Привршува светскиот шампионат во спортови во вода, во олимписката Барселона. Претпоследниот ден во базенот "Палау Сан Жорди" досега без светски рекорд во пливање. Медали се делат денеска во шест дисциплини. Руската пливачка легенда Александар Попов стави шампионски печат на враќањето на големите ...
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ВОДНИ СПОРТОВИ, БАРСЕЛОНА 2003 БАРСЕЛОНА. - Русинот Александер Попов, со победата на 100 метри слободно, оставајќи ги зад себе далеку фаворитите Хогенбанд и Торп на СП во Барселона. Ветеранот Попов во возбудлива трка беше побрз од.... БАРСЕЛОНА.
ПЛИВАЊЕ - НА СП ВО БАРСЕЛОНА На петтиот ден беа постигнати уште два нови светски рекорда, а Попов докажа дека е непобедлив на 100 метри слободно, стигнувајќи до златото, пред младите Ван ден Хохебанд и Торп Александар Миладиновски и Зоран Лазаровски, македонските пливачки репрезентативци го освоија ...
За македонските пливачи, Светското првенство во Барселона заврши со денешните настапи на Александар Миладиновски и Зоран Лазаровски во квалификациите на 100 пеперутка. Двајцата постигнаа резултати послаби од нивните најдобри лични времиња.
Американскиот пливач „чудо“ Мајкл Фелпс се промовираше во сериозен кандидат да го сруши досега неприкосновениот светски број еден Јан Торп. Фелпс направи историски подвиг попладнево поставувајки два светски рекорда за само половина час.
Без светски рекорд во четвртиот ден од пливачкиот дел во базен на 10. СП во Барселона Јан Торп го освои својот трет златен медал во четири дена за да го прошири списокот на најсјајни мундијалски одличја на рекордни 11, откако ја предводеше штафетата на Австралија до победата во финалето на 4х200 м ...
Шпанија овие денови е собиралиште на македонските спортисти. Во олимписката Барселона се и нашите најдобри пливачи, како дел од учесниците на десеттиот светски шампионат. Од нив, денеска настапи само Александар Миладиновски. Го освои 40 место во конкуренција на 78 учесници во квалификациите на 200 ...
ПЛИВАЊЕ - СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ВОДНИ СПОРТОВИ, БАРСЕЛОНА 2003 Ја загрозува славата на Торп.- Мајкл Фелпс Американецот Мајкл Фелпс, младата пливачка sвезда која полека му ја одзема славата на Јан Торп, е нов светски рекордер во дисциплината 200 метри пеперутка, постигнувајќи време од 1:53.93 минути.
Македонската репрезентативка Весна Стојановска го освои 24 место во конкуренција на 39 пливачки што забележаа пласман во дисциплината 200 м пеперутка на 10. Светско првенство во Барселона. Стојановска беше најдобра во втората квалификациска група со време од 2:16,54 мин., но тоа е за речиси 4 сек.
Трет натпреварувачки ден во базен на пливачкиот дел од 10. СП во Барселона Светскиот рекорд на Американецот Мајкл Фелпс и десеттото мундијалско злато за Австралиецот Јан Торп се двата најзначајни момента од третиот натпреварувачки ден во базен во рамките на пливачкиот дел од 10.
ПЛИВАЊЕ - СП ВО БАРСЕЛОНА Американскиот пливач со светски рекорд на 200 м делфин си го честиташе 19-тиот роденден, а Торп го победи Хохенбанд на 200 метри слободно Американскиот пливач Мајкл Фелпс на најдобар можен начин си го честиташе 19-тиот роденден, испливувајќи нов светски рекорд на 200 метри ...
Весна Стојановска (18) го освои 24. место меѓу 39 пливачки во трката на 200 метри делфин на 10. Светско првенство во Барселона (Шпанија), во долги базени. Таа постигна време од 2 минути, 16 секунди и 54 стотинки, што е за 46 стотинки послабо од нејзиниот личен рекорд, поставен во април годинава и ...
Македонската пливачка Весна Стојановска го освои 24 место меѓу 39 учеснички во квалификациите на 200 метри пеперутка, на Светското првенство во олимписката Барселона. Таа не успеа да постави државен рекорд и во третиот мундијалски настап, зашто утрово оствари резултат од 2 минути, 16 секунди и 54 ...
ПЛИВАЊЕ - НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БАРСЕЛОНА Македонската репрезентативка во пливање Весна Стојановска постави нов државен рекорд на 200 метри слободно на Светското првенство во пливање во Барселона. Единствената наша претставничка во Барселона, го подобри стариот рекорд за повеќе од една секунда.
Поставувањето државни рекорди е најголемиот дострел на македонските пливачи на Светското првенство во Барселона. Се поизразен е ваквиот впечаток по третиот натпреварувачки ден. Во вториот мундијалски настап, Весна Стојановска постави најдобро време на 200 метри слободно, а Зоран Лазаровски ...
Австралиската супер-sвезда Јан Торп ја продолжи фантастичната серија златни трофеи од големите натпреварувања во неговиот слободен стил. Не постави нов светски рекорд, но доби уште една славна битка со големиот ривал, холанѓанецот Петер Ван Ден Хогенбанд.
Со победата на 400 м слободно на 10. Светско првенство во пливање во Барселона Јан Торп влезе во историјата на мундијалите како прв пливач што стигнал до девет златни медали, откако победи на 400 м слободно на 10. Светско првенство што од 12 до 27 јули се одржува во Барселона.
ПЛИВАЊЕ - ПОЧНАА ПЛИВАЧКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА СП ВО БАРСЕЛОНА Деветтиот златен медал на мундијалите Австралиецот го освои во дисциплината 400 метри слободно Ијан Торп, австралиската пливачка мегаѕвезда, со освојување на првото злато во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство (СП) во ...
Пливачите буквално експлодираа на вториот ден од натпреварите на олимпискиот базен Сент Жорди во Барселона. Три светски рекорди и еден на шампионатот на четирите финални и три полуфинални дисциплини денеска. Во дисциплината 50 метри пеперутка, австралиецот Метју Велш го собори светскиот рекорд на ...
На шпанско тло денеска паузираат македонските пливачи на Мундијалот и кошаркарските надежи на Европското првенство. По воведните трки на Весна Стојановска, Александар Миладиновски и Зоран Лазаровски, утре го очекуваме второто влегување во „Олимпискиот беазен“ во Барселона на Стојановска која ќе се ...
ПЛИВАЊЕ - СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ВОДНИ СПОРТОВИ - БАРСЕЛОНА 2003 Македонскиот репрезентативец во пливање Зоран Лазаревски, со време од 25,26 секунди во дисциплината 50 м. пеперутка на Светското првенство во Барселона, подобрувајќи го за 30 делови од секундата досегашниот државен рекорд (25,56).
Тројца македонски пливачи стартуваа на СП во Барселона Македонската пливачка Весна Стојановска го освои 24 место и го подбри државниот рекорд во дисциплината 400 м слободно на 10. Светско првенство што од 12 до 27 јули се одржува во Барселона, Шпанија.
ПЛИВАЊЕ - СП ВО ДОЛГИ БАЗЕНИ ВО БАРСЕЛОНА Весна Стојановска (18) постави нов македонски рекорд на 400 метри слободно, откако на 10. Светското првенство (СП) во Барселона го собори пет години стариот рекорд на Мирјана Бошевска.