TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Уште еден триумф на Александар Попов на СП во пливање

А1 - 26.07.2003

Привршува светскиот шампионат во спортови во вода, во олимписката Барселона. Претпоследниот ден во базенот "Палау Сан Жорди" досега без светски рекорд во пливање. Медали се делат денеска во шест дисциплини. Руската пливачка легенда Александар Попов стави шампионски печат на враќањето на големите ...

Заврши СП за македонските пливачи

А1 - 25.07.2003

За македонските пливачи, Светското првенство во Барселона заврши со денешните настапи на Александар Миладиновски и Зоран Лазаровски во квалификациите на 100 пеперутка. Двајцата постигнаа резултати послаби од нивните најдобри лични времиња.

Уште два светски рекорда на СП во пливање

А1 - 24.07.2003

Шпанија овие денови е собиралиште на македонските спортисти. Во олимписката Барселона се и нашите најдобри пливачи, како дел од учесниците на десеттиот светски шампионат. Од нив, денеска настапи само Александар Миладиновски. Го освои 40 место во конкуренција на 78 учесници во квалификациите на 200 ...

Стојановска не постигна и трет рекорд, но е 24-та на 200 м делфин

Дневник - 24.07.2003

Весна Стојановска (18) го освои 24. место меѓу 39 пливачки во трката на 200 метри делфин на 10. Светско првенство во Барселона (Шпанија), во долги базени. Таа постигна време од 2 минути, 16 секунди и 54 стотинки, што е за 46 стотинки послабо од нејзиниот личен рекорд, поставен во април годинава и ...

Стојановска 24-та на 200 м пеперутка

Утрински - 24.07.2003

Македонската репрезентативка Весна Стојановска го освои 24 место во конкуренција на 39 пливачки што забележаа пласман во дисциплината 200 м пеперутка на 10. Светско првенство во Барселона. Стојановска беше најдобра во втората квалификациска група со време од 2:16,54 мин., но тоа е за речиси 4 сек.

Весна Стојановска го освои 24 место во квалификациите на СП во пливање

А1 - 23.07.2003

Македонската пливачка Весна Стојановска го освои 24 место меѓу 39 учеснички во квалификациите на 200 метри пеперутка, на Светското првенство во олимписката Барселона. Таа не успеа да постави државен рекорд и во третиот мундијалски настап, зашто утрово оствари резултат од 2 минути, 16 секунди и 54 ...

Стојановска со нов државен рекорд

Вест - 23.07.2003

ПЛИВАЊЕ - НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БАРСЕЛОНА Македонската репрезентативка во пливање Весна Стојановска постави нов државен рекорд на 200 метри слободно на Светското првенство во пливање во Барселона. Единствената наша претставничка во Барселона, го подобри стариот рекорд за повеќе од една секунда.

Државен рекорд на Весна Стојановска на СП во пливање

А1 - 22.07.2003

Поставувањето државни рекорди е најголемиот дострел на македонските пливачи на Светското првенство во Барселона. Се поизразен е ваквиот впечаток по третиот натпреварувачки ден. Во вториот мундијалски настап, Весна Стојановска постави најдобро време на 200 метри слободно, а Зоран Лазаровски ...

Слободен ден за македонските претставници на СП во пливање и ЕП во кошарка

А1 - 21.07.2003

На шпанско тло денеска паузираат македонските пливачи на Мундијалот и кошаркарските надежи на Европското првенство. По воведните трки на Весна Стојановска, Александар Миладиновски и Зоран Лазаровски, утре го очекуваме второто влегување во „Олимпискиот беазен“ во Барселона на Стојановска која ќе се ...

Четири рекорди постигнати денеска на СП во пливање

А1 - 21.07.2003

Пливачите буквално експлодираа на вториот ден од натпреварите на олимпискиот базен Сент Жорди во Барселона. Три светски рекорди и еден на шампионатот на четирите финални и три полуфинални дисциплини денеска. Во дисциплината 50 метри пеперутка, австралиецот Метју Велш го собори светскиот рекорд на ...

Лазаревски и Стојановска со државни рекорди

Вест - 21.07.2003

ПЛИВАЊЕ - СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ВОДНИ СПОРТОВИ - БАРСЕЛОНА 2003 Македонскиот репрезентативец во пливање Зоран Лазаревски, со време од 25,26 секунди во дисциплината 50 м. пеперутка на Светското првенство во Барселона, подобрувајќи го за 30 делови од секундата досегашниот државен рекорд (25,56).

Стојановска 24-та на 400 м слободно со нов државен рекорд

Утрински - 21.07.2003

Тројца македонски пливачи стартуваа на СП во Барселона Македонската пливачка Весна Стојановска го освои 24 место и го подбри државниот рекорд во дисциплината 400 м слободно на 10. Светско првенство што од 12 до 27 јули се одржува во Барселона, Шпанија.

Македонски рекорд на Весна Стојановска на 400 метри слободно

Дневник - 21.07.2003

ПЛИВАЊЕ - СП ВО ДОЛГИ БАЗЕНИ ВО БАРСЕЛОНА Весна Стојановска (18) постави нов македонски рекорд на 400 метри слободно, откако на 10. Светското првенство (СП) во Барселона го собори пет години стариот рекорд на Мирјана Бошевска.