TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕУ ќе го замени Лајчак во БиХ

Вест - 08.11.2008

БРИСЕЛ, 8 ноември - ЕУ се подготвува да ја преземе административната управа во БиХ, менувајќи го администраторот на Обединетите нации Мирослав Лајчак. "Сегашната статус кво состојба во БиХ е неодржлива и веројатно ќе остане таква, доколку меѓународната заедница не е подготвена да ги промени параметрите на своето присуство и одговор", се вели во документот на ЕУ, потпишан од високиот претставник ...

А што ќе направиме на следните избори?

Н.Македонија - 08.11.2008

Еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Оли Рен, презентирајќи го извештајот на Европската комисија рече дека Македонија направи добар прогрес во судските и во полициските реформи, но тие добри резултати паднаа во сенка на изборните нерегуларности и инциденти. - Дефиниравме осум услови и во некои од нив е остварен прогрес. Ви даваме целосен кредит за тоа.

Оли Рен обвинет за пречекорување на мандатот

Утрински - 07.11.2008

Брок го обнароди судирот меѓу EK и некои од земјите - членки околу тоа ќе има ли и колку проширување на ЕУ. Слободанка Јовановска Од нашиот дописник Брисел - Европарламентарецот Елмар Брок, кој често настапува во улога на гласноговорник на ставовите на германската влада, вчера го нападна силно еврокомесарот Оли Рен за пречекорување на мандатот, со ставовите што ги изнесе на прес-конференцијата ...

Европратеникот Елмар Брок со критики за еврокомесарот Оли Рен

Кирилица - 07.11.2008

Германскиот пратеник од Европската народна партија во Европскиот парламент, Елмар Брок денеска го критикуваше еврокомесарот за проширување Оли Рен за претставувањето на извештаите за напредокот на балканските земји. Брок, кој до неодамна беше претседател на Комисијата за надворешни работи на ЕП, тврди дека вчерашните изјави на Рен можат да го претворат идното проширување на ЕУ во проблем наместо ...

ЕУ доаѓа на местото на Лајчак во БиХ

Макфакс - 07.11.2008

Европската унија(ЕУ) се подготвува да ја преземе административната управа во Босна и Херцеговина(БиХ) менувајќи го администраторот на Обединетите нации Мирослав Лајчак. „Сегашната статус кво состојба (во БиХ) е неодржлива и веројатно ќе остане таква, доколку меѓународната заедница не е подготвена да ги промени параметрите на своето присуство и одговор“, се вели во документот на ЕУ, потпишан од ...

Нема датум поради изборите и блокираниот политички дијалог

Вест - 06.11.2008

Македонија не доби датум за преговори поради неисполнување на политичките критериуми е збирната оценка на Европската комисија, која вчера во Брисел и во Скопје го претстави извештајот за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ во 2008. "Направен е добар прогрес, особено во областа на судството и полициските реформи, консолидацијата на мултиетничката демократија.

Рен не' остави со празни раце

Утрински - 06.11.2008

Македонија има напредок, но е недоволен за преговори со ЕУ. Реформи во сенка на политичките критериуми. Од нашиот дописник Слободанка Јовановска БРИСЕЛ - Еврокомесарот Оли Рен вчера им даде условени ветувања на балканските земји, во смисла ако ги исполнат барањата на ЕУ, можат да се надеваат на чекор напред во евроинтеграцијата.

Реално, не сме за во Европа

Дневник - 06.11.2008

Брисел реално ги оценил состојбите: евроамбасадорот Фуере и премиерот Груевски. Македонија ќе мора да мине уште еден изборен испит пред да може да се надева на преговори со ЕУ. Европската комисија вчера официјално го објави годишниот извештај во кој се констатира дека Македонија не ги исполнува политичките критериуми за зачленување во ЕУ поради што не може, четврта година едноподруго, да почне ...

Слободни избори и реформи ќе ги одведат Македонија и Албанија во ЕУ

Алсат-М - 06.11.2008

Се надевам и работам на тоа, 2009 година да биде година на Западниот Балкан, изјави во интервју за АЛСАТ еврокомесарот за проширување на ЕУ Оли Рен. Алсат: Ова е веќе четврта година и четврти пат што сте гостин на АЛСАТ на денот на објавувањето на извештаите на Европската Комисија.

Балканот со колебливи чекори кон ЕУ

Дневник - 06.11.2008

Економиите во регионот се меѓу најдинамичните во Европа бидејќи се главна дестинација на извозот и инвестициите од ЕУ, а проширувањето не е проблем, туку клучен фактор за економска ревитализација на Европа, смета Оли Рен. Сами си поставуваме пречки на патот кон ЕУ Балканот годинава направи мал и колеблив чекор кон ЕУ, а регионот остана стабилен и покрај црните предвидувања дека косовската ...

ДНЕВНИК: Реално, не сме за во Европа

Нетпрес - 06.11.2008

Македонија ќе мора да мине уште еден изборен испит пред да може да се надева на преговори со ЕУ. Европската комисија вчера официјално го објави годишниот извештај во кој се констатира дека Македонија не ги исполнува политичките критериуми за зачленување во ЕУ поради што не може, четврта година едноподруго, да почне преговори.

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Рен не' остави со празни раце

Нетпрес - 06.11.2008

БРИСЕЛ - Еврокомесарот Оли Рен вчера им даде условени ветувања на балканските земји, во смисла ако ги исполнат барањата на ЕУ, можат да се надеваат на чекор напред во евроинтеграцијата. На Македонија Рен не и' го даде ни тоа, индиректно споменувајќи го укинувањето на визниот режим како можна компензација, со најавата дека за некои земји што ќе ги исполнат условите тоа може да се случи во текот на ...

Јасна разлика меѓу Хрватска и останатите земји од западен Балкан

Нетпрес - 06.11.2008

Еврокомесарот за проширување, Оли Рен, јасно посочи дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, како и Косово, се уште се далеку од добивањето на сериозна перспектива за присоединување кон Европската унија, бележи денеска електронското издание “Еурактив“.

Хрватска е најблиску до ЕУ

А1 - 05.11.2008

Хрватска најблиску до европското семејство. Може да ги заврши преговорите до крајот на идната година, стои во извештајот на Европската комисија презентиран денеска во Брисел. Од неа се бара реформи во судството, администрацијата и борба против корупцијата, соработка со хашкиот трибунал.

Негативна оценка од ЕК за лошите избори

А1 - 05.11.2008

И официјално Брисел и соопшти на Македонија дека не доби датум за преговори, затоа што не ги исполни условите, политичките критериуми, освен осумте, огромен товар и разочарување за EK е деветтиот-изборите. „Што се однесува до ФИРОМ, земјата има направено добар напредок во судските и полициските реформи , и продолжување на консолидација на мултиетничката демократија во имплементирање на охридскиот ...

Трета година по ред Македонија не доби датум за преговори со Унијата

Канал5 - 05.11.2008

Техничкиот напредок кон ЕУ е засенет од политичките неуспеси и лошите предвремени избори, е причината број еден, зошто Македонија не доби датум за преговори со Унијата, трета година по ред. Ова е главниот заклучок на редовниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ.

Рен: Македонија е потребно да обезбеди фер избори

Нетпрес - 05.11.2008

Според еврокомесарот за проширување, Оли Рен во Македонија е постигнат напредок во судството и полициските реформи, како и консолидацијата на мулиетничката демократија со имплементација на Охридскиот договор. Рен денес презентирајќи ги главните заклучоци од извештајот за напредокот на Македонија во Брисел истакнал дека усвојувањето на Законот за јазиците претставува важен чекор за унапредување на ...

ЕК: Хрватска може да ги заврши преговорите догодина

Макфакс - 05.11.2008

Доколку Хрватска ги исполни потребните услови за влез во Европската унија(ЕУ), до крајот на следната година би можела да ги заврши преговорите за членство. „Под услов Хрватска да ги исполни сите потребни услови, Европската комисија смета дека е можно да ја достигне завршната фаза од преговорите до крајот на 2009 година“, се наведува во стратегијата за проширување на Унијата, што денеска во Брисел ...

Рен - Изборите беа негативно изненадување за ЕУ

Макфакс - 05.11.2008

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска повтори дека одржувањето фер и слободни избори е предуслов што Македонија треба да го исполни, пред ЕУ да разгледа давање датум за преговори за членство. „Изборите за нас беа негативно изненадување, имаше сериозни недостатоци, кои беа посочени не само од ЕК, туку и од ОБСЕ.

Дали сме глупави или не?

Утрински - 04.11.2008

Михајло Павловски, Скопје. Неодамна Ерван Фуере оцени дека граѓаните на Р. Македонија не се глупави. Но, Фуере заедно со челниците од ЕУ (Оли Рен, Солана и други), по случувањата со Грција во Букурешт, кога Р. Македонија не беше примена во НАТО иако ги исполни условите за прием во Алијансата, не се однесуваше со граѓаните на државата во согласност со својата оцена! Затоа, во името на граѓаните ...

Таен план на Хавиер Солана и Оли Рен за БиХ

Нетпрес - 04.11.2008

Врховниот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Хавиер Солана, и еврокомесарот за проширување, Оли Рен, подготвиле заеднички текст, насловен “Нови стратегии на ЕУ во Босна и Херцеговина“, пишува сараевскиот весник “Дневни аваз“. Во текстот насловен “Таен план на Солана и Рен за БиХ“, се вели дека во документот се истакнувала решителноста на ЕУ да се среди ситуацијата во БиХ.

Балканот далеку од посакуваното приближување кон Брисел

Дневник - 03.11.2008

Изјавата на еврокомесарот за проширување Оли Рен дека ниту проблемите со Лисабонскиот договор ниту глобалната финансиска криза не би требало да го закочат влезот на нови членки од Западниот Балкан во ЕУ, по игра на случајот се поклопи со трагичното опоменувачко мафијашко убиство на директорот и на еден од службениците во хрватскиот неделник „Национал“.