Зошто не пишувате за 99 добри работи што сум ги направил, а прашувате токму за некаков синдикат? Ова е одговорот на Кирил Тодоровски, градоначалникот на општината Аеродром, на прашањето каков е неговиот став во врска со одлуката на неговите вработени да формираат синдикална организација за, како што велат, да се заштитат од притисоците и да ги остварат своите работнички права.
Вработените од општината Аеродром формирале синдикална организација за, како што велат тие, да се заштитат од притисоците на градоначалникот Кирил Тодоровски и да ги бранат своите работни права. Тие објаснуваат дека се одлучиле на ваков чекор откако некои од нивните колеги имале влошени работни односи, дисциплински мерки и закани за отказ од работното место.
Работничките права постојано се кастрат, но вработените се' помалку имаат интерес за протестирање. Маја Томиќ За илјадниците работници кои живеат со околу 200 евра месечно, но и помалку, кои немаат договори за вработување или работат на црно, на кои социјалните придонеси не им се платени за подолго време и кои допрва ќе имаат намалени плати со воведувањето на бруто-платите, како и намалени права ...
Синдикат ќе ги брани општинарите од градоначалникот Тодоровски. Педесет и пет вработени во општинската администрација во Аеродром формираа самостоен синдикат, бидејќи поради силните притисоци од градоначалникот Кирил Тодоровски, сакаат да си ги заштитат правата.
ССМ смета дека измените на Законот за работни односи се штетни за работниците. Како што и ветија, синдикалците во петокот вечерта остро и' се спротивставија на власта против кршењето на работничките права кое таа го дозволи со неодамна донесените измени на Законот за работни односи. Со свирчиња, знамиња и транспаренти, неколку илјади синдикалци на плоштадот „Пела“ во Скопје излегоа на протест.
Ни звуците на Интернационалата, химната што ги обедини работниците во цел свет, не беа доволни да ги мотивираат македонските граѓани да се појават на синдикалниот протест. И покрај тоа што беше орга низиран за одбрана на нивните права и за подобрување на нивниот животен стандард, само околу илјада граѓани се најдоа засегнати.
Пратеници, ако сакате да скратите нешто, почнете од вашите привилегии, а не од нашите права, порачаа во петокот синдикалците на работничкиот протест што го организираа на скопскиот плоштад Пела. Се собраа над илјада работници, стечајци и работници прогласени за технолошки вишок од повеќе градови во земјава, незадоволни од новите измени во Законот за работните односи, нискиот животен стандард и од ...
Загреб, 16 ноември (МИА) - Главните хрватски синдикати денеска соопштија дека го отфрлаат предлогот на Владата за замрзнување на платите во државната администрација во 2009 година заради светската финансиска криза, пренесе АФП. Синдикатот на вработените во армијата и во државните служби не може да го прифати предлогот на премиерот Иво Санадер за замрзнување на нивните плати, кои веќе се под ...