TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Франција ќе бара детали за воената парада во Солун

Утрински - 01.11.2008

Македонското МНР ги подготвува материјалите со кои ќе ги информира меѓународните институции. Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер и неговиот француски колега Бернар Валеро вчера изјавија дека се информирани за скандирањето на грчките војници против Република Македонија за време на воената парада одржана во Солун.

Брисел глув за грчките наци-пароли

Дневник - 01.11.2008

Со снимениот видеоматеријал од скандалозната воена парада на грчките армиски сили во Солун, македонското Министерство за надворешни работи до меѓународните организации најверојатно ќе испрати и нон пејпер, дознаваме неофицијално. За ова ќе се решава деновиве, откако ќе се извршат консултации во МНР, на кои е повикан македонскиот амбасадор во Атина, Благој Механџиски.

САД решени да се најде решение

Време - 01.11.2008

Официјален Вашингтон ќе продолжи да го поддржува процесот што посредникот Метју Нимиц го води за решавање на разликите со името меѓу Атина и Скопје, соопшти вчера претставник на американскиот Стејт департмент. Изјавата дојде како одговор на прозивките на грчката министерка за надворешни работи дека САД го саботираат процесот и дека последните решенија понудени од посредникот се неприфатливи за ...

ВЕЧЕР: Грчката амбасадорка во земјава нервозна што не добила протестна нота!

Нетпрес - 01.11.2008

ВЕЧЕР: Грчката амбасадорка во земјава нервозна што не добила протестна нота! Македонија има легитимно право да го одбере начинот на протест и реакција по повод изблиците на антимакедонскаТА хистерија што се повторува секоја година, велат од македонското МНР по изјавата на грчката амбасадорка во земјава Александра Пападополу, која очигледно очекувала протестна нота од Македонија поради ...

ДНЕВНИК: Брисел глув за грчките наци-пароли

Нетпрес - 01.11.2008

Со снимениот видеоматеријал од скандалозната воена парада на грчките армиски сили во Солун, македонското Министерство за надворешни работи до меѓународните организации најверојатно ќе испрати и нон пејпер, дознаваме неофицијално. За ова ќе се решава деновиве, откако ќе се извршат консултации во МНР, на кои е повикан македонскиот амбасадор во Атина, Благој Механџиски.

За Атина разговорите за шовинистичките пароли се трошење време

Н.Македонија - 01.11.2008

Доколку се впуштите во дискусии за антимакедонските пароли на грчката армија на воената парада во Солун, бесцелно ќе потрошите време за непрактични прашања, смета Јоанис Микалетос, грчки аналитичар што работи во Истражувачкиот институт за европски и американски студии. Тој за „Нова Македонија“ ги објаснува целта и причините за провокативните пароли на грчката војска насочени против Македонија.

Снимките со скандирањaтa пред меѓународната заедница

А1 - 31.10.2008

Протестната нота за антимакедонскиот настап на грчките командоси е испратена до меѓународни инстанци, а не до Атина, поради игнорантскиот однос на Грција по предходниот демарш за инцидентите во Забрдени, а не поради страв од аргументи, како што тврди Грција.

Експерти: Грција е разгалено дете на НАТО и ЕУ

А1 - 31.10.2008

НАТО и ЕУ, како организации кои држат до одредени вредности, во најмала рака треба да побараат објаснување за однесувањето на нивната земја членка - Грција. Националистичките скандирања на грчките воени специјалци на парада во Солун не изненадува, но изненадува пасивноста на нивните европски сојузници кои четири дена по скандалот не се огласија, велат експертите кои денеска ја опишаа Грција како ...

АНА-МПА: Александра Пападопулу ги демантира антимакедонските скандирања во Солун

Канал5 - 31.10.2008

Атина, 31 октомври (МИА) - Грција ги демантира тврдењата на Скопје дека членови на клубот на грчките командоси скандирале антимакедонски пароли за време на воената парада во Солун по повод националниот празник на земјата „Охи“ (Не) на 28 октомври, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

МНР: Грчките аргументи ги слушнавме на воената парада

Алсат-М - 31.10.2008

Македонското Министерство за надворешни работи има легитимно право да одбере начин на кој ќе го изрази својот протест по повод изблиците на антимакедонска хистерија на воената парада во Солун. Ова денеска го наведоа претставници од Министерството во реакцијата во врска со синоќешната изјава на шефот на грчката Канцеларија за врски во Скопје Александра Пападопулу.

МНР и одговори на грчката амбасадорка Пападопулу

Канал5 - 31.10.2008

- Грчките аргументи за кои зборува амбасадорката Пападопулу ги слушнавме токму на воената парада преку устите на грчките командоси -возврати Министерството за надворешни работи на грчката амбасадорка Александра Пападопулу според која Владата нема храброст да ги слушне грчките аргументи и одговори за воената парада во Грција.

ТВ Мега објави снимка од парадата на грчките војници

Канал5 - 31.10.2008

ТВ Мега: Можниот договор за името меѓу двете страни ќе овозможи интеграција на соседната држава во НАТО, се разбира со помош на Грција - порака до Скопје од министерот за одбрана Евангелос Меимаракис пратена од воената парада во Солун. - Сите земји од регионот да се интегрираат евроатлантските структури ако ги исполнат критериумите и правилата за добрососедски односи.

МНР: Грчките аргументи ги слушнавме на воената парада

Канал5 - 31.10.2008

Скопје, 31 октомври (МИА) - Македонското Министерство за надворешни работи има легитимно право да одбере начин на кој ќе го изрази својот протест по повод изблиците на антимакедонска хистерија на воената парада во Солун, наведоа денеска претставници од Министерството во реакцијата во врска со синоќешната изјава на шефот на грчката Канцеларија за врски во Скопје Александра Пападопулу.

Македонија ќе протестира во ОБСЕ за воената парада во Солун

Утрински - 31.10.2008

Нема веќе потреба од вербални ноти до грчкиот амбасадор во Скопје, велат во македонското МНР. Димитар Чулев. Министерството за надворешни работи вчера ги осуди национализмот и шовинизмот демонстриран на воената парада одржана во Солун на 28 октомври и најостро ќе реагира и ќе ги информира меѓународните организации за настанот.

Грчкиот шовинизам срам за ЕУ и за НАТО

Време - 31.10.2008

Игор Чавески Скандирањата на грчките командоси за време на воената парада во Солун се отворен шовинизам и национализам, што најмалку и прилега на држава-членка на ЕУ и на НАТО, реагираше вчера македонското Министерство за надворешни работи.

АНА-МПА: Александра Пападопулу ги демантира антимакедонските скандирања во Солун

Кирилица - 31.10.2008

Грција ги демантира тврдењата на Скопје дека членови на клубот на грчките командоси скандирале антимакедонски пароли за време на воената парада во Солун по повод националниот празник на земјата „Охи“ (Не) на 28 октомври, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Грција демантира, Македонија вели - аргументите ги слушнавме од грчките командоси

Сител - 31.10.2008

Грчките аргументи за кои зборува амбасадорката Пападопулу имавме прилика да ги слушнеме директно од усните на грчките командоси на парадата во Солун - ова е одговорот на македонското МНР на изјавата на грчката амбасадорка во Скопје. Пападопулу обвини дека со несослушување на грчката страна, Македонија не сакала или не смеела да ги слушне позиции и аргуметите на Атина.

МНР: Имаме право да одбереме начин како ќе изразиме протест за изблиците на антимакедонска хистерија во Солун

Кирилица - 31.10.2008

Македонското Министерство за надворешни работи има легитимно право да одбере начин на кој ќе го изрази својот протест по повод изблиците на антимакедонска хистерија на воената парада во Солун, наведоа денеска претставници од Министерството во реакцијата во врска со синоќешната изјава на шефот на грчката Канцеларија за врски во Скопје Александра Пападопулу.

МНР: Грчките аргументи ги чувме од устите на војниците

Форум - 31.10.2008

Владата не сака или не се осмелува да ги слушне грчките аргументи за однесувањето на грчката армија на парадата во Солун, обвини синоќа грчката амбасадорка во Скопје, Александра Пападополу. Македонското Министерство за надворешни работи, пак, возвраќа дека единствените аргументи кои ги слуша се оние од устите на грчките војници кои скандираа „Македонија е грчка“ и „Не им го ...

Грчката амбасадорка во земјава нервозна што не добила протестна нота!

Вечер Прес - 31.10.2008

Грчките аргументи за кои зборува Пападополу имавме прилика да ги слушнеме на парадата од војниците на грчката армија, велат од МНР во контекст на изјавата на грчката амбасадорка во земјава во која истакнува дека "владата не сака да ги слушне аргументите на Атина" за националистичките пораки од воената парада во Солун. Македонија има легитимно право да го одбере начинот на протест и реакција по ...

Во лулката на шовинизмот

Н.Македонија - 31.10.2008

„Грчките синови чекаат наредба“, скандираа војниците на воената парада во Солун пред очите на министрите за одбрана и државните врвови на осум балкански држави. Прашањето што сите нè интересира е каква наредба чека грчката армија. За изградба на градинки и на детски игралишта? За реконструкција на мостови? Сигурно не! Војниците се на готовс само за одбрана или за вршење воена агресија.

Парада на големодржавен национализам во Солун

Н.Македонија - 31.10.2008

Министерството за надворешни работи вчера најостро ги осуди облиците на национализам и шовинизам изнесени против нашата држава за време на воената парада во Солун. Сепак МНР нема да испрати протестна нота до Грција бидејќи, како што велат, немале потреба од грчки коментари на нашите протестни ноти.

МНР без протестна нота до Грција

А1 - 30.10.2008

Македонското МНР се откажа од протестна нота до канцеларијата за врски на Грција во Скопје. За националистичките извици на грчките командоси за време на воената парада во Солун, пред три дена, насочени против Македонија, ќе се жали до европските институции чии стандарди ги прекршила Грција.

Осуда, но без протестна нота

BBC - 30.10.2008

Македонското министерство за надворешни работи ги осуди завчерашните антимакедонски скандирања на грчки војници на парадата за националниот празник во Солун кога пред пред грчкиот претседател Каролос Папуљас и неколку министри за одбрана од регионот на парадата организирана по повод Националниот празник 28-ми Октомври во Солун, војниците извикуваа пароли„Македонија е грчка" или „Не им го даваме ...

Скандирањата не коментирани - Коњановски знаел

А1 - 30.10.2008

„Немам коментар“. Ова е се што денеска пред камерата на А1 изјави грчкото воено аташе акредитиран во Македонија. Грчкиот полковник немаше коментар за скандирањата на грчките воени специјалци на воената парада пред два дена во Солун кои директно беа насочени против Македонија. „Немам коментар“, рече Ефтимиос Сидиропулос грчко воено аташе полковник.

Коњановски не отишол во Солун бидејќи знаел што ќе се случи

Канал5 - 30.10.2008

Скопје, 30 октомври (МИА) - Министерот за одбрана Зоран Коњановски денеска изјави дека не ја прифатл поканата за учество на воената парада во Солун бидејќи претпоставувал дека ќе се случат антимакедонски провокации. - Мислам дека е сосема јасно зошто воопшто не отидов во Република Грција.

МНР: Шовинистичка парада на грчките војници

Алсат-М - 30.10.2008

Шовинизам, големодржавен национализам и непријателство кон Македонија, вака Министерството за надворешни работи во Скопје го коментира анти-македонското скандирање на припадници на грчката војска на воената парада во Солун. Претставници на министерството лично го имаат снимено овој настап на грчката војска, а ќе бидат известени сите меѓународни релевантни институциии, НАТО и Европската унија.

Грција со војска во борба за името

Дневник - 30.10.2008

Скандирањата на командосите од градот Превеза предизвикаа непријатна ситуација во ложата, но никој не ги осуди. Од центарот на Солун, Грција завчера, преку своите елитни армиски единици, одбележувајќи го националниот празник испрати застрашувачка порака до својот сосед дека „Македонија е грчка“.

МНР нема да протестира до грчката амбасадорка

Канал5 - 30.10.2008

Министерството за надворешни работи најостро ги осудува изблиците на национализам и шовинизам изнесени против Македонија за време на државниот празник во Грција 28 октомври. Наместо манифестацијата да претставува промоција на духот на соработка и мирна коегзистенција на народите од регионот, парадата се претвори во промоција на големо државен национализам и провокација насочена против Македонија ...

Пападопулу: Македонската влада не сака да ги слушне грчките одговори и аргументи

Канал5 - 30.10.2008

Грчката амбасадорка Пападопулу во писмената изјава во врска со прес конференцијата на заменик министерот Петров вели : „Од изјавите на Петров сфаќам дека овдешната влада не сака или не се осмелува да ги слушне грчките одговори и аргументи. Во секој случај, сето ова не е сериозно“, стои во писмената изјава на ...

МНР: Грција поддржува национализам и шовинизам против Македонија

Канал5 - 30.10.2008

Скопје, 30 октомври (МИА) - Министерството за надворешни работи најостро регира и ги осудува изблиците на национализам и шовинизам изнесени против Република Македонија за време на воената парада одржана во Солун на 28 октомври, изјави денеска во Скопје заменик шефот на македонската дипломатија Зоран Петров.

Петров е несериозен одговара Канцеларијата за врски на Грција во Македонија

Алсат-М - 30.10.2008

Амбасадорката на Грција во Македонија реагираше на прес-конференцијата на заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, со став дека неговите изјави оти МНР не чувствува потреба да ги слушне грчките ставови и аргументи се несериозни.

Демарш за грчкиот наци-марш

Дневник - 30.10.2008

Македонија вчера ги осуди изблиците на национализам и шовинизам против нашата земјата на воената парада на Грција одржана во Солун на 28 октомври. Заменик-шефот на македонската дипломатија Зоран Петров на прес-конференција рече дека МНР овој пат нема да реагира со протестна нота, туку за инцидентот ќе ги извести сите меѓународни релевантни институции чии основни документи, норми и стандарди се во ...

Коњановски–знаевме дека ќе има провокации

Макфакс - 30.10.2008

Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски денеска изјави дека не ја прифатил поканата за учество на воената парада во Солун бидејќи претпоставувал дека ќе се случат антимакедонски провокации. „Мислам дека е сосема јасно зошто воопшто не отидов во Грција.

МНР: Грција поддржува национализам и шовинизам против Македонија

Кирилица - 30.10.2008

Министерството за надворешни работи најостро регира и ги осудува изблиците на национализам и шовинизам изнесени против Република Македонија за време на воената парада одржана во Солун на 28 октомври, изјави денеска во Скопје заменик шефот на македонската дипломатија Зоран Петров.

Пападополу – Владата не сака или не се осмелува да ги чуе грчките аргументи

Макфакс - 30.10.2008

Пападополу – Владата не сака или не се осмелува да ги чуе грчките аргументи. Скопје /30/10/ 18:11. Владата не сака или не се осмелува да ги слушне грчките одговори и аргументи, изјави денеска грчката амбасадорка Александра Пападополу. Таа реплицираше на прашањата на новинарите, по денешната прес конференција на заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, на која тој ги осуди вчерашните ...

МНР ги осуди грчките изблици на национализам и шовинизам

Макфакс - 30.10.2008

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) денеска најостро реагира и ги осуди изблиците на национализам и шовинизам против Македонија изречени на воената парада на грчката армија што завчера се одржа во Солун. „МНР смета дека ваквиот чин на демонстрација на сила и непријателство кон Македонија е во директна спротивност со јавните заложби на државниот врв на Грција за добрососедство“, ...

Коњановски не отишол во Солун бидејќи знаел што ќе се случи

Кирилица - 30.10.2008

Министерот за одбрана Зоран Коњановски денеска изјави дека не ја прифатил поканата за учество на воената парада во Солун бидејќи претпоставувал дека ќе се случат антимакедонски провокации. - Мислам дека е сосема јасно зошто воопшто не отидов во Република Грција.

Осуда за грчкиот шовинизам и национализам, ќе бидат известени меѓународните инситуции

Нетпрес - 30.10.2008

Македонското МНР најостро реагира и ги осудува изблиците на национализам и шовинизам изнесени против Македонија за време на воената парада пред два дена во Солун. За министерството ваквиот чин на демонстрација на сила и непријателство кон нашата држава, е во директна спротивност со јавните заложби на грчкиот државен врв за добро соседство и конструктивен приод во решавање на отворените прашања ...

МНР ја осуди антимакедонската парада во Солун

Форум - 30.10.2008

Министерството за надворешни работи денеска остро ги осуди вчерашните провокации на грчката армија кога при вчерашната традиционална парада во Солун војниците извикуваа „Македонија е грчка“ и „името нема да им го дадеме на скопјаните“. Македонскиот конзулат ги снимал настаните и оригиналните снимки со превод ќе ги испрати до сите меѓународни организации.

Mакедонија со остар одговор на грчките провокации на Парадата во Солун

Сител - 30.10.2008

Изблици на национализам и шовинизам против нашата држава - со оваа квалификација македонското МНР остро ги осуди грчките провокации на воената парада во Солун. За недемократските и неевропски скандирања на грчките командоси, изразени јавно пред очите на Претседателот Папуљас и 10-на европски министри, МНР ќе ги извести сите релевентни меѓународни институцуии.

Грчките командоси скандираа анти-македонски пароли

Н.Македонија - 30.10.2008

„Македонија е грчка!“, „Во вените на Македонците тече грчка крв и нема да му го дадеме на Скопје тоа име“. Вака скандирале завчера грчките командоси на воената парада на централната прослава на националниот празник 28 октомври во Солун, пренесе „Макфакс“.

„Македонија е грчка“ - скандирања на Грчката армија

А1 - 29.10.2008

„Македонија е грчка“ и „Во вените на Македонците тече грчка крв, нема да го дадеме на Скопје тоа име“, скандираа грчките командоси на вчерашната воена парада на централната прослава на Националниот празник 28. Октомври во Солун. Овие скандирања на Клубот на грчките командоси предизвикаа непријатна ситуација во ложата на официјалните гости, пишува Етнос.

Националистички повици на грчки командоси на парада во Солун

Алсат-М - 29.10.2008

„Македонија е грчка” и „Во вените на Македонците тече грчка крв, нема да го дадеме на Скопје тоа име”, скандираа грчките командоси на вчерашната воена парада на централната прослава на Националниот празник 28 Октомври во Солун. Овие скандирања на Клубот на грчките командоси предизвикаа непријатна ситуација во ложата на официјалните гости, пишува Етнос.

Македонија е грчка! - извикуваа грчки војници на парада пред државниот врв

Канал5 - 29.10.2008

Со националистички пароли против Македонија грчката армија го прослави националниот празник 28 октомври. Со пароли Македонија е грчка, Во вените на Македонците тече грчка крв, Нема да му го дадеме името Македонија на Скопје, скандирале на воена парада во Солун припадниците на клубот на грчките командоси. Слика која се повторува на парадите на грчката војска во изминатите години.

Антимакедонски скандирања на воена парада во Солун

Кирилица - 29.10.2008

Пароли „Македонија е грчка“, „Во вените на Македонците тече грчка крв“ и „Нема да му го дадеме името Македонија на Скопје“, скандирале припадниците на Клубот на грчките командоси на вчерашната парада во Солун по повод Националниот празник на Грција 28 Октомври, пишува денеска весникот „Етнос“.

Грчката армија со националистички повици пред државниот врв

Макфакс - 29.10.2008

„Македонија е грчка” и „Во вените на Македонците тече грчка крв, нема да го дадеме на Скопје тоа име”, скандираа грчките командоси на вчерашната воена парада на централната прослава на Националниот празник 28 Октомври во Солун. Овие скандирања на Клубот на грчките командоси предизвикаа непријатна ситуација во ложата на официјалните гости, пишува Етнос.

“Македонија е грчка“ - скандирано на воената парада во Солун

Нетпрес - 29.10.2008

Скандирање на членовите на Клубот на грчките командоси - “Македонија е грчка“ и “Во вените на Македонците тече грчка крв, нема да му го дадеме тоа име на Скопје“, предизвикало нелагодност во ложата на официјалните гости при воената парада во Солун по повод нациналниот празник на Грција, пишува весникот “Етнос“.

Антимакедонски скандирања на грчките командоси на воена парада во солун

Сител - 29.10.2008

Македонија е грчка! Во вените македонски тече грчка крв! Не му го даваме името на Скопје! - Ова се паролите кои припадниците на грчката специјална воена единица ги извикуваа вчера на прославата на Денот на независноста на Грција. На воената парада присуствуваше грчиот претседател Карлос Папуљас и седум министри за одбрана од регионот кои биле изненадени од пораките на грчката армија, пишува ...

Воена парада во Солун за националниот празник на Грција

Нетпрес - 28.10.2008

Празнувањето во Грција по повод националниот празник 28 октомври Денот “Охи“, денеска достигна кулминација со воена парада на грчката армија во Солун, која ја следеше државното и политичко раководство на земјата, објави весникот “Елевтерос Типос“, на својата интернет страница. “На парадата присуствуваа и министри за одбрана од земјите од југоисточна Европа.

Воена парада во Солун по повод националниот празник на Грција

Кирилица - 28.10.2008

Балканските држави треба да одат по европски пат без да влезат во анахронизми и историски фалсификати. Тоа се наведува во пораката на грчкиот претседател Каролос Папуљас по повод денешниот национален празик на Грција. Процесот на промени на Балканот е навлезен во нова европска рамка. Регионот ги има веќе сите перспективи да се претвори во зона на мир и просперитет, се додава во пораката.