TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Опозицијата обвинува за непотизам при изборот на судии

Утрински - 20.07.2005

СОБРАНИЕ Изборот на судии во Врховниот суд, во апелационите и во неколку основни судови во државата, го исфрли непотизмот како главна тема на вчерашната собраниска седница. Предлогот на РСС, Милка Ристова - мајката на пратеничката Катерина Астеруд-Ристова - да биде нов врховен судија, испровоцира ...

Мајка на пратеничка избрана во Врховниот суд

Време - 20.07.2005

СОБРАНИЕТО ИЗБИРА СУДИИ Милка Ристова, мајка на пратеничката Каролина Ристова – Астеруд од СДСМ, и Благоја Доновски се двајцата нови судии во Врховниот суд што Собранието ги избра на вчерашната седница. Пратениците од опозицијата предупредија дека со изборот на Ристова власта промовира непотизам.

Милка Ристова и Благој Доневски нови врховни судии

Дневник - 20.07.2005

СОБРАНИЕ Собранието вчера ги избра новите врховни судии Милка Ристова и Благој Доневски, откако опозицијата и владејачкото мнозинство се испокараа дали мајка и на пратеничката Каролина Ристова, Милка, треба да ја изберат за таа функција.

ВМРО Народна и СДСМ се надмудруваа кој вработил повеќе снаи, сестри, татковци

Вест - 20.07.2005

НИШТО ОД НАЈАВИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ДЕКА ЖЕСТОКО ЌЕ СЕ ПРОТИВИ НА ИЗБОРОТ НА РОДНИНИ ЗА СУДИИ Предлогот на РСС, м-р Милка Ристова да биде врховен судија, која патем е мајка на пратеничката Каролина Ристова од СДСМ, ги предизвика пратениците на ВМРО-Народна и на СДСМ да се напаѓаат кој прв промовирал ...

Непотизам или заслужена позиција?

Вечер Прес - 20.07.2005

Нови судии во Врховниот суд од вчера се Милка Ристова и Благој Доновски. Така одлучи мнозинството во Собранието, по речиси двочасовна дискусија за тоа дали е во ред Ристова, која и е мајка на пратеничката Каролина Ристова - Астеруд од редовите на СДСМ, да биде избрана за врховен судија од овој ...