TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прв смртен случај од САРС во последните 16 дена

А1 - 13.06.2003

Здравствените власти во Тајван денеска информираа за шест нови случаи на заболени од САРС и за уште еден починат од атипичната пневмонија. Ова е првиот смртен случај од САРС во последните 16 дена. Се работи за лаборант кој работел во една од болниците во Тајпеј.

САРС најверојатно е совладан

А1 - 12.06.2003

Светската здравствена организација денеска соопшти дека најверојатно е совладана заразата со смртоносниот вирус на тешкиот акутен респираторен синдром САРС, од кој во светот заболеа 8.435, а починаа 789 лица. Заразата од САРС во Кина, која се смета за епицентар на болеста, веројатно е ставена под ...

Шест нови случаи на САРС во Тајван

А1 - 10.06.2003

Тајванските здравствени власти денеска пријавија шест случаи на САРС, во моментот кога се очекуваше Светската здравствена организација да ја укине препораката да не се патува во Тајван. Тајванските власти сметаат дека новите шест случаи нема да влијаат на одлуката на СЗО за укинување на ...

Нови две жртви од САРС во Торонто

А1 - 09.06.2003

Нови две жртви од САРС се регистрирани во Торонто, со што бројот на смртни случаи од оваа болест се зголеми на 33 лица, објавија синоќа здравствените власти. На болеста им подлегнале една 66-годишна жена и 63-годишен маж, а се седма и осма жртва на вирусот, откако САРС повторно се појави во Канада ...

Три нови случаи на САРС во Тајван

Вест - 09.06.2003

ТАЈПЕЈ, 9 јуни, (Ројтерс) - Тајван вчера потврди дека се појавиле три нови можни случаи на САРС, први по трите дена во кои немаше нови случаи на болеста. Официјалната бројка на заболени во Тајван падна на 676 откако четири случаи за кои се сметаше дека се можни случаи на САРС беа истражени и ...

Мерките за САРС во Македонија се построги од препораките на СЗО

Утрински - 09.06.2003

ИНТЕРВЈУ - Разговор проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и заменик-министер за здравство Гордана Дувњак Во неколку наврати истакнувавте дека Македонија како држава ги презеде сите превентивни мерки за заштита од САРС и за прифаќање на евентуален сомнителен случај, но и натаму како да има ...