Швајцарецот Рожер Федерер е победник на тенискиот гренд слем турнир во Вимблдон, неофицијалното светско првенство на тревнати терени. Со максималниот триумф од 3:0 во сетови над австралиецот Марк Филипусис, тој го потврди статусот на нова доминантна сила во тенисот во овој момент.
Серена Вилијамс стана петтата тенисерка во светот што ја одбранила титулата на Вимблдон. Во финалната пресметка на неофицијалното Светско тениско првенство Серена со 2:1 ја совлада сестра и Венус. Вилијамс помладата и минатата година триумфираше во сестринското финале.
По Ролан Гарос, во Лондон нема место во финалето за Белгијките По белгиското финале на Ролан Гарос, на Вимблдон повторно на сцена се враќаат сестрите Вилијамс. На чекор до одбраната на титулата Серена стигна доста уведливо против Џастин Хенин-Харден со 6:3 и 6:2, додека на Венус и беа потребни три ...
ТЕНИС - ВИМБЛДОН Сестрите Серена и Винус Вилијамс (САД) ќе играат во репризата од минатогодишното женско финале на тенискиот гренд слем турнир во Вимблдон. Тие беа поуспешни од Белгијките, и тоа Винус од Ким Клајстерс со 4-6, 6-3, 6-1, односно Серина од Жастин Анен-Арден со 6-3, 6-2.
Роџер Федерер и Марк Филипузис е изненадувачката финална двојка на тенискиот гренд слем во Вимблдон. И четвртиот фаворит Федерер и нерангираниот Филипузис ќе ја почувствуваат за првпат возбудата на престижното финале. Помалку неочекувано и двата полуфинални дуела не понудија голема неизвесност.
Семејството Вилијамс уште отсега му се радува на уште еден гренд-слем тениски трофеј. Втора година по ред, а вкупно шести пат на турнирите од престижниот квартет, во финалето в сабота на спротивните страни од мрежата ќе застанат бранителката на титулата Серена и шампионката од 2000 и од 2001 година ...
ТЕНИС - ВИМБЛДОН Вчера требаше да се одиграат полуфиналните средби во женска и четирите четврт-финалиња во машка конкуренција на тенискиот гренд-слем турнир Вимблдон, кои не можеа да се играат ниту завчера поради врнежите од дожд.
Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс е првата финалистка на гренд слем турнирот во Вимблдон и ја очекува својата противничка од вториот полуфинален меч меѓу сестра и Венус и Ким Клистерс. Здодевниот лондонски дожд конечно се смилува, па доцна попладнево овозможи да продолжи ...
По стариот добар обичај, за неколку часа и денеска беше поместена програмата на машкиот турнир, па со 24 часовно задоцнување конечно е познат полуфиналниот формат. Американецот Енди Родик ќе се бори за финалето со Швајцарецот Роџер Федерер, а Французинот Себастијан Гросжан ќе го има за противник ...
На женскиот дел од Отвореното првенство на Англија во Вимблдон Вимблдон само го потврди секојдневието во женскиот тенис што трае веќе две години. Лондонскиот Гренд слем "тежок" 15.54 милиони долари ни подари уште две американско-белгиски полуфинални пресметки во кои актери се неприкосновените ...
ТЕНИС - ВИМБЛДОН Вчерашните машки четврт-финални средби, по обичај доцнеа поради дожд Четирите најдобри тенисерки на светот се пласираа во полуфиналето на гренд-слем турнирот Вимблдон, кој се игра на тревнати терени во Лондон.
По поразот од Филипусис во осминафиналето на Вимблдон, Американецот со порака Австралијанецот Марк Филипусис (26) го елиминира светскиот рекет број еден и втор носител на третиот Гренд слем годинава Вимблдон, Американецот Андре Агаси, откако во маратонски меч кој траеше три часа и 13 минути славеше ...
Венус Вилијамс - Ким Клајстерс и Серена Вилијамс - Жастин Анин се полуфиналните двојки на тенискиот гренд слем во Вимблдон. Денешната комплетно женска програма во Лондон ја наруши заостанатиот меч од вчера во кој Себастијан Гросжан со победата над Хуан Карлос Фереро последен обезбеди место во ...
ТЕНИС - ВИМБЛДОН Четири американски тенисерки ќе играат во четврт-финалето на гренд-слем турнирот Вимблдон, кој се игра на тревнатите терени во Лондон, но само две од нив ќе се најдат во полуфиналето. Сите четири Американки вчера го минаа и осмина-финалето, но ќе се сретнат меѓу себе во следната ...
По денот одмор, најдобрите светски тенисери влегоа во решавачката седмица на турнирот на сите турнири, гренд слемот во Вимблдон. Понеделнички - комплетна осминафинална програма. И покрај тоа што беа дури пет во оваа фаза, руските тенисерки доживеаја вистински дебакл во тројната пресметка со ...