TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лидерите на македонските Албанци на средби во Приштина

Макфакс - 09.03.2008

Скопје Лидерите на партиите на македонските Албанци ДУИ, ДПА, ПДП и на ДУА се повикани на средба со челниците на косовските институции, во четврток во Приштина. Средбата, како што дознава телевизијата Алсат-М, е на иницијатива на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу.

Канада го призна Косово

Макфакс - 09.03.2008

Отава Канада ја призна независноста на Косово, изјави канадскиот министер за надворешни работи Максим Берниер. „Го признавме Косово како независна држава”, рече Берниер синоќа и додаде дека станува збор за „единствен случај” што не може да се користи како преседан „Тоа не може да се спореди со ...

Соседите на Србија го признаваат Косово

Макфакс - 09.03.2008

Брисел Бугарија, Унгарија и Хрватска денеска ќе бидат првите соседи на Белград што ќе го признаат Косово, јави Ројтерс. Во изјава што ќе биде објавена подоцна денеска, трите земји наведуваат дека одлуката се заснова на „темелни проценки“ и ја истакнуваат важноста од заштита на српското малцинство ...

Близу половината во Македонија против признавање на Косово

Макфакс - 09.03.2008

Скопје Против признавање на независноста на Косово се 45 отсто од граѓаните на Македонија, а спротивно мислење имаат 35 отсто. Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики од Скопје.

Сејдиу го обвини Белград за насилство

Макфакс - 09.03.2008

Приштина Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу синоќа го обвини официјален Белград за насилството што се случи во Косовска Митровица во понеделникот. Сејдиу, по посетата на повредените припадници на УНМИК, изјави дека одговорноста за она што се случи во Митровица во понеделникот, треба да ја сносат ...

УНМИК се врати во Косовска Митровица

Макфакс - 09.03.2008

Приштина Полицијата на ООН на Косово се врати во северниот дел на Митровица, откаде се повеле пред два дена по судирите со Србите. „Се обидуваме да го воспоставиме законот, со враќање на претставниците на УНМИК. Тие ќе продолжат да патролираат заедно со полицијата на Косово“, соопшти командантот ...

Србија реагира на признавањето на Косово од соседите

Макфакс - 09.03.2008

Загреб Бугарија, Унгарија и Хрватска се првите соседи на Белград, кои денеска го признаа Косово, што предизвика експресна реакција на Србија. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ од Атина ги предупреди трите земји дека со признавањето на Косово не може да сметаат на добри односи со ...

Српски избори и на Косово

Макфакс - 09.03.2008

Белград Белград денеска најави дека парламентарните избори во Србија закажани за 11.мај ќе бидат организирани и во Косово. Ваква најава соопшти српскиот министер за Косово Слободан Самарџиќ, додавајќи дека тоа е согласно позицијата на Белград според која Косово е неделив дел од Србија.

Хрватска и Унгарија го признаа Косово

Макфакс - 09.03.2008

Будимпешта/Загреб Хрватска и Унгарија денеска официјално ја признаа независноста на Косово. Унгарската Влада ја усвои одлуката за признавање на независноста и изрази надеж дека тоа нема да ги загрози нејзините односи со Србија.

Билд: Многу држави не се подготвени да го признаат Косово

А1 - 08.03.2008

Министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билд денеска изјави дека многу држави не се подготвени да го признаат Косово како независна држава. Билд допатува во посета на Приштина само неколку дена откако Шведска ја призна независноста на Косово.

Скопје и Приштина да разговараат за границата

Утрински - 08.03.2008

Оклахома Сити - Македонија и Косово преку дијалог треба да го решат проблемот со границата, порачаа од американскиот Стејт департмент. Портпаролот на Стејт департментот, Том Кејси, вчера на новинарско прашање во врска со спорот изрази увереност дека проблемот може да се реши на мирен начин.

Карл Билд: Голем број земји не се подготвени да го признаат Косово

Канал5 - 08.03.2008

Шефот на шведската дипломатија Карл Билд оцени денеска дека голем број земји не се подготвени да го признаат Косово како независна држава. Билд во интервју за Асошиејтид прес, што го пренесува весникот „Интернешнл хералд трибјун“ на својата Интернет страница, оцени дека Обединетите нации ќе мора да ...

Русија свика седница на Советот за безбедност за Косово во вторник

Утрински - 08.03.2008

Москва/ЊуJорк - Русија, по барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на Косово, следниот вторник, изјави портпаролот на руската исија при ОН, Марија Захарова. „ Седницата ќе биде одржана во вторник, на 11 март попладне“, изјави ...

УНМИК на северот на Косово и по транзициониот период

Канал5 - 08.03.2008

Претставниците на генералниот секретар на Обединетите нации пренеле оваа недела во Брисел порака во која меѓу останатото нагласиле дека ОН верува оти УНМИК мора да остане на северот на Косово и по распоредувањето на мисијата на ЕУ во останатиот дел од Косово, пишува денеска белградскиот весник ...

Советникот на Тачи на чело на комисијата за демаркација

Макфакс - 08.03.2008

Приштина Косовската комисија за демаркација на границата со Македонија ќе ја предводи Беким Кулаку, виш советник на премиерот Хашим Тачи. Во Комисијата се и Џафер Тахири, од кабинетот на претседателот на Косово, Бехар Селими од Косовската полициска служба и двајца професори, експерти во таа област, ...

Хрватска, Бугарија и Унгарија ќе го признаат Косово

Макфакс - 08.03.2008

Загреб Хрватска, Унгарија и Бугарија најверојатно утре ќе ја признаат независноста на Косово, јавуваат денеска хрватските медиуми. Хрватската влада би можела утре да ја признае независноста на Косово, иако тоа би можело да предизвика криза во владината коалиција, со оглед на фактот што српскиот ...

ОН ги осуди нападите врз УНМИК - Србија бара истрага

Макфакс - 08.03.2008

Њујорк Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги осуди нападите врз УНМИК и КФОР во северна Митровица, а Белград бара истрага за прекумерна употреба на сила врз локалните Срби. „Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ги повика сите заедници да се воздржат од насилство и повтори дека е ...

ЕУЛЕКС има потреба од поддршка на НАТО

Макфакс - 08.03.2008

Приштина Полициско – правната мисија на Европската Унија (ЕУ) на Косово (ЕУЛЕКС) ќе има потреба од заштита од НАТО со цел да воспостави контрола на Косово. Ова го изјави специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Питер Фејт. Тој посочи дека 16 илјади припадници на силите на КФОР треба да овозможат ...

Ахтисари:Независноста на Косово е неотповиклива

Макфакс - 08.03.2008

Хелсинки Независноста на Косово е неотповиклива и Србија им нанесува штета на сопствените интереси што тоа не го признава, изјави бившиот специјален пратеник на Обединетите нации(ОН) Марти Ахтисари. „Нема враќање во минатото.

УНМИК против мешање на српските власти на Косово

Макфакс - 08.03.2008

Приштина УНМИК не го прифати српскиот предлог Владата на Србија, заедно со меѓународните претставници, да ја преземе контролата врз српските енклави на Косово. Ова, како што пишува приштинскиот весник „Зери“, било побарано од УНМИК со цел да се обезбеди спроведување на Резолуцијата 1244 на Советот ...

Билт: Многу држави нема да го признаат Косово

Макфакс - 08.03.2008

Приштина Голем број на држави не се подготвени да го признаат Косово како независна држава. Ова денеска во Приштина го изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт. Според него, цивилната мисија на Обединетите нации (ООН) мора да остане на Косово и да делува како мост меѓу државите чии влади ја ...

Украински полицаец почина од раните здобиени во немирите во Митровица

Макфакс - 08.03.2008

Косовска Митровица Украински полицаец од мисијата на Обединетите нации(ОН) починал ноќеска од раните здобиени во вчерашните судири меѓу Србите и претставниците на ОН и НАТО во Косовска Митровица. Ова го јави Ројтерс, повикувајќи се на извори од меѓународните сили за безбедност.

Јапонија го призна Косово

Макфакс - 08.03.2008

Токио Јапонија денеска ја призна независноста на Косово, соопшти јапонското министерство за надворешни работи. „Јапонија се надева дека независноста на Косово ќе придонесе за долгорочна стабилност на регионот“, се вели во соопштението, во кое се потенцира дека Јапонија сака да продолжи да одржува ...

Јужна Кореја го призна Косово

Макфакс - 08.03.2008

Приштина Република Кореја ја призна денеска независноста на Косово, јави приштинската агенција Косовапрес. Јужнокорејската влада се надева дека независноста на Косово ќе придонесе за мирот и стабилноста, демократскиот развој и економското оживување на регионот, пренесе истиот извор.

САД очекуваат Македонија да го признае Косово

Вечер Прес - 08.03.2008

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу завчеравечер отфрли било каква можност за влошување на односите меѓу Приштина и Скопје, поради фактот што Македонија го условува признавањето на независноста на земјата со демаркацијата на границата Македонија и Косово на "пријателски и мирен начин" да го решат ...

Вашингтон: Пријателски договор за границата

А1 - 07.03.2008

Демаркацијата на границата кон Косово стигна и во американскиот Стејт Департмент. Вашингтон побара од Скопје и Приштина ова прашање да го решат на пријателски и мирен начин „Во врска со кој било спор меѓу Косово и Македонија или која било друга држава, ги охрабруваме луѓето да ги решат тие прашања ...

Финска и Исланд го признаа Косово

А1 - 07.03.2008

Претседателот на Финска Тарја Халонен ја призна независноста на Косово во согласност со предлозите на финската Влада и утврди воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и Финска. Финските медиуми пренесоа дека одлуката била донесена без особени дискусии, а распоредот на нејзино извршување било ...

Кипар никогаш нема да го признае Косово

Утрински - 07.03.2008

Атина - Новоизбраниот кипарски претседател Димитрис Христофијас изјави дека неговата земја никогаш нема да го признае Косово како независна држава. Христофијас во Атина посочи дека Никозија никогаш нема да го признае Косово поради тоа што ја почитува територијалната целост и суверенитет на Србија.

Хашим Тачи: Македонија многу брзо ќе го признае Косово

Канал5 - 07.03.2008

Косовскиот премер Хашим Тачи по средбата со претставникот на словенечката канцеларија во Приштина, Војко Волк, изјавил дека е многу значајно започнувањето со признавање на независноста на Косово од страна на земјите од поранешна Југославија.

Русија свика седница на Советот за безбедност на ОН за Косово во вторник

Канал5 - 07.03.2008

Русија, на барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на Косово, следниот вторник, изјави портпаролот на руската мисија при ОН Марија Захарова. Москва/Њујорк, 7 март (МИА) - Русија, на барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на ...

И Словенија го призна Косово

Утрински - 07.03.2008

ЉУБЉАНА - Словенија ја призна независноста на Косово и е прва поранешна југословенска република која го стори тоа. Предлогот да се признае Косово - кое Белград го смета за дел од Србија - беше донесен со 57 гласа „за“ наспроти четири „против“ во словенечкиот парламент.

Србија го повлече на консултации амбасадорот од Љубљана

Дневник - 07.03.2008

Србија го повлече својот амбасадор во Љубљана и упати протестна нота до Словенија, која завчера ја призна еднострано прогласената независност на Косово. Министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ наложи амбасадорот Предраг Филипов да ја напушти Словенија во рок од 48 часа од предавањето на ...

Косово е зависно од сите, најмногу од Европа

Утрински - 07.03.2008

Мислења Грем Боули Наместо да им се дозволи на мини-државите што се распаѓаат да пропаднат, тие можеби имаат шанса да преживеат како штитеници на цела Европа На Балканот многу работи не се сменија откако Косово прогласи независност од Србија на 17 февруари.

Јеремиќ: Србија не е за поделба на Косово

Макфакс - 07.03.2008

Белград Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ ги демантира тврдењата дека српскиот предлог за соработка претставен пред мисијата на ООН во Косово, претставува иницијатива за поделба „Исклучително важно е да се изјаснам за тоа. Србија не е за поделба на Косово“, рече Јеремиќ.

Финска го призна Косово

Макфакс - 07.03.2008

Хелсинки Финска денеска официјално го призна Косово, јавуваат медиумите. Финската претседателка Тарја Халонен денеска ја потпиша одлуката што вчера ја донесе финската Влада. Косово до сега го признаа повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија.

Србите ги нападнаа силите на ОН и НАТО на Косово

Макфакс - 07.03.2008

Косовска Митровица Тројца полицајци на мисијата на Обединетите нации(ОН) на Косово и двајца војници на НАТО се ранети утринава при експлозија во северниот дел на Косовска Митровица. „Претпоставуваме дека причината за инцидентот е рачна граната која била фрлена во дворот на судот“, изјави денеска ...

Мнозинството Хрвати за признавање на Косово

Макфакс - 07.03.2008

Загреб Мнозинството хрватски граѓани го поддржуваат признавањето на Косово и не се плашат од понатамошна дестабилизација во регионот, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата Пулс. Признавањето на Косово го поддржуваат четири петини од испитаниците, мнозинството од 51 отсто смета дека ...

Пријателски договор за границата

Макфакс - 07.03.2008

Вашингтон Официјален Вашингтон ги повика Македонија и Косово на „пријателски и мирен начин“ да го решат прашањето за демаркација на границата, пренесува Макфакс. „Што се однесува до постоечкиот спор меѓу Косово и Македонија, ние ги охрабруваме да го разрешат на мирен начин и преку разговори.

Протести во Белград за Косово

Макфакс - 07.03.2008

Белград Неколку стотина лица попладнево почнаа протест пред српското Собрание во Белград поради ситуацијата на Косово, што денеска ескалираше со насилни протести во Митровица. Учесниците на протестот, што го организираат повеќе националистички организации, поставија пред парламентот транспаренти на ...

УНМИК ја зазеде судската зграда во Митровица

Макфакс - 07.03.2008

Косовска Митровица Припадниците на специјалната полиција на УНМИК ја зазедоа судската зграда во северниот дел на Косовска Митровица, во ненадејна акција што започна изутрината во 5.30 часот. Притоа полицајците ги отстраниле двете српски знамиња кои беа истакнати на зградата и уапсиле неколку ...

Министрите на ЕУ в понеделник за Косово

Макфакс - 07.03.2008

Брисел Шефовите на дипломатии на Европската унија (ЕУ) в понеделник во Брисел ќе ја разгледуваат ситуацијата на Косово по прогласувањето независност во Приштина. Според најавите, тема на средбата ќе биде настојувањето на Унијата целосно да ја распореди правосудно-полициската мисија чии претставници ...

Хрватска го призна Косово поради меѓународниот притисок

Макфакс - 07.03.2008

Загреб Хрватскиот амбасадор во Белград Тони Станичиќ денеска призна дека имало меѓународен притисок врз Загреб за да ја признае независноста на Косово. „Имаше меѓународен притисок тоа да биде направено, но ние брзавме токму поради почитта кон Србија и нашите партнерски односи“, изјави Станичиќ, ...

Десетина ранети и повредени во немирите во Митровица

Макфакс - 07.03.2008

Косовска Митровица Најмалку 30 припадници на меѓународни безбедносни сили, како и тројца Срби се ранети и повредени во судирите што денеска почнаа во северниот дел на Косовска Митровица. Пет странски војници се тешко ранети и се во животна опасност, јави Б92, повикувајќи се на извори во полицијата ...

Мирно во Митровица

Макфакс - 07.03.2008

Косовска Митровица КФОР ја презеде контролата на целата територија на северниот дел на Косовска Митровица, каде ситуацијата по денешните немири е мирна. Нема спонтани собирања, а локалите кои утрината беа затворени, повторно се отворени, јавија локалните медиуми.

Преговори за состојбата во Митровица

Макфакс - 07.03.2008

Москва/Косовска Митровица Мисијата на ОН на Косово преговора со властите во Белград и српските раководители во Митровица со цел да се смири состојбата во градот, откако во денешните немири беа ранети над 100 лица. Ова за руската агенција РИА Новости го изјави портпаролот на Мисијата на УНМИК на ...

Хашим Тачи очекува Македонија наскоро да го признае Косово

Макфакс - 07.03.2008

Приштина „Имаме потврда дека Македонија ќе ја признае независноста на Косово. Потврден ни е и временскиот период и деновите кога ќе се донесе таа одлука“. Ова вчера за скопската телевизија „Алсат М“ го изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, додавајќи дека постои добра воља од страна на Македонија да ...

Нова седница на СБ за Косово

Макфакс - 07.03.2008

Њујорк Русија, на барање на Србија, ќе свика во вторник седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, соопшти руската мисија во светската организација. Ова е договорено на средбата меѓу рускиот амбасадор во Обединетите нации (ОН) Виталиј Чуркин и шефот на српската дипломатија Вук ...

Вооружени судири во Митровица, УМНИК се повлекува

Макфакс - 07.03.2008

Косовска Митровица Силите на НАТО во северниот дел на Косово се под постојан оган од огнено оружје од локалните Срби, а полицијата на УНМИК почна да се повлекува. Според очевидци вооружени судири има меѓу силите на НАТО и ОН и Србите во Косовска Митровица.

Прекинаа немирите во Митровица

Макфакс - 07.03.2008

Белград/Косовска Митровица Насилните протести во Косовска Митровица во кои се ранети неколку десетици лица, прекинаа околу пладне, јавија српските медиуми. Немирите прекинаа откако припадниците на КФОР и на УНМИК се повлекоа од пред судот во Митровица каде изутрината започнаа судирите.

Србија бара времена управа над Србите во Косово

Макфакс - 07.03.2008

Белград Србија бара да управува со етнички српски области на Косово преку времена спогодба со мисијата на Обединетите нации во покраината. Ова денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, според кого времената спогодба е неопходна за косовските Срби, со цел да се избегне ...

САД задоволни што многу држави го признаа Косово

А1 - 06.03.2008

САД изразија задоволство поради тоа што голем број држави досега ја признаа независноста на Косово, меѓу кои и повеќе земји од ЕУ. „Во наредниот период очекуваме нови признавања од земјите од ЕУ, но од други држави“, изјави портпаролот на Стејт департментот Том Кејси.

УНМИК повторно презеде контрола врз железницата

Дневник - 06.03.2008

УНМИК повторно ја презеде контролата врз железничката мрежа во северно Косово, на која од 3 март контролата ја имаа српските железници. Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, како провокација ја оцени одлуката на српските железници да испратат два воза јужно до станицата Лешак.

Русија предупредува на можност од поделба на Косово

Утрински - 06.03.2008

САД побараа Русија „отворено и недвосмислено“ да ги повика Србите „да се смират“: Виталиј Чуркин Москва - Едностраното прогласување на независноста на Косово може да доведе до фактичка поделба, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, и нагласи дека сите ...

Како да се спаси Србија?

Утрински - 06.03.2008

Мислења Ермира Мехмети Како што се зголемуваат апетитите на Србија за поделба на Косово, така расте и општата тензија во регионот Одбивањето на Србија да ја прифати независноста на Косово претставува закана за стабилноста и трајниот мир на целиот регион.

Тачи: Русија мора да разговара со нас за испраќањето помош до Србите

Макфакс - 06.03.2008

Приштина Русија мора да разговара со Приштина за испраќање помош на косовските Срби, доколку сака помошта да стигне до оние за кои е наменета. Ова денеска го изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, кој се противи на тоа помошта за српскиот народ од Русија, да стигне на Косово преку српските ...

УНМИК и КФОР тврдат дека во судот во Митровица имало српски полицајци

Макфакс - 06.03.2008

Приштина УНМИК и КФОР имаат цврсти докази дека во зградата на судот во Косовска Митровица на 17 март биле припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што пренесуваат косовските медиуми, ова го потврдил портпаролот на УНМИК Александар Иванко, според кого во текот на акцијата за ...

УНМИК открил 10 канцеларии на српското МВР во Косово

Макфакс - 06.03.2008

Приштина Разузнавачките служби на УНМИК откриле дека во Косово има 10 канцеларии на српското Министерство за внатрешни работи. Ова денеска го пишува весникот „Коха диторе“, кој повикувајќи се на анонимни извори од УНМИК посочува дека 8-10 канцеларии се во Северно Косово, а три од нив во северниот ...

Граница

Капитал - 06.03.2008

Граница За што зборуваме ние, за признавње на границата со Косово или за нејзина демаркација. Ова се два потполно различни термини. Границите на Македонија се меѓународно признати и тука нема дилема. Косово како новоформирана држава и според првичните изјави на неговото раководство и според планот ...

Шпанија нема да го признае Косово

Вечер Прес - 06.03.2008

Без оглед кој ќе биде победник на парламентарните избори во Шпанија, што ќе се одржат в недела, ниту социјалистите, ниту десницата немаат намера да го признаат Косово,пишува вчера парискиот "Либерасион". Дописникот на овој весник од Мадрид ја пренесува изјавата на министерот за надворешни работи ...

Лош почеток за Приштина

Вечер Прес - 06.03.2008

Условувањата од Косово, Македонија прво да ја признае независноста, а потоа да се пристапи кон демаркација на границата, за претседателот Бранко Црвенковски е лош почеток на градење на односите од страна на Приштина. Тој додаде дека декларацијата со која Косово прогласи независност се темели на ...

Битка за пругата во северно Косово

Дневник - 05.03.2008

Србија планира да воспостави сообраќај со товарни и со брзи возови од Митровица до Белград „заради подобра комуникација“ Српски железници завчера ја презеде надлежноста над дел од 60 километри од пругите во северниот дел на Косово, без консултации со властите во Приштина и со УНМИК.

ДУИ притиска Македонија да го признае Косово

Дневник - 05.03.2008

Македонија прво да ја признае независноста на Косово, а потоа да се обележи границата. Ова се очекуваше да биде еден од заклучоците на Централното претседателство на ДУИ, кое вчеравечер требаше да расправа за актуелните политички настани.

УНМИК и КФОР: На Косово нема да делуваат паралелни структури

Канал5 - 05.03.2008

На Косово и Метохија нема да може да делуваат паралелни структури на српската власт, нагласија највисоките претставници на меѓународните институции во покраината, пренесува Танјуг. Приштина, 5 март (МИА)- На Косово и Метохија нема да може да делуваат паралелни структури на српската власт, нагласија ...

На возовите на српската железница им е забрането да влегуваат во Косово

Канал5 - 05.03.2008

Цивилната администрација на ОН во Косово соопшти дека повторно ја презела контролата врз железничката мрежа во северно Косово, на која од 3 март контролата ја имаа српските железници, пренесоа српските медиуми. Белград, 5 март (МИА) - Цивилната администрација на ОН во Косово соопшти дека повторно ...

Отфрлен српскиот предлог за поделба на Косово

Макфакс - 05.03.2008

Приштина Косовските власти категорично го отфрлаат како крајно неприфатлив најновиот предлог на Белград за поделба на Косово по етнички линии. Ова денеска го изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, коментирајќи го предлогот што го упати министерот во српската Влада за Косово Слободан Самарџиќ, ...

Комисијата за македонско-косовската граница почнува со работа

Макфакс - 05.03.2008

Скопје Мешовитата македонско-косовска комисија за одбележување на границата треба да започне со работа денеска во Скопје. Ова го најави портпаролот на македонската влада, Ивица Боцевски, кој додаде „очекуваме дека во најскоро можен рок Комисијата ќе почне со практичната работа“.

Србија да ги прекине дипломатските односи со Албанија

Макфакс - 05.03.2008

Косовска Митровица Официјален Белград да ги прекине дипломатски односи со Албанија и да објави бојкот на хрватски и словенечки производи, поради признавањето на независноста на Косово. Ова, како што пренесува Макфакс, го побараа денеска косовските Срби од големиот митинг што го одржаа во северниот ...

Одложен состанокот за демаркација на границата

Макфакс - 05.03.2008

Скопје Одложена е средбата на мешовитата македонско-косовска комисија за демаркација на границата, што беше предвидена за денеска во Скопје, потврдија владини извори за Макфакс. „Средба денеска нема да има. Термините за тоа се усогласуваат“, изјави попладнево портпаролот на македонската влада Ивица ...

Словенија го призна Косово

Макфакс - 05.03.2008

Љубљана Парламентот на Словенија денеска донесе одлука да ја признае независноста и суверенитетот на Косово. Одлуката уследи по четиричасовна расправа во словенечкиот парламент, во која дел од пратениците искажаа загриженост за судбината на економските односи на Словенија со Србија, за ...

Тачи – Косово ќе ги исполни обврските за демаркација

Макфакс - 05.03.2008

Приштина Косово верува дека наскоро ќе биде признато од Македонија и се обврзува да ги заврши задачите за демаркација на границата, согласно планот на Марти Ахтисари. Ова, како што јавува Макфакс, го посочија денеска претседателот и премиерот на Косово, Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи, на прес ...

Корејска формула за признавање на Косово

Макфакс - 05.03.2008

Брисел ЕУ и САД разгледуваат можност за признавање на независноста на Косово долгорочно да се посегне по формулата на двете корејски држави за членство во Обединетите нации од 1991 година. Русија, тогаш стави до знаење дека нема да дозволи повторување на истиот случај.

Перформанс: доживотен затвор за Рикер!

Вечер Прес - 05.03.2008

Вработените од српска националност во правосудните органи протестираа вчераутро пред зградата во која е сместен Општинскиот и Окружниот суд во северниот дел на Косовска Митровица, барајќи да се вратат на своите работни места.

Шведска ја призна независноста на Косово

А1 - 04.03.2008

Шведска реши да го признае Косово како независна држава, изјави портпаролот на шведското министерство за надворешни работи Сара Малмгрен. Косово еднострано ја објави независноста на 17 февруари. Уште следниот ден Стокхолм соопшти дека има намера да ја признае независноста на новата држава.

СПЦ и железничарите го бојкотираат Косово

Вест - 04.03.2008

ПРИШТИНА, 4 март (Ројтерс) - Влијателната Православна црква и железничките работници вчера се приклучија кон масовниот бојкот на Србите на Косово по прогласувањето независност од Србија минатиот месец. Црквата им порача на сите свештеници на косовска територија да ги прекинат сите контакти со ...

Независноста на Косово

Утрински - 04.03.2008

Мислења Џилијан Миловановиќ Нашата задача сега е да им помогнеме на лидерите и на луѓето на Косово да ја развијат оваа држава во една мултиетничка земја што ќе биде самоодржлива Соединетите Држави го поздравуваат големиот чекор што го направи Европа неодамна во насока на остварувањето на целта - ...

Шведска ја призна независноста на Косово

Канал5 - 04.03.2008

Шведска денеска ја призна независноста на Косово од Србија, соопшти шведското Министерството за надворешни работи, пренесува АФП. -Шведска одлучи да го стори тоа денеска. Официјалното признавање ќе се случи на владината седница што следи, изјави владиниот портпарол Сара Малмагрен, пренесува АФП.

„Зери“: Македонија брза со барањето за демаркација на границата

Канал5 - 04.03.2008

Приштинскиот весник „Зери“ денеска оценува дека македонските власти „брзаaт со барањето за одбележување на границата на Македонија кон Косово, пред да донесат став за Косово по прогласувањето независност“. Приштина, 4 март (МИА) - Приштинскиот весник Зери денеска оценува дека македонските власти ...

Србите го презедоа судот во Митровица

Макфакс - 04.03.2008

Косовска Митровица Околу стотина локални Срби го запоседнаа денеска судот на Обединетите нации во Косовска Митровица, во северниот дел на Косово. Претходно, Србите со недели протестираа пред судската зграда и ги попречуваа вработените косовски Албанци.

Сејдиу: Србија поттикнува тензии

Макфакс - 04.03.2008

Приштина Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ги повика косовските Срби да се вратат во нормалниот живот, а официјален Белград го обвини дека ги поттикнува на тензии и бојкот на новата држава. Сејдиу оцени дека Србија на тој начин сепак нема да успее да го оневозможи меѓународното признавање на ...

Фејт –Мисијата на Косово не е нелегална

Макфакс - 04.03.2008

Приштина Мисијата на ЕУ на Косово не е нелегална, иако нема одобрување од ОН да ги преземе овластувањата на УНМИК, изјави нејзиниот раководител, холандскиот дипломат Питер Фејт. „Моето присуство на Косово не е незаконско. Тоа што засега нема консензус, ниту пак поддршка од српската Влада за нашата ...

Македонија била во пакет со Унгарија, Хрватска и Бугарија

Макфакс - 04.03.2008

Приштина Македонија требало во пакет со Унгарија, Бугарија и Хрватска да ја признае независноста на Косово, но отстапила поради прашањето за демаркација на границата. Ова денеска го објави приштинскиот весник „Зери“, повикувајќи се на западни дипломатски извори Весникот наведува дека, поради ...

Косовската Влада подготвена за Министерство за одбрана

Макфакс - 04.03.2008

Приштина Косовската Влада потврди дека се е подготвено за основање на Министерство за одбрана и Сили за безбедност, како што се предвидува во документот на Марти Ахтисари. „Нашата земја е во процес на подготовка за создавање Сили за безбедност, а воената помош ветена од американскиот претседател ...

Кипар нема да го признае Косово

Макфакс - 04.03.2008

Никозија Новата кипарска Влада нема да ја признае едностраната сецесија на Косово, изјави денеска во Брисел кипарскиот претседател Димитрис Христофијас. Ова е првпат новиот кипарски претседател, кој е избран кон средината на февруари, го изразува својот став за статусот на Косово.

Рикер – Премината црвената линија

Макфакс - 04.03.2008

Приштина Шефот на УНМИК Јоаким Рикер преку соопштение за медиуми остро го осуди денешниот напад врз Окружниот суд на УНМИК во Косовска Митровица. „Една голема банда употребила сила врз полицијата на УНМИК за да влезе во зградата.

Холандија ја призна независноста на Косово

Макфакс - 04.03.2008

Амстердам Холандија денеска ја призна независноста на Косово, соопшти холандското Министерство за надворешни работи. „Од името на Кралството Холандија, министерот за надворешни работи Максим Верхаген му соопшти на Косово дека го признава како независна држава“, соопштија од Министерството.

Продолжи протестот на судските работници во Митровица

Макфакс - 04.03.2008

Митровица Судските работници од српска националност денеска пред зградата на судот во Косовска Митровица го продолжија протестот започнат на 21. февруари. Тие протестираат поради не можноста да работат во судот од кој што беа истерани во август 1999 година.

Демаркацијата со Косово ќе почне наскоро

Утрински - 03.03.2008

ОХРИД - Демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово е во интерес на двете страни и нема потреба од меѓусебни условувања. Ова е пораката на министерот за локална самоуправа на Косово, Сади Ферати, што завчера ја упати од Охрид.

Признавањето не е услов за демаркација

Време - 03.03.2008

КОСОВО ГО УБЛАЖИ СТАВОТ Признавањето не е услов за демаркација на границата. Косово го ублажува ставот откако вицепремиерот на Владата во Приштина, Хајдерин Кучи, изјави дека Македонија ќе мора прво да ја признае независноста, па потоа да бара обележување на северната граница.

Нема автономија за северно Косово

Време - 03.03.2008

СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК ПИТЕР ФЕЈТ Специјалниот претставник на Европската унија за Косово, Питер Фејт, изјави дека Србите од северот на Косово нема да добијат автономија, пренесува српскиот портал „Мондо“- Тоа не е предвидено и никогаш за тоа не сум разговарал со косовската влада.

Тачи се скара со Тачи

Време - 03.03.2008

ДПА НАВРЕДЕНА ОД КОСОВО Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и косовскиот премиер Хашим Тачи се скараа за прашањето кој во Македонија ќе биде најзаслужен за признавањето на Косово. Мендух Тачи се почувствувал повреден откако косовскиот премиер, говорејќи за Македонија, не го спомнал него или неговата ...

Фејт_ Северно Косово нема да биде автономно

Утрински - 03.03.2008

Белград/ Приштина - Специјалниот претставник на Европската унија за Косово, Питер Фејт, изјави дека српската заедница на северот на Косово нема да има никаков специјален статус во однос на поголемиот дел од покраината,, исклучувајќи каков било облик на кантон или автономија.

Шефот на Еулекс пристигна на Косово

Макфакс - 03.03.2008

Приштина ) Поранешен командант на КФОР во Косово и актуелен шеф на Мисијата Еулекс Ив де Кермабо, денеска пристигна во Приштина. Новата должност тој ја започна со средба со претседателот на косовското Собрание Јакуп Красниќи, а треба да се сретне со претседателот Фатмир Сејдиу, премиерот Хашим ...

УНМИК го предупреди Белград да не се меша на Косово

Макфакс - 03.03.2008

Приштина Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК) им порача на српските власти да престанат да се мешаат во регионите на Косово каде живее мнозинско српско население. Претставниците на УНМИК ја повикаа Србија да го почитува нивниот мандат на Косово и да почне да соработува на ...

Јеремиќ:Обидот за создавање „држава Косово“ - грешка

Макфакс - 03.03.2008

Белград Обидот за создавање на „држава Косово“ е стратешка грешка и ќе сториме сè тој дух да биде вратен во шишето и Приштина и Белград повторно да седнат на преговарачка маса. Ова, во интервјуто за српските медиуми, го изјави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.

Стрелано кон канцеларија на УНМИК во Митровица

Макфакс - 03.03.2008

Митровица Канцеларијата на УНМИК во Косовска Митровица денеска беше мета на снајперско оружје, но нема настрадани, јави Б92. Канцеларијата, наменета за млади и бизнис, под покровителство на Обединетите нации се наоѓа на 50-тина метри од источниот мост на Ибар.

Можни нови избори на Косово за девет месеци

Макфакс - 03.03.2008

Приштина Постои можност на Косово во рок од девет месеци да се одржат нови избори, пишува денеска приштинскиот весник „Коха Диторе“. Ова е предвидено со планот на специјалниот претставник за Косово Марти Ахтисари, кој има наведено дека по прогласувањето на независноста во рок од девет месеци би ...

Косово мирно и покрај извесни провокации

Макфакс - 03.03.2008

Приштина Косово во целина е мирно, но можно е избувнување на насилство, предупреди денеска висок претставник на силите на КФОР на Косово, германскиот генерал Герхард Шелц. „Секој ден се соочуваме со провокации, но исто така и со мирни протести, најчесто од страна на студенти од српскиот дел на ...

Косово подготвува министерство за одбрана

Макфакс - 03.03.2008

Приштина Косовската влада е во финални подготовки со нацрт-законот за создавање на министерство за одбрана, соопшти косовскиот вицепремиер Харејдин Кучи. Косовскиот Парламент, според Кучи, се очекува да го одобри нацрт-законот и тој да стапи на сила веднаш по усвојувањето на новиот Устав, што се ...

Изјавите на Фејт не е обврзувачка

Вечер Прес - 03.03.2008

Министерот за Косово и Метохија во Владата на Србија, Слободан Самарџиќ, вчера оцени дека изјавите и ставовите на специјалниот претставник на ЕУ за Косово Питер Фејт немаат никаква "обврзувачка сила" за власта во Србија, ниту за Србите кои живеат во покраината.