Претседателот на Владата пред неколку денови без да го објави датумот за одржување на изборите ја започна кампањата на владејачката партија, притоа најавувајќи дека таа ќе се базира на три столба и тоа: економија, едукација и европеизација.
Апелациониот суд од Скопје им ја зголеми казната на Јован Стојановски од Скопје и Александар Марковски од Охрид, осудени за нанесување на телесни повреди на новинарот Спасе Шуплиновски. Стојановски и Јовановски со првостепена пресуда беа осудени на казни затвор во траење од по три месеци, но по ...
"Јавните претпријатија наполно ќе колабираат доколку Владата не го намали ДДВ од 18 на 5 отсто. Нивниот долг по основ на даночни обврски во моментот изнесува околу осум милиони евра, што наскоро може да доведе до сериозни проблеми во понатамошно функционирање на градот", предупредува ...
Тенорот Хозе Карерас на седми јули ќе го отвори "Хистриа" фестивалот во пулската "Арена". Фестивалот ќе заврши со мултимедијалниот спектакл "Реквием - архитектура на тишината", приреден по повод 250-годишнината од раѓањето на Волфганг Амадеус Моцарт.
Традиционалната, повеќевековна соработка меѓу македонскиот и црногорскиот народ од завчера е крунисана со Здружение на Македонско-црногорско пријателство во РМ. "Сведоци" на овој чин кој се случи во хотелот "Александар Палас", покрај членовите и симпатизерите на Здружението и претставници на двете ...
Земјите од западниот Балкан мора да постигнат политичка стабилност пред Европската унија да го разгледа прашањето за нивно членство, рече во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со словенечкиот премиер, Јанез Јанша.
"4 Плеј" не се распаѓа, а девојките и понатаму остануваат да функционираат заедно, велат од М2 продукција, под чија капа се наоѓа единствениот домашен женски бенд. Повод за сомнежите дека нешто се случува меѓу девојките од групата беше нивното појавување на хуманитарниот концерт, организиран со цел ...
Две убави и една неубава вест околу филмот "Пред дождот" на режисерот Милчо Манчевски. Убавата вест е дека ќе се прикаже во ретроспективата на најдобри филмови-учесници во 25-годишната историја на Истанбулски филмски фестивал кој ќе се оддржува од 1 до 16 април во Турција.
Спотот за нумерата "Лејла" што Хари Варешановиќ или попознат како Хари Мата Хари ќе ја отпее во Атина е снимен. Режисер на приказната, чие дејство се случува во Мостар и околината, е Пјер Жалица. Првобитната идеја била целата сторија да се сними во стариот дел на градот, но со оглед на тоа што ...
- На почетокот противникот не изненади со агресивната игра над нашиот бек Петровски и зоната 3-2. Подоцна се средивме, најдовме соодветно решение и заслужено победивме. Овој триумф е значаен и поради тоа што пред разигрувањето за титулата во меѓусебните дуели со Ф.
Наместо да зборува за "3-Е", економија, едукација и европеизација, Бучковски треба да одговори на "3-НЕ", невработеност, немаштија и незадовоство, рече Антонио Милошовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.
Наставно-научниот совет на Вишата медицинска школа од Битола донесе отказно решение за професорот Крсте Велковски, кој пред неполни два месеци осум дена беше во притвор за злоупотреба на службената должност и обљуба на студентка.
Деталниот урбанистички план за Градски парк е во ред и нема никакво прекршување во спроведувањето на постапката за негово донесување. Оваа оцена ја даде Уставниот суд по разгледувањето на барањето за поништување на планот. За неговата законитост, деновиве, биле известени надлежните служби од ...
"Разбирам дека во Европа постои одредена загриженсот за понатамошното проширување на ЕУ. Но, ние во ЕУ мораме да бидиме фер и не смееме да дозволиме нашите неуспеси во домашната политика на државите-членки на ЕУ да ги натовариме на политиката за ширење на ЕУ и цехот на тие неуспеси да ги платат ...
Педесетина поранешни работници на АД "ЧИК" во стечај вчера се собраа пред влезот на фирмата, незадоволни од, како што истакнуваат, непочитувањето на договорот од купувачите на фирмата, италијанските бизнисмени Џино Гуацини и Ренцо Форментини.
Професионалната театарска сцена во Македонија е еден од сегментите, оние културни, се разбира, преку кои се претставува квалитетот на македонската култура и уметност. Како неодминлив дел на таквата репрезентативна постапка, секако дека се и гостувањата на разни места во Европа и светот.
Даниела ТРАЈКОВСКА Советниците на Општина Аеродром одобрија донација од 300 илјади денари што ќе биде наменет за помош во изградбата на верскиот храм "Св. Илија" лоциран кај поликлиниката Јане Сандански. Средствата ќе бидат издвоени од резервите на буџетот на оваа локална единица и уплатени на ...
Полицијата во Багдад во последните 24 часа открила тела на најмалку 80 убиени мажи, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи. Телата биле пронајдени и во сунитските и во шиитските делови на Багдад, но повеќето биле откриени во шиитскиот кварт Садр.
Очигледно на манекенките не им е место секаде. Тоа го покажала и една од хостесите на Саемот за автомобили, која за посетителите "презентираше" едно необично возење низ халата на Скопскиот саем. Сакајќи да го крене покривот на прескапиот "мерцедес купе", хостесата ненамерно го свртела клучот и ја ...
Општина Аеродром ќе побара од Министерството за одбрана да им се доделат на користење спортските терени во состав на касарната "Гоце Делчев". Од општинската комисијата за спорт и млади, потенцираат дека тие во иднина би биле користени од страна на клубовите кои егзистираат на територија на оваа ...
Марко "Дај побрзај" го бидува за се, ама дека во тоа се се подразбира свирење и пеење и стриптиз, имавме прилика да се увериме дури неодамна. Додуша, полович ниот стриптиз го остави за по настапот и повеќе се истакна во музицирањето, ама, за среќа, обожавателките не му забележаа.
Текстот на победничката исвиркана нумера "Моја љубов" е на Милан Периќ, музиката на Далибор Недовиќ, а аранжманот на Владимир Дојчиновски Сите наши евровизиски скандали во споредба со она што завчеравечер се случи на српско-црногорскиот избор на Песна за Евровизија се "нула".
Ирена Гапковска - Едноставен заклучок е дека работите кај нас функционираат премногу локално, премногу затворено, и пред се во корист на својот интерес, кој никако не може да биде развиен во државен, а уште помалку во национален.
По 19. коло на Првата македонска фудбалска лига, борбата за врвот но и опстанок во елитата станува се поинтересен и понеизвесна. Бранителот на табелата и лидер на табелата Работнички К. во првиот пролетен настап освои само бод на гостувањето во Прилеп, додека неговиот прв придружник Вардар славеше ...
Министерството за економија ќе бара нов газда на рудниците за олово и цинк "Злетово" и "Тораница" иако се уште не одлучило како ќе го раскине купопродажниот договор со американската фирма "Ксеминекс", која две години по купувањето не вложи ниту денар за нивно рестартирање.
Босанскиот филм "Грбавица", добитник на престижната берлинска награда "Златна мечка", нема да се дистрибуира во Србија. Тоа го вознемири и филмскиот Фонд "ЕУРОИМАЖ", кој изрази загриженост поради таа одлука. "Бордот на менаџери на Фондот, кој даде поддршка на тој филм, ја изразува загриженоста за ...