Тачи се враќа во Владата. Ова е одлуката на денешното централно собрание на ДПА. Ваквата разврска следи по денешната тет-а-тет средба меѓу Груевски и Тачи. „Партиите ВМРО-ДПМНЕ и ДПА постигнаа согласност во рок од 10 дена да формираат работни групи кои ќе разговараат со цел за изнаоѓање Закон за ...
ДПА се врати во владата. На попладневната средба што Груевски и Тачи ја имале во владата, неколку часа пред вечерашното централно собрание на ДПА во Сарај, постигнале согласност да се реализираат 6-те барања поради кои лидерот на ДПА објави излегување од коалицијата. ДПА се врати во владата.
ЕДИТОРИЈАЛ Тамара Грнчароска Македонија ќе го признае Косово, тоа е неспорно, но кога ќе го направи тоа треба да реши самата, без „сугестии“ од косовска страна за терминот на признавањето. Поради тоа дисонантно прозвучеа изјавите кои деновиве ги даде косовскиот премиер Хашим Тачи дека признавањето ...
Одлуката за признавање на Косово од македонска страна е донесена, но е замрзната поради последните случувања во македонската влада. Очекувам деновиве Македонија да го признае независно Косово, изјавил премиерот на Косово, Хашим Тачи, по средбите во Приштина со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДУА - ...
СПОРЕД АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА ДПА е виновна што Македонија не го призна Косово заедно со Бугарија, Хрватска и со Романија, како што беше договорено, обвинија вчера во Приштина лидерите на партиите ДУИ, ДУА и ДНА. Али Ахмети, Бардуљ Махмути и Хисни Шаќири беа поканети во Приштина од претседателот на ...
Признавање на Косово, стопирање на четири хашки случаи и вработување Албанци се условите што лидерот на ДПА, Мендух Тачи, му ги поставил на премиерот за да остане во Владата. Тој прексиноќа во Тирана прв пат ги обелодени овие три од вкупно шесте барања испорачани до премиерот Никола Груевски.
Во Приштина не отпатуваа лидерите на ДПА и на ПДП, Мендух Тачи и Абдулади Вејсели Светлана Унковска Косово очекува наскоро да биде признаено од Македонија. Оваа порака вчера косовскиот премиер Хашим Тачи му ја пренел на лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата во Приштина.
Признавањето требаше да се случи во средата, заедно со Хрватска, Бугарија и Албанија. Неодговорното однесување на ДПА го пролонгираше процесот, тврди потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити ДУИ вчера ја обвини ДПА дека со неконструктивно однесување придонел Македонија во средата да не го признае Косово ...
Македонија во суштина веќе ја признала независноста на Косово, иако формално тоа се очекува да се прогласи наскоро. Ова е одговорот на косовскиот премиер Хашим Тачи на вчерашната изјава на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој рече дека тој, а не косовскиот премиер го знае датумот на признавање на ...
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи ги поканија лидерите на ДУИ, ДПА, ПДП и на ДУА денеска да ја посетат Приштина, како што стои во поканата, на средба со челниците на косовските институции. Поканата до Али Ахмети, Мендух Тачи, Абдулади Вејсели и Бардуљ Махмути најверојатно ...
Од средбите на премиерот со лидерите на партиите се' уште не можат да се видат пукнатини во македонскиот државен став Соња Крамарска САД се за брзо решение за името САД им сугерираат на политичките лидери во Македонија да поддржат брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение за името.
ДПА - КОСОВО Лидерот на ДПА Мендух Тачи повторно се скара со премиерот на Косово Хашим Тачи за неговите ставови што се однесуваат на Македонија, посебно за изјавата дека знаел кога Македонија ќе го признае Косово. Тачи рече дека му е познат датумот кога Македонија ќе го признае Косово, но не и на ...
Американската амбасадорка во Скопје, Џилиен Миловановиќ, вчера ги повика на одделни разговори лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети. До затворањето на весникот немаше детали од средбата, но неофицијално дознавме дека Американците од овие две партии се обидуваат да издејствуваат ...
Според лидерот на ДПА, вицепремиерот Имер Алиу имал „инцидент-изјава“ Дали Имер Алиу ќе биде единствената жртва од проектот да се напушти или не владата на Никола Груевски Светлана Унковска По интензивните средби на лидерот на ДПА што вчера се одвиваа на релација Влада - американска амбасада Мендух ...
ДУИ соопшти дека Македонија требало вчера да ја признае независноста на Косово, но дека поради отсуството на министрите од ДПА тоа не се случило. ДУИ соопшти дека Македонија требало вчера да ја признае независноста на Косово, но дека поради отсуството на министрите од ДПА тоа не се случило.
Косовските власти очекуваат Македонија многу брзо да објави дека ја признава независноста на Косово – пораката беше испратена по денешната средба во Приштина на косовската тројка – претседателот Сејдиу, премиерот Тачи и спикерот Красничи со партиската делегација на ДУИ предводена од лидерот Али ...
Македонија многу брзо ќе го признае Косово, а веќе денеска или утре ќе се сретнат комисиите и ќе почне да се решава проблемот со обележувањето на границата, изјави вчера лидерот на ДПА Мендух Тачи, по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски.
Властите во Македонија и пред прогласувањето на независноста имаа конструктивен став дека ќе го признаат Косово и ќе делуваат заедно со меѓународните партнери. Мислам дека таа линија треба да ја следат, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети Лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети, по средбите со ...
Не е проблем дали македонската влада ќе ја признае независноста на Косово. Сега копјата почнаа да се кршат околу тоа, под чија заслуга ќе се случи признавањето. Косовскиот премиер Тачи пред некој ден изјави дека го знае датумот кога тоа ќе се случи. Го демантираше лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Груевски на поединечни средби ги свика лидерите на големата партиска четворка за да им ги соопшти последните предлози на преговарачот во македонско-грчкиот спор, Метју Нимиц. Според лидерот на ДПА, Мендух Тачи, тоа се стари предлози, кои Македонија веќе ги одбила.
Вакви сугестии денеска испратиле и од американската амбасада - Владата да функционира во полн капацитет – иако министрите на ДПА и денеска не се појавија на работа во Владата, претседателот на ДПА предност најавува дека ќе му даде на дијалогот.
Можно е за двете барања да се постигне договор до 2 април, по што ДПА би се вратила во Владата Признавањето на Косово и непроцесуирањето на хашките случаи се две од шесте барања на ДПА, за кои е можно да бидат начелно договорени до самитот на НАТО помеѓу лидерот Мендух Тачи и премиерот Никола ...
Во Владата на Република Македонија во тек е средбата на премиерот Никола Груевски со лидерот на ДПА Мендух Тачи на која ќе го соопшти владиниот став во врска со новите предлози на посредникот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц.
МАЛЦИНСКАТА ВЛАДА ОДРЖА СЕДНИЦА Ана Велјановска Министрите и заменик-министрите на ДПА вчера не се појавија на своите работни места иако нивниот лидер Мендух Тачи најави дека партијата нема да ја бојкотира работата на Владата.
Фотелјите на министрите од ДПА повторно останаа празни Светлана Унковска Министрите и функционерите на ДПА вчера не се појавија во Владата, само ден по изјавата на Мендух Тачи дека потегот на вицепремиерот Имер Алиу за повлекување на функционерите од вториот и од третиот ешалон го презел на ...
ЕДИТОРИЈАЛ Соња Крамарска Војводата Тачи се надмина себеси. Минатата седмица излезе од Владата, завчера пак како да влезе, а вчера повторно го снема. Простете, но не сме во состојба да кажеме дали тој денеска е партнер во Владата. Можеби е, а можеби не е.
И покрај најавата за продолжување на дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, вчера, министрите од партијата на Тачи повторно не присуствуваа на владината седница. Третиот партнер во коалицијата НСДП е разочаран бидејќи е исклучени од случувањата Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДПА Мендух Тачи ја ...
МАЛЦИНСКАТА ВЛАДА ПОЛУПРАЗНА Ана Велјановска Министрите и заменик-министрите од ДПА вчера не беа на своите работни места, додека пратениците и директорите кои беа поставени по партиска линија се уште чекаат инструкции од централата во Тетово.
Денешната владина седница се одржа без министрите на ДПА. На оваа празна фотелја до претседателот на Владата вообичаено седеше вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Имер Алиу. Останатите празни места на министрите на ДПА беа пополнети со заменици-министри од другите партии од власта.
Има добра волја од Македонија за признавање на Косово, потврдено ни е и кога ќе се донесе оваа одлука, изјавил косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за телевизијата „Алсат-М“. Македонската влада тврди дека не го сменила својот став - обележување на границата пред каква било одлука за признавање.
ДПА ЈА ОСТВАРИ ЗАКАНАТА ДЕКА ЌЕ ГО БОЈКОТИРА ПРЕМИЕРОТ Министрите и заменици-министрите од редовите на ДПА вчера ја остварија заканата дека нема да соработуваат повеќе со премиерот Никола Груевски. Ниту еден од функционерите на ДПА не присуствуваше на вчерашната владина седница и покрај тоа што таа ...
ДУИ е во константно водство во однос на ДПА, што е уште една причина за вознемиреност на Тачи Светлана Унковска Жаклина Ѓорѓевиќ Излегувањето на Демократската партија на Албанците (ДПА) од Владата, освен што ја потресе домашната и регионалната јавност, остави зад себе многу неодговорени прашања за ...
По средбата со британскиот амбасадор лидерот на ДПА Мендух Тачи изјави дека вицепремиерот Имер Алиу вчерашниот потег за повлекување на министрите и функционерите на ДПА од вториот и третиот ешалон го презел на сопствена рака.
Лидерот на ДПА ќе бара одговорност од вицепремиерот Имер Алиу за неговиот апел партиските функционери да ги напуштат институциите со кои раководи Груевски Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вчера со премиерот Никола Груевски разговараше за исполнување на неговите шест барања, како услов за да се врати во ...
Владата не го менува својот став во врска со признавањето на независноста на Косово. Ќе се раководиме според националните и државните интереси, вели портпаролот на Владата, Ивица Боцевски, во врска со изјавата на косовскиот премиер Хашим Тачи дека властите во Приштина, од македонска страна веќе ...
Груевски му одговорил на Тачи дека како и со другите партии, подготвен е да разговара и со ДПА, но не под уцени. Мендух Тачи се огради од радикалните изјави на Имер Алиу кој пред два дена изјави дека никогаш повеќе нема да работи со Груевски и дека Косово му е поважно од Македонија Премиерот Никола ...
Вицепремиерот Имер Алиу избрзал со повикот за бојкот на владините институции, изјави попладнево по средбата со британскиот амбасадор лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој потврди дека по враќањето од Албанија денеска побарал и се сретнал со Груевски, во обид да се договорат околу, како што вели, ...
Македонија наскоро ќе го признае Косово, изјави денеска во интервју за Алсат косовскиот премиер Хашим Тачи. Односите меѓу Приштина и Скопје се одлични, односи на почитување и добрососедство. Што се однесува до признавањето на независноста на Косово, има добра волја од Македонија, има висока ...
Во Владата на Република Македонија беше одржана средба помеѓу премиерот Никола Груевски и господинот Мендух Тачи, на барање на господинот Тачи. На средбата тој побара да се дискутира за шесте барање на ДПА. Се разбира, премиерот Груевски досега никогаш не одбил разговор на која било тема и за кое ...
Министрите од ДПА денеска не биле на работа. Нивниот пример го следеле и замениците - министри од партијата на Тачи. Ова е реализирање на вчерашниот повик на вицепремиерот Имер Алиу - албанските функционери од нивните редови повеќе да не работат во институциите што ги води Никола Груевски.
ИНТЕРВЈУ НА ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗА МИА Премиерот Никола Груевски смета дека ДПА со својот потег да ја напушти Владата само врши уцена, која Владата нема да ја прифати. Во исто време, во интервју за државната агенција МИА, Груевски тврди дека чекорот на ДПА драстично ја ослабува позицијата на ...
ПРОБЛЕМИ ВО МАЛЦИНСКАТА ВЛАДА Премиерот Никола Груевски вели дека од ДПА можат да зборуваат што сакаат, но тој нема да се занимава со нив туку ќе работи Македонија да добие покана за НАТО Министрите од ДПА вчера соопштија дека му откажуваат послушност на премиерот Никола Груевски поради неговото ...
ПОВИК ОД МИНИСТРИТЕ ОД ДПА Албанците што работат во државните институции да не учествуваат во работата на премиерот Никола Груевски, побараа министрите од ДПА на вчерашната прес-конференција што се одржа во Владата. Повод за тоа барање е интервјуто на премиерот за МИА.
Вицепремиерот Имер Алиу ги повика сите Албанци да не учествуваат во институциите Билјана Јовановска Малцинската влада што треба да функционира до Самитот на НАТО во почетокот на април вчера не го помина првиот тест. Договорот кој во петокот премиерот Никола Груевски го постигна со лидерите на двете ...
Вицепремиерот Имер Алиу ги повика Албанците да ги напуштат сите институции со кои раководи премиерот Никола Груевски Малцинската влада што ќе раководи до самитот на НАТО на 2 април ќе работи без функционерите на ДПА бидејќи партијата вчера ги повика Албанците да ја напуштат.
ДПА вчера преку вицепремиерот Имер Алиу повика на бојкот на институциите под раководство на Премиерот Никола Груевски. Очигледно длабоко погоден од претходните изјави на Груевски дека ДПА со излегувањето од владината коалиција докажала дека работи за туѓи интереси, Алиу рече дека не може да се ...
Кога комшија ти е Авганистан, не можеш да бидеш ништо друго освен Пакистан или Таџикистан Дали Мендух Тачи постапи исправно со одлуката да ја напушти Владата? Господ знае. Еднаш изгледа дека тоа е негова грешка. Другпат, кога ќе погледне човек од друга страна, и не е грешка.