TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Коштуница: Господинот Легија самиот се предаде

Дневник - 06.05.2004

Српскиот премиер Воислав Коштуница ја разбранува српската јавност нарекувајќи го „господин Легијаа“ осомничениот атентатор и убиец Миодраг Луковиќ, кој има и дебело криминално досие. - Владата на Србија не го охрабри господинот Легија да се предаде. Господинот Легија самиот се предаде.

Легија се криел во Македонија, Бугарија и во Република Српска

Време - 06.05.2004

СРПСКИ БИВШ ТАЕН АГЕНТ ТВРДИ Адвокат на српскиот командант Милорад Луковиќ-Легија тврди дека неговиот клиент спокојно си седел во Белград изминативе 14 месеци по атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ, кој му се припишува. - Луковиќ цело време беше во својата куќа, и тоа по барање на двајца високи ...

Легија се криел и во Македонија

Дневник - 06.05.2004

белград Миодраг Луковиќ-Легија се криел „како стаорецц“ низ подземјата на Македонија, Бугарија и Република Српска, но неодамна останал без пари и поддршка, па се предал, тврди приватниот детектив Божидар Спасиќ, ветеран на српската тајна полиција.

Легија: Ќе кажам се

Време - 05.05.2004

ПО АПСЕЊЕТО НА СРПСКИОТ ДРЖАВЕН НЕПРИЈАТЕЛ БРОЈ 1 Сакам да докажам дека сум невин, да ја зачувам честа на моето семејство и да ја десатанизирам мојата единица - му изјавил Милорад Луковиќ-Легија на началникот на Службата за државна безбедност на Србија, Мирослав Милошевиќ, тврди белградскиот весник ...

Живата ризница Легија од злосторник до јунак!?

Дневник - 05.05.2004

АНАЛИЗА ЗА ДОБРОВОЛНОТО ПРЕДАВАЊЕ НА СРПСКИОТ МАФИЈАШ Легија е ризница на информации што на многумина српски политичари им предизвикува несоница- забележува љубљанскиот весник „Дневник“ Милорад Луковиќ-Легија внимателно ја пресметал политичката ситуација во Србија и се предал во моментот кога ...

Легија цело време по атентатот на Ѓинѓиќ бил во Белград

Вест - 05.05.2004

Белград, 5 мај, - Милорад Луковиќ Легија сето време по убиството на српскиот премиер Зоран ѓинѓиќ на 12 март 2003 година се наоѓал во својата куќа во Белград и тоа на барање на двајца виоки официри на полицијата, рече вчера неговиот адвокат Слободан Миливојевиќ.

Со часови седел во кафез со тигар

Време - 05.05.2004

Роден е како Милорад Улемек Луковиќ на 15 март 1968 година во Белград. Татко му Милан бил офицер, а мајка му Наталија - домаќинка. Првите чекори во белградското подземје ги направил со Кристијан Голубовиќ. Но, од Србија побегнал по првото апсење, откако ограбил продавница за спортска опрема.

Легија не се предал ако немал покритие за тоа

Утрински - 05.05.2004

Возбуденост во српската политика и јавност по предавањето на Милорад Луковиќ Многу прашања за власта која сега нема одговори Димитар Чулев Вистинска бура на реакции предизвика предавањето на Милорад Луковиќ-Легија првообвинетиот за минатогодишниот атентат врз премиерот на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, и ...

Обвиненијата против Легија:

Време - 05.05.2004

- Првообвинет е за атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, извршен на 12 март 2003 година пред влезот во зградата на српската влада - Го организирал убиството на поранешниот српски претседател Иван Стамболиќ, во август 2000 година.

Љубљански Дневник: „Легија се предаде во внимателно одредено време“

А1 - 04.05.2004

Времето на предавство на Милорад Луковиќ Легија, првообвинет за убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, е внимателно и добро одредено, пишува во денешниот број љубљанскиот весник „Дневник“. „Доброволното предавање се случи во време кога на власт е гарнитура која што нема да говори за командантите ...

Подземјето му подлегнува на законот

Време - 04.05.2004

Легија и се предаде на полицијата Милорад Луковиќ - Легија, првообвинетиот главен осомничен за минатогодишното убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ завчера доброволно и се предаде на српската полиција, потврди српскиот министер за внатрешни работи, Драган Јочиќ.

Легија се предаде

Вест - 04.05.2004

Белград, 4 мај - Милорад ЛуковиЌ - Легија, првообвинетиот во процесот за убиство на српскиот премиер, прексиноЌа самоиницијативно и се предаде на полицијата, соопШти српскиот министер за внатреШни работи Драган ЈоциЌ. "Тој е лиШен од слобода, а законската постапка е во тек.

Легија и се предаде на српската полиција

Дневник - 04.05.2004

ПО ЕДНОГОДИШНО БЕГСТВО Осомничениот организатор за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, Милорад Луковиќ Легија завчера и се предаде на српската полиција. Министерот за внатрешни работи Драган Јоциќ соопшти дека Легија е лишен од слобода, а законската постапка против него е во тек.

Миодраг Луковиќ - Легија самиот и се предаде на полицијата

Утрински - 04.05.2004

По едногодишна потрага по главноосомничениот за атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ Досега 13 лица се обвинети за учество во заговорот на криминалната банда "Земунски клан" за убиство на Ѓинѓиќ , но само петмина од нив, вклучувајќи го и снапјеристот, се во притвор БЕЛГРАД - Осомничениот ...

Легија ќе мора да разјасни и објасни многу работи

Утрински - 04.05.2004

По доброволното предавање на Милорад Луковиќ на белградската полиција Прашање е зошто Легија се предаде, со кого разговарал околу предавањето и што му е ветено, но тој не може "од џелат да стане жртва" Апсењето на Милорад Луковиќ-Легија се очекува да разјасни многу злосторства од времето на режимот ...

Ситниот белградски крадец кој порасна во легионер

Утрински - 04.05.2004

Бурна криминално злосторничка биографија По грабежот на продавницата за спортска опрема "Елан" во средината на 80-те бега во Лондон, а подоцна и се приклучува на Легијата на странците од каде што го доби прекарот Триесет и четиригодишниот Миодраг Улемек Луковиќ, еден од водачите на криминалната ...

Милорад Луковиќ-Легија и се предаде на полицијата

А1 - 03.05.2004

Министерството за внатрешни работи на Република Србија соопштува дека вечерва, на втори Мај, околу 21 часот, Милорад Луковиќ - Легија, првообвинет во процесот за убиство на премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ, им се предаде на органите на МВР.

МИЛОРАД ЛУКОВИЌ-ЛЕГИЈА И СЕ ПРЕДАДЕ НА СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА

Канал5 - 03.05.2004

Министерот за внатрешни работи на Србија Драган Јочиќ потврди дека синоќа, поранешниот командант на специјалните единици Милорад Луковиќ-Легија, првообвинет за убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, и се предал на полицијата.