ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КРИВА ПАЛАНКА Завчера околу 10,30 часот избувнал голем пожар во подрачното одделение на Министерството за финансии во Крива Паланка, при што делумно изгорела финансиско книговодствената евиденција на градот и општината Ранковце.
Вчера околу пет часот, утрината во просторот за престој и чување на добиток , во филтер станицата во местото Говедарски пат, во Куманово, избувнал силен пожар, а потоа одекнала и силна експлозија. За среќа никој од присутните не бил поврден, а била причинета огромна материјална штета.
ПОЖАР ВО КУМАНОВО Станот на семејството Мицевски на улицата "Октомвриска револуција" број 36 во Куманово, завчера изгорел во голем пожар предизвикан од експлозија на телевизор. Пожарот избувнал во дневната соба, а се проширил низ останатите простории при што го уништил мебелот и покуќнината, а ги ...