ...
Приштина Република Кореја ја призна денеска независноста на Косово, јави приштинската агенција Косовапрес. Јужнокорејската влада се надева дека независноста на Косово ќе придонесе за мирот и стабилноста, демократскиот развој и економското оживување на регионот, пренесе истиот извор.
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу завчеравечер отфрли било каква можност за влошување на односите меѓу Приштина и Скопје, поради фактот што Македонија го условува признавањето на независноста на земјата со демаркацијата на границата Македонија и Косово на "пријателски и мирен начин" да го решат ...
Демаркацијата на границата кон Косово стигна и во американскиот Стејт Департмент. Вашингтон побара од Скопје и Приштина ова прашање да го решат на пријателски и мирен начин „Во врска со кој било спор меѓу Косово и Македонија или која било друга држава, ги охрабруваме луѓето да ги решат тие прашања ...
Претседателот на Финска Тарја Халонен ја призна независноста на Косово во согласност со предлозите на финската Влада и утврди воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и Финска. Финските медиуми пренесоа дека одлуката била донесена без особени дискусии, а распоредот на нејзино извршување било ...
Атина - Новоизбраниот кипарски претседател Димитрис Христофијас изјави дека неговата земја никогаш нема да го признае Косово како независна држава. Христофијас во Атина посочи дека Никозија никогаш нема да го признае Косово поради тоа што ја почитува територијалната целост и суверенитет на Србија.
Косовскиот премер Хашим Тачи по средбата со претставникот на словенечката канцеларија во Приштина, Војко Волк, изјавил дека е многу значајно започнувањето со признавање на независноста на Косово од страна на земјите од поранешна Југославија.
Русија, на барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на Косово, следниот вторник, изјави портпаролот на руската мисија при ОН Марија Захарова. Москва/Њујорк, 7 март (МИА) - Русија, на барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на ...
ЉУБЉАНА - Словенија ја призна независноста на Косово и е прва поранешна југословенска република која го стори тоа. Предлогот да се признае Косово - кое Белград го смета за дел од Србија - беше донесен со 57 гласа „за“ наспроти четири „против“ во словенечкиот парламент.
Србија го повлече својот амбасадор во Љубљана и упати протестна нота до Словенија, која завчера ја призна еднострано прогласената независност на Косово. Министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ наложи амбасадорот Предраг Филипов да ја напушти Словенија во рок од 48 часа од предавањето на ...
Мислења Грем Боули Наместо да им се дозволи на мини-државите што се распаѓаат да пропаднат, тие можеби имаат шанса да преживеат како штитеници на цела Европа На Балканот многу работи не се сменија откако Косово прогласи независност од Србија на 17 февруари.
Белград Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ ги демантира тврдењата дека српскиот предлог за соработка претставен пред мисијата на ООН во Косово, претставува иницијатива за поделба „Исклучително важно е да се изјаснам за тоа. Србија не е за поделба на Косово“, рече Јеремиќ.
Хелсинки Финска денеска официјално го призна Косово, јавуваат медиумите. Финската претседателка Тарја Халонен денеска ја потпиша одлуката што вчера ја донесе финската Влада. Косово до сега го признаа повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија.
Косовска Митровица Тројца полицајци на мисијата на Обединетите нации(ОН) на Косово и двајца војници на НАТО се ранети утринава при експлозија во северниот дел на Косовска Митровица. „Претпоставуваме дека причината за инцидентот е рачна граната која била фрлена во дворот на судот“, изјави денеска ...
Загреб Мнозинството хрватски граѓани го поддржуваат признавањето на Косово и не се плашат од понатамошна дестабилизација во регионот, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата Пулс. Признавањето на Косово го поддржуваат четири петини од испитаниците, мнозинството од 51 отсто смета дека ...
Вашингтон Официјален Вашингтон ги повика Македонија и Косово на „пријателски и мирен начин“ да го решат прашањето за демаркација на границата, пренесува Макфакс. „Што се однесува до постоечкиот спор меѓу Косово и Македонија, ние ги охрабруваме да го разрешат на мирен начин и преку разговори.
Белград Неколку стотина лица попладнево почнаа протест пред српското Собрание во Белград поради ситуацијата на Косово, што денеска ескалираше со насилни протести во Митровица. Учесниците на протестот, што го организираат повеќе националистички организации, поставија пред парламентот транспаренти на ...
Косовска Митровица Припадниците на специјалната полиција на УНМИК ја зазедоа судската зграда во северниот дел на Косовска Митровица, во ненадејна акција што започна изутрината во 5.30 часот. Притоа полицајците ги отстраниле двете српски знамиња кои беа истакнати на зградата и уапсиле неколку ...
Брисел Шефовите на дипломатии на Европската унија (ЕУ) в понеделник во Брисел ќе ја разгледуваат ситуацијата на Косово по прогласувањето независност во Приштина. Според најавите, тема на средбата ќе биде настојувањето на Унијата целосно да ја распореди правосудно-полициската мисија чии претставници ...
Загреб Хрватскиот амбасадор во Белград Тони Станичиќ денеска призна дека имало меѓународен притисок врз Загреб за да ја признае независноста на Косово. „Имаше меѓународен притисок тоа да биде направено, но ние брзавме токму поради почитта кон Србија и нашите партнерски односи“, изјави Станичиќ, ...
Косовска Митровица Најмалку 30 припадници на меѓународни безбедносни сили, како и тројца Срби се ранети и повредени во судирите што денеска почнаа во северниот дел на Косовска Митровица. Пет странски војници се тешко ранети и се во животна опасност, јави Б92, повикувајќи се на извори во полицијата ...
Косовска Митровица КФОР ја презеде контролата на целата територија на северниот дел на Косовска Митровица, каде ситуацијата по денешните немири е мирна. Нема спонтани собирања, а локалите кои утрината беа затворени, повторно се отворени, јавија локалните медиуми.
Москва/Косовска Митровица Мисијата на ОН на Косово преговора со властите во Белград и српските раководители во Митровица со цел да се смири состојбата во градот, откако во денешните немири беа ранети над 100 лица. Ова за руската агенција РИА Новости го изјави портпаролот на Мисијата на УНМИК на ...
Приштина „Имаме потврда дека Македонија ќе ја признае независноста на Косово. Потврден ни е и временскиот период и деновите кога ќе се донесе таа одлука“. Ова вчера за скопската телевизија „Алсат М“ го изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, додавајќи дека постои добра воља од страна на Македонија да ...
Њујорк Русија, на барање на Србија, ќе свика во вторник седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, соопшти руската мисија во светската организација. Ова е договорено на средбата меѓу рускиот амбасадор во Обединетите нации (ОН) Виталиј Чуркин и шефот на српската дипломатија Вук ...
Косовска Митровица Силите на НАТО во северниот дел на Косово се под постојан оган од огнено оружје од локалните Срби, а полицијата на УНМИК почна да се повлекува. Според очевидци вооружени судири има меѓу силите на НАТО и ОН и Србите во Косовска Митровица.
Белград/Косовска Митровица Насилните протести во Косовска Митровица во кои се ранети неколку десетици лица, прекинаа околу пладне, јавија српските медиуми. Немирите прекинаа откако припадниците на КФОР и на УНМИК се повлекоа од пред судот во Митровица каде изутрината започнаа судирите.
Белград Србија бара да управува со етнички српски области на Косово преку времена спогодба со мисијата на Обединетите нации во покраината. Ова денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, според кого времената спогодба е неопходна за косовските Срби, со цел да се избегне ...
САД изразија задоволство поради тоа што голем број држави досега ја признаа независноста на Косово, меѓу кои и повеќе земји од ЕУ. „Во наредниот период очекуваме нови признавања од земјите од ЕУ, но од други држави“, изјави портпаролот на Стејт департментот Том Кејси.
УНМИК повторно ја презеде контролата врз железничката мрежа во северно Косово, на која од 3 март контролата ја имаа српските железници. Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, како провокација ја оцени одлуката на српските железници да испратат два воза јужно до станицата Лешак.
САД побараа Русија „отворено и недвосмислено“ да ги повика Србите „да се смират“: Виталиј Чуркин Москва - Едностраното прогласување на независноста на Косово може да доведе до фактичка поделба, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, и нагласи дека сите ...
Мислења Ермира Мехмети Како што се зголемуваат апетитите на Србија за поделба на Косово, така расте и општата тензија во регионот Одбивањето на Србија да ја прифати независноста на Косово претставува закана за стабилноста и трајниот мир на целиот регион.
Приштина Русија мора да разговара со Приштина за испраќање помош на косовските Срби, доколку сака помошта да стигне до оние за кои е наменета. Ова денеска го изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, кој се противи на тоа помошта за српскиот народ од Русија, да стигне на Косово преку српските ...
Приштина УНМИК и КФОР имаат цврсти докази дека во зградата на судот во Косовска Митровица на 17 март биле припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што пренесуваат косовските медиуми, ова го потврдил портпаролот на УНМИК Александар Иванко, според кого во текот на акцијата за ...
Приштина Разузнавачките служби на УНМИК откриле дека во Косово има 10 канцеларии на српското Министерство за внатрешни работи. Ова денеска го пишува весникот „Коха диторе“, кој повикувајќи се на анонимни извори од УНМИК посочува дека 8-10 канцеларии се во Северно Косово, а три од нив во северниот ...
Граница За што зборуваме ние, за признавње на границата со Косово или за нејзина демаркација. Ова се два потполно различни термини. Границите на Македонија се меѓународно признати и тука нема дилема. Косово како новоформирана држава и според првичните изјави на неговото раководство и според планот ...
Без оглед кој ќе биде победник на парламентарните избори во Шпанија, што ќе се одржат в недела, ниту социјалистите, ниту десницата немаат намера да го признаат Косово,пишува вчера парискиот "Либерасион". Дописникот на овој весник од Мадрид ја пренесува изјавата на министерот за надворешни работи ...
Условувањата од Косово, Македонија прво да ја признае независноста, а потоа да се пристапи кон демаркација на границата, за претседателот Бранко Црвенковски е лош почеток на градење на односите од страна на Приштина. Тој додаде дека декларацијата со која Косово прогласи независност се темели на ...
Србија планира да воспостави сообраќај со товарни и со брзи возови од Митровица до Белград „заради подобра комуникација“ Српски железници завчера ја презеде надлежноста над дел од 60 километри од пругите во северниот дел на Косово, без консултации со властите во Приштина и со УНМИК.
Македонија прво да ја признае независноста на Косово, а потоа да се обележи границата. Ова се очекуваше да биде еден од заклучоците на Централното претседателство на ДУИ, кое вчеравечер требаше да расправа за актуелните политички настани.
На Косово и Метохија нема да може да делуваат паралелни структури на српската власт, нагласија највисоките претставници на меѓународните институции во покраината, пренесува Танјуг. Приштина, 5 март (МИА)- На Косово и Метохија нема да може да делуваат паралелни структури на српската власт, нагласија ...
Цивилната администрација на ОН во Косово соопшти дека повторно ја презела контролата врз железничката мрежа во северно Косово, на која од 3 март контролата ја имаа српските железници, пренесоа српските медиуми. Белград, 5 март (МИА) - Цивилната администрација на ОН во Косово соопшти дека повторно ...
Приштина Косовските власти категорично го отфрлаат како крајно неприфатлив најновиот предлог на Белград за поделба на Косово по етнички линии. Ова денеска го изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, коментирајќи го предлогот што го упати министерот во српската Влада за Косово Слободан Самарџиќ, ...
Скопје Мешовитата македонско-косовска комисија за одбележување на границата треба да започне со работа денеска во Скопје. Ова го најави портпаролот на македонската влада, Ивица Боцевски, кој додаде „очекуваме дека во најскоро можен рок Комисијата ќе почне со практичната работа“.
Косовска Митровица Официјален Белград да ги прекине дипломатски односи со Албанија и да објави бојкот на хрватски и словенечки производи, поради признавањето на независноста на Косово. Ова, како што пренесува Макфакс, го побараа денеска косовските Срби од големиот митинг што го одржаа во северниот ...
Скопје Одложена е средбата на мешовитата македонско-косовска комисија за демаркација на границата, што беше предвидена за денеска во Скопје, потврдија владини извори за Макфакс. „Средба денеска нема да има. Термините за тоа се усогласуваат“, изјави попладнево портпаролот на македонската влада Ивица ...
Љубљана Парламентот на Словенија денеска донесе одлука да ја признае независноста и суверенитетот на Косово. Одлуката уследи по четиричасовна расправа во словенечкиот парламент, во која дел од пратениците искажаа загриженост за судбината на економските односи на Словенија со Србија, за ...
Приштина Косово верува дека наскоро ќе биде признато од Македонија и се обврзува да ги заврши задачите за демаркација на границата, согласно планот на Марти Ахтисари. Ова, како што јавува Макфакс, го посочија денеска претседателот и премиерот на Косово, Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи, на прес ...
Брисел ЕУ и САД разгледуваат можност за признавање на независноста на Косово долгорочно да се посегне по формулата на двете корејски држави за членство во Обединетите нации од 1991 година. Русија, тогаш стави до знаење дека нема да дозволи повторување на истиот случај.
Вработените од српска националност во правосудните органи протестираа вчераутро пред зградата во која е сместен Општинскиот и Окружниот суд во северниот дел на Косовска Митровица, барајќи да се вратат на своите работни места.
Шведска реши да го признае Косово како независна држава, изјави портпаролот на шведското министерство за надворешни работи Сара Малмгрен. Косово еднострано ја објави независноста на 17 февруари. Уште следниот ден Стокхолм соопшти дека има намера да ја признае независноста на новата држава.
ПРИШТИНА, 4 март (Ројтерс) - Влијателната Православна црква и железничките работници вчера се приклучија кон масовниот бојкот на Србите на Косово по прогласувањето независност од Србија минатиот месец. Црквата им порача на сите свештеници на косовска територија да ги прекинат сите контакти со ...
Мислења Џилијан Миловановиќ Нашата задача сега е да им помогнеме на лидерите и на луѓето на Косово да ја развијат оваа држава во една мултиетничка земја што ќе биде самоодржлива Соединетите Држави го поздравуваат големиот чекор што го направи Европа неодамна во насока на остварувањето на целта - ...
Шведска денеска ја призна независноста на Косово од Србија, соопшти шведското Министерството за надворешни работи, пренесува АФП. -Шведска одлучи да го стори тоа денеска. Официјалното признавање ќе се случи на владината седница што следи, изјави владиниот портпарол Сара Малмагрен, пренесува АФП.
Приштинскиот весник „Зери“ денеска оценува дека македонските власти „брзаaт со барањето за одбележување на границата на Македонија кон Косово, пред да донесат став за Косово по прогласувањето независност“. Приштина, 4 март (МИА) - Приштинскиот весник Зери денеска оценува дека македонските власти ...
Косовска Митровица Околу стотина локални Срби го запоседнаа денеска судот на Обединетите нации во Косовска Митровица, во северниот дел на Косово. Претходно, Србите со недели протестираа пред судската зграда и ги попречуваа вработените косовски Албанци.
Приштина Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ги повика косовските Срби да се вратат во нормалниот живот, а официјален Белград го обвини дека ги поттикнува на тензии и бојкот на новата држава. Сејдиу оцени дека Србија на тој начин сепак нема да успее да го оневозможи меѓународното признавање на ...
Приштина Мисијата на ЕУ на Косово не е нелегална, иако нема одобрување од ОН да ги преземе овластувањата на УНМИК, изјави нејзиниот раководител, холандскиот дипломат Питер Фејт. „Моето присуство на Косово не е незаконско. Тоа што засега нема консензус, ниту пак поддршка од српската Влада за нашата ...
Приштина Македонија требало во пакет со Унгарија, Бугарија и Хрватска да ја признае независноста на Косово, но отстапила поради прашањето за демаркација на границата. Ова денеска го објави приштинскиот весник „Зери“, повикувајќи се на западни дипломатски извори Весникот наведува дека, поради ...
Приштина Косовската Влада потврди дека се е подготвено за основање на Министерство за одбрана и Сили за безбедност, како што се предвидува во документот на Марти Ахтисари. „Нашата земја е во процес на подготовка за создавање Сили за безбедност, а воената помош ветена од американскиот претседател ...
Никозија Новата кипарска Влада нема да ја признае едностраната сецесија на Косово, изјави денеска во Брисел кипарскиот претседател Димитрис Христофијас. Ова е првпат новиот кипарски претседател, кој е избран кон средината на февруари, го изразува својот став за статусот на Косово.
Приштина Шефот на УНМИК Јоаким Рикер преку соопштение за медиуми остро го осуди денешниот напад врз Окружниот суд на УНМИК во Косовска Митровица. „Една голема банда употребила сила врз полицијата на УНМИК за да влезе во зградата.
Амстердам Холандија денеска ја призна независноста на Косово, соопшти холандското Министерство за надворешни работи. „Од името на Кралството Холандија, министерот за надворешни работи Максим Верхаген му соопшти на Косово дека го признава како независна држава“, соопштија од Министерството.
Митровица Судските работници од српска националност денеска пред зградата на судот во Косовска Митровица го продолжија протестот започнат на 21. февруари. Тие протестираат поради не можноста да работат во судот од кој што беа истерани во август 1999 година.
ОХРИД - Демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово е во интерес на двете страни и нема потреба од меѓусебни условувања. Ова е пораката на министерот за локална самоуправа на Косово, Сади Ферати, што завчера ја упати од Охрид.
КОСОВО ГО УБЛАЖИ СТАВОТ Признавањето не е услов за демаркација на границата. Косово го ублажува ставот откако вицепремиерот на Владата во Приштина, Хајдерин Кучи, изјави дека Македонија ќе мора прво да ја признае независноста, па потоа да бара обележување на северната граница.
СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК ПИТЕР ФЕЈТ Специјалниот претставник на Европската унија за Косово, Питер Фејт, изјави дека Србите од северот на Косово нема да добијат автономија, пренесува српскиот портал „Мондо“- Тоа не е предвидено и никогаш за тоа не сум разговарал со косовската влада.
ДПА НАВРЕДЕНА ОД КОСОВО Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и косовскиот премиер Хашим Тачи се скараа за прашањето кој во Македонија ќе биде најзаслужен за признавањето на Косово. Мендух Тачи се почувствувал повреден откако косовскиот премиер, говорејќи за Македонија, не го спомнал него или неговата ...
Белград/ Приштина - Специјалниот претставник на Европската унија за Косово, Питер Фејт, изјави дека српската заедница на северот на Косово нема да има никаков специјален статус во однос на поголемиот дел од покраината,, исклучувајќи каков било облик на кантон или автономија.
Приштина ) Поранешен командант на КФОР во Косово и актуелен шеф на Мисијата Еулекс Ив де Кермабо, денеска пристигна во Приштина. Новата должност тој ја започна со средба со претседателот на косовското Собрание Јакуп Красниќи, а треба да се сретне со претседателот Фатмир Сејдиу, премиерот Хашим ...
Приштина Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК) им порача на српските власти да престанат да се мешаат во регионите на Косово каде живее мнозинско српско население. Претставниците на УНМИК ја повикаа Србија да го почитува нивниот мандат на Косово и да почне да соработува на ...
Белград Обидот за создавање на „држава Косово“ е стратешка грешка и ќе сториме сè тој дух да биде вратен во шишето и Приштина и Белград повторно да седнат на преговарачка маса. Ова, во интервјуто за српските медиуми, го изјави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.
Митровица Канцеларијата на УНМИК во Косовска Митровица денеска беше мета на снајперско оружје, но нема настрадани, јави Б92. Канцеларијата, наменета за млади и бизнис, под покровителство на Обединетите нации се наоѓа на 50-тина метри од источниот мост на Ибар.
Приштина Постои можност на Косово во рок од девет месеци да се одржат нови избори, пишува денеска приштинскиот весник „Коха Диторе“. Ова е предвидено со планот на специјалниот претставник за Косово Марти Ахтисари, кој има наведено дека по прогласувањето на независноста во рок од девет месеци би ...
Приштина Косово во целина е мирно, но можно е избувнување на насилство, предупреди денеска висок претставник на силите на КФОР на Косово, германскиот генерал Герхард Шелц. „Секој ден се соочуваме со провокации, но исто така и со мирни протести, најчесто од страна на студенти од српскиот дел на ...
Приштина Косовската влада е во финални подготовки со нацрт-законот за создавање на министерство за одбрана, соопшти косовскиот вицепремиер Харејдин Кучи. Косовскиот Парламент, според Кучи, се очекува да го одобри нацрт-законот и тој да стапи на сила веднаш по усвојувањето на новиот Устав, што се ...
Министерот за Косово и Метохија во Владата на Србија, Слободан Самарџиќ, вчера оцени дека изјавите и ставовите на специјалниот претставник на ЕУ за Косово Питер Фејт немаат никаква "обврзувачка сила" за власта во Србија, ниту за Србите кои живеат во покраината.