TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш го симнува Ахмети од „Црната листа“

А1 - 22.02.2003

Али Ахмети, лидерот на ДУИ и на поранешната паравојска во Македонија - ОНА, на 18 март патува за САД, дознава А1. Тоа практично значи и симнување на Ахмети од таканаречената „Црна листа“ на американскиот претседател Џорџ Буш.

Средбата со Ахмети за власта е нормална, за опозицијата е капитулација

Утрински - 22.02.2003

Реакции на политичките партии по средбата на Црвенковски со лидерот на ДУИ Првата официјална средба на премиерот Бранко Црвенковски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, предизвика различни реакции во владините и опозициските партиски кругови, кои се движат од оцената дека средбата не е ништо спектакуларно ...

Бигман: Средбата на Црвенковски со Ахмети е значајна и корисна

Утрински - 22.02.2003

Став на амбасадорот на НАТО во земјава Скопје - Амбасадорот на НАТО во Македонија, Николас Бигман, ја оцени како мошне значајна и корисна средбата на македонскиот премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, со претседателот на коалициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

Прва средба Црвенковски - Ахмети

Утрински - 21.02.2003

Вчера се сретнаа премиерот на Владата и лидерот на ДУИ, а за разговорите беше издадено заедничко соопштение за јавноста Претседателот на Владата на РМ и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вчера ја остварија првата нивна средба, реализирана во четири очи и ...

Црвенковски и Ахмети и официјално се сретнаа

Вест - 21.02.2003

ФОТОСЕСИЈА НА ПРЕМИЕРОТ И ЛИДЕРОТ НА ДУИ Еден од фоторепортерите се интересирал дали ќе има ракување, но премиерот Црвенковски му ја покажал вратата. На средбта била изразена безрезервна осуда на секој вид насилство, без разлика на политичка или кри Премиерот Бранко Црвенковски вчера имаше прва ...

Бигман: „Средбата Црвенковски - Ахмети нормална работа“

А1 - 20.02.2003

„Денешната официјална средба на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети е извонредна работа“, изјави за радио „Слободна Европа“ амбасадорот на НАТО во земјава, Николас Бигман. „Тие се на важни позиции во нивните партии и мислам дека соработката на овие партии во коалицијата ...

Црвенковски очи в очи со Ахмети

А1 - 20.02.2003

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од потпретседателката на партијата, Теута Арифи, денеска попладне првпат официјално се појави во зградата на Владата, на средба со премиерот и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. По речиси четиримесечно коалицирање на СДСМ и ДУИ, Црвенковски и Ахмети првпат ...