TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повеќе барања за легализација отколку предавање на оружјето

А1 - 22.11.2003

130 парчиња муниција од различен калибар, 10 пиштоли, 2 пушки, 1 бомба кашикара, 2 гранати и 8 детонаторски каписли е билансот од досегашното предадено оружје на собирниот пункт во Струмица. Во општинската комисија за разоружување се задоволни од досегашниот тек на акцијата, иако потенцираат дека ...

Продолжува втората фаза од разоружувањето

А1 - 22.11.2003

Според претседателите на комисиите за разоружување во втората фаза од разоружувањето зголемен е бројот на барањата за легализација на нелегалното оружје. Околу 40 пушки и пиштоли, муниција, рачна бомба и минофрлачка граната 120 мм е предадено на собирниот пункт во скопска Кисела вода.

Продолжува втората фаза од акцијата за предавање на оружјето

Утрински - 22.11.2003

Акција Скопје - Втората фаза од акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје, муниција и експлозивни материи, како и за легализација на оружјето продолжува денеска. .Низ Македонија повторно ќе бидат отворени 123-те собирни пункта на кои граѓаните од 9 до 16 часот ќе можат да го предадат ...

Чучер Сандево нема интерес за разоружување

А1 - 19.11.2003

Собирниот пункт во општина Чучер Сандево ги опфаќа местата Танушевци, Брест, Малино Маало, Блаце. Но засега овде нема голем интерес за акцијата за собирање на нелегалното оружје. По започнувањето на втората фаза од акцијата во уште 8 општини се предадени првите парчиња нелегално оружје.

Поднесени 260 барања за легализација на оружје

Утрински - 18.11.2003

Во рамките на Акцијата за доброволно предавање на оружјето Од досега поднесените 260 барања за легализација на оружје, 103 се позитивно решени односно се легализирани согласно со новиот Закон за оружје и ставот на Министерството за внатрешни работи за добивање дозволи во забрзана процедура.

Зголемено е интересирањето за предавање на нелегалното оружје!

Утрински - 17.11.2003

Офицерот за операции, Благоја Марковски, поволно ја оценува акцијата Првиот ден од втората фаза за предавање, односно собирање на нелегалното оружје, муниција и експлозивни материи се одвиваше без инциденти, изјави за МИА офицерот за операции Благоја Марковски, додавајќи дека е зголемено ...

Најголем ефект се очекува во третата фаза

Утрински - 17.11.2003

АКЦИЈА ТЕТОВО - За собирниот пункт за Општина Брвеница, во селото Милетино, на првиот ден од втората фаза во акцијата за доброволно предавање огнено оружје, муниција и експлозивни материи и за легализација на оружјето, во саботата беше предадено првото оружје - автоматска пушка со шест куршуми.