Вчера семејствата на осмумината загинати војници и полицајци кај тетовското село Вејце околу 14 часот го посетија местото каде што на свиреп начин беа убиени нивните синови и сопрузи. Комеморативниот чин, без присуство на новинарите според потврдата на Мирјана Контевски, изминал мирно и без никакви ...
САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Вејце не е Багдад за да се освои во еден наврат 1 Еј човече, ја сакам оваа игра! Колку е убаво да си американски амбасадор во Македонија. Претседателот на државата ни во тоалет не оди без да добие дозвола од Батлер.
Во присуство на претставници на МВР, АРМ и на меѓународната заедница Семејствата и роднините на загинатите македонски бранители вчера положија цвеќе на местото каде што нивните најблиски беа убиени на 28 април 2001 година од страна на припадниците на ОНА.
ИНТЕРВЈУ - Хари Костов, министер за внатрешни работи, за настаните околу Вејце, за исчезнатите лица, за апсењата на функционерите Гордана Дувњак И покрај најавите дека по непријатните настани со блокадата во Вејце, семејствата на загинатите денес ќе можат да го посетат местото на злосторството, ...
ОСТВАРЕНА КОМЕМОРАЦИЈА Се уверивме дека тоа што се случи пред две години било класична стапица, изјавија роднините на убиените припадници на безбедносните сили Семејствата на припадниците на безбедносните сили вчера го посетија местото кај тетовското село Вејце, каде што беа убиени нивните ...
Роднините на загинатите припадници на безбедосните сили кај Вејце денеска ја реализираа планираната комеморација. Четири џипа со дваесетина членови на семејствата на загинатите бранители околу пладне тргнаа да положат цвеќе кон местото каде во 2001 година беа свирепо убиени нивните деца.
ЕУ за можниот договор на нашава земја со САД "Сите земји кои не се членки на ЕУ не се обврзани да го почитуваат едногласниот став на Унијата за признавање и поддршка на Меѓународниот суд за воени злосторства", изјави вчера портпаролката на ЕУ, Ирена Ѓузелова, во контекст на наводниот притисок кој ...
МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПАК НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЕЈЦЕ Селаните од шарпланинските села Вејце, Лавце, и Селце вчера, по петчсовни преговори со министерот за внатрешни работи Хари Костов, се согласија да дозволат посета на местото каде што во војната sверски беа убие По пет часа преговарање со ...
ИЗЈАВА Сосема е јасно дека Вејце е голем инцидент и не го потценуваме заради тежината на самиот инцидент, туку заради симболиката. Правиме напори, веруваме успешни. До крајот на оваа недела замисленото ќе се оствари, изјави премиерот Бранко Црвенковски, коментирајќи го блокирањето на патот кон ...
ВЧЕРА ВО ТЕТОВСКО СЕЛЦЕ Албанците од Вејце, Селце и од Лавце наредните денови сепак ќе им дозволат на роднините на осумте загинати бранители да го посетат местото на масакрот и да им оддадат почит на своите најмили, кои загинаа таму пред две години.
Синдикатот на полицијата на Македонија денеска ги повика жителите на тетовските села да не ги спречуваат роднините на настраданите македонски војници и полицајци да положат цвеќе на местото каде тие загинаа. Тие бараат од локалните жители да имаат доверба во полицијата.
Родителите на армиските и полициските специјалци, кои загинаа за време на конфликтот во 2001 година кај тетовско Вејце ќе можат да го посетат местото на настанот во некои од наредните денови. Ова денеска било договорено на шестчасовните разговори меѓу владините и претставниците на меѓународната ...
Премиерот Бранко Црвенковски смета дека последните настани кај Вејце не смеат да се потценуваат, но верува дека роднините на загинатите припадници на безбедносните сили набрзо ќе можат да го посетат местото на убиството. „Апсолутно е сосема јасно дека она што се случи во Вејце е голем инцидент и не ...
Највено е оти во сабота, заедно со роднините на загинатите кон Шарпланинското село, освен министерот Костов, имале намера да тргнат и генералот Марал, амбасадорот на САД Батлер, европретставникот Алексис Брун Претставниците на меѓународната заедница во Македонија наредниве денови ќе им го пробиваат ...
ЕУ Она што се случи во саботата кај Вејце беше сериозен инцидент - оцени портпаролката на ЕУ, Ирена Ѓузелова, за "Утрински весник", додавајќи дека со месеци тензиите не биле високи како тој ден."Ние му даваме целосна поддршка на министерот Хари Костов и на неговите обиди да најде начин роднините на ...
Агрон Буџаку, потпретседател на Собранието и на Демократската унија за интеграција Борис Георгиевски Како се коментираат во ДУИ случувањата во Вејце? - Тоа е еден инцидент што не треба да се повтори. Работиме на тоа да не се случуваат такви инциденти во иднина.
По саботното попречување на организираниот конвој да го посети местото на загинатите припадници на АРМ Министерот за внатрешни работи, Хари Костов, заедно со амбасадорите на САД, ЕУ,ОБСЕ, командантот на воената мисија на ЕУ "Конкордија", лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и неколкумина пратеници од ...
Реакции на политичките партии за блокирање на конвојот кај Вејце Скопје - Блокадата на конвојот кој требаше завчера да го посети Вејце, каде што пред две години беа масакрирани осуммина припадници на македонските безбедносни сили, е манипулација со луѓето во политички цели, претставува застој во ...
ОБСЕ "Основно човеково право на сите луѓе е можноста да им се оддаде почит на своите сакани, без оглед на етничката припадност, религија, националност и друго", е ставот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во врска со саботните блокади на патот кон селото Вејце.
Албанци од Селце, од Лавце и од Вејце во саботата не дозволија родителите и роднините на осумте масакрирани припадници на македонските безбедносни сили да го посетат местото на злосторството, да остават цвеќе и да запалат свеќа за помен на нивните души.
РЕАКЦИИ ПО БЛОКАДАТА КАЈ ТЕТОВО Владата, претставници на СДСМ и на ДУИ вчера порачаа дека комеморацијата за осумтемина загинати припадници на безбедносните сили кај тетовското село Вејце, која во саботата беше оневозможена поради блокадата на месните жители од ова и од други две села, ќе се одржи ...
„Чинот на чествување на загинатите мора да се одржи и ќе се одржи“, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јани Макрадули, во врска со завчерашното блокирање на конвојот кој требаше да го посети местото во близина на тетовското село Вејце, каде пред две години беа масакрирани ...
Во саботната блокада на патот кон Вејце покрај локалните жители учествувале и луѓе кои не биле од тој крај, дознава А1. Засега нема потврда на шпекулациите, дека тие биле поддржани од некоја политичка партија. Присуството на лица од страна можеби и беше причината поради која претставниците на ...
РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ВАЖИ САМО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ Претставниците на ЕУ и ОБСЕ вчера никаде ги немаше да реагираат за блокадите на патот Тетово - Вејце, поставени од албанското население од шарските села, со кои спречија семејствата на осумтемина....
ПОД ШАРА БЛОКИРАН СОЖИВОТОТ Жителите на Селце, Лавце и на Вејце не успеа да ги разубеди ниту амбасадорот Батлер, а министерот Хари Костов најави дека ако месните жители до сабота не ги поканат да го посетат местото на убиството, тој ќе поднесе оставка Партиите од власта и од опозицијата ја осудија ...