ОРАНЖЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО Субвенциите за раноградинарското производство што годинава изнесуваат 10 милиони денари не можат да ја компензираат енормно високата цена на мазутот, посочија вчера членовите на Групацијата за оранжериско и пластеничко производство во Стопанската комора на Македонија.
Субвенциите за раноградинарското производство, кои годинава изнесуваат 10 милиони денари, не можат да ја надоместат енормно високата цена на мазутот, посочија вчера членовите на Групацијата за оранжериско и пластеничко производство во Стопанската комора.
Производителите на оранжериски зеленчук бараат од државата да им позајми или да им даде на одложено плаќање мазут за да не ја одложат сезоната на сеење. Тие немаат пари сами да го купат овој енергенс, што им е неопходен за затоплување на оранжериите.
Во оранжериите наместо да се берат домати и краставици во зима, ќе има род напролет кога стасува и пластеничкото производство од ситните земјоделци. И годинава производителите под стакленици бараат помош од државата, преку позајмица да обезбедат мазут за да има рано зимско производство.
Катастарот го кочи оранжериското производство се жалат градинарите. Македонските оранжерии не можат да добијат имотен лист оти Катастарот не ги евидентира како објекти. Поради тоа земјоделците не можат да земат кредити од банките, се со цел развој на производството.