TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

БОЛИВИЈА-НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Канал5 - 18.10.2003

Во Боливија, едномесечните народни протести и 70 загубени човечки животи резултираа со нов привремен претседател на земјата. Боливискиот конгрес, на вонредната седница, ја прифати оставката на претседателот Де Лосада и го именуваше потпретсе Во Боливија, едномесечните народни протести и 70 загубени ...

Илјадници рудари, селани и земјоделци маршираат кон Ла Паз

Дневник - 16.10.2003

МАСОВЕН БУНТ ВО БОЛИВИЈА Боливиските власти, разнишани од масовен социјален бунт, вчера се подготвуваа за судир со илјадници рудари, селани, земјоделци и други сиромашни граѓани што маршираа кон главниот град Ла Паз со единствено барање да замине претседателот Гонзало Санчез де Лозада, јави Ројтерс.

Улична војна во Ла Паз

Дневник - 15.10.2003

МАСОВНИ НЕРЕДИ ВО БОЛИВИЈА Британските власти ги предупредија своите државјани да избегнуваат да патуваат во Боливија поради крвавите пресметки меѓу владините сили и граѓаните што кренаа бунт против претседателот Гонзало Санчез де Лозада, јави Ројтерс.

15 загинати, стотици повредени во протести во Боливија

А1 - 14.10.2003

Најмалку 15 лица загинаа, а стотици се повредени синоќа во главниот боливиски град Ла Паз и во предградието Ел Алто во судири меѓу полицијата и демонстрантите, кои бараа оставка на претседателот Гонзало Санчез де Лозада Бустаманте.

Крваво задушен бунт против претседателот

Дневник - 14.10.2003

БОЛИВИЈА Боливиските сили за безбедност завчера убија дваесетина лица, вклучувајќи и петгодишно дете, при задушување насилен протест против претседателот Гонзало де Санчез Лозада, јави Ројтерс. Луѓето во сиромашниот кварт Ел Алто ги блокирале приодите кон главниот град Ла Паз, во кој речиси се ...

Во интервенцијата со тенкови убиени 20 демонстранти

Утрински - 14.10.2003

Армијата ги задуши протестите против боливискиот претседател ЛА ПАЗ - Во неделата околу 20 демонстранти се убиени откако владата на Боливија испрати илјадници војници поддржани со тенкови да го задушат насилството против претседателот Гонзало Санчез де Лозада, кое се повеќе се зголемуваше.

Над 18 загинати во немири во Боливија

А1 - 13.10.2003

Најмалку 18 лица загинаа, меѓу кои и петгодишно дете, а над 50 се повредени во синоќешните судири помеѓу група демонстранти и боливиските војници во градот Ел Алто, јавија локалните медиуми. Демонстрантите протестираа против плановите на Владата да извезува природен гас во соседно Чиле.

Десетмина загинати во судири во Боливија

Канал5 - 13.10.2003

Најмалку десет лица се убиени во Боливија, меѓу нив и едно младо момче, во новиот ден со судири меѓу анти-владините демонстранти и безбедносните сили. Насилствата се случија во градот Ел Алто, во близина на престолнината Ла Паз.