TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во САД седуммина загинати во пожар

А1 - 17.08.2008

Седум луѓе, од кои шест деца, синоќа загинаа во пожар што ја зафати двокатна приватна куќа во Мемфис, американската држава Тенеси. Три деца се здобиле со изгореници.

Голем пожар беснее на Беласица

А1 - 17.08.2008

Голем шумски пожар беснее на планината Беласица кај Струмица. Над селата Свидовица, Куклиш и Орманли, горат околу 400 хектари мешана шума. Најкритично е во местото викано Коџа-Чаир. Пожарот на планината Беласица избувнал вчера околу 15 часот.

Пожари низ Македонија

А1 - 17.08.2008

Освен пожарите во струмичко и дојранско, се уште е активен и пожарот во близина на селото Цер, кичевско, но е ставен под контрола. Спречено е огнот да се прошири кон борова шума и е насочен кон карстниот предел, во кој нема вегетација.

ШЕСТ ДЕЦА ЗАГИНАА ВО ПОЖАР ВО СЕМЕЈНАТА КУЌА

Телма - 17.08.2008

ШЕСТ ДЕЦА ЗАГИНАА ВО ПОЖАР ВО СЕМЕЈНАТА КУЌА - Седум луѓе, од кои шест деца синоќа загинаа во пожар што ја зафати двокатна приватна куќа во Мемфис, американската држава Тенеси. Три деца се здобиле со изгореници.

Пет пожари од високите температури

Форум - 17.08.2008

Високите температури и човечката негрижа се причина во текот на вчерашниот ден да избувнат пет пожари. Во пожарот кај Македонска Каменица има двајца повредени, а во Гевгелиско едно лице е повикано на разговор во полицијата Центарот за управување со кризи и Министерството за внатрешни работи вчера ...

Мајка и шест деца изгореле во семејната куќа во Мемфис

Кирилица - 17.08.2008

Мајка и шест нејзини деца загинаа во пожарот што ја зафатил семејната куќа во Мемфис, во американската сојузна држава Тенеси, јави АП. Три деца, според агенцијата, преживеале и сега се во стабилна состојба.

ВО САД СЕДУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР

Сител - 17.08.2008

Три деца се здобиле со изгореници. Пожарникарите од куќата извадиле тела на 38-годишна жена, едно момче од 18 година, три девојчиња на возраст од девет, седум и четири години и на две момчиња од пет и од една година.

Пожар на Беласица и на неколку други локации во земјава

Кирилица - 17.08.2008

Пожар е забележан во струмичкиот регион, поточно меѓу селата Куклиш и Костурино, на почетокот на планината Беласица, јави Центарот за управување со кризи(ЦУК). - На теренот се излезени екипи од шумското стопанство, противпожарни бригади и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во САД седуммина загинати во пожар

Канал5 - 17.08.2008

Вашингтон, 17 август (МИА) - Седум луѓе, од кои шест деца синоќа загинаа во пожар што ја зафати двокатна приватна куќа во Мемфис, американската држава Тенеси. Три деца се здобиле со изгореници.

Нов пожар во Струмичко на планината Беласица

Канал5 - 17.08.2008

Струмица, 17 август (МИА) - Голем шумски пожар веќе втор ден беснее на планината Беласица во месноста Наѓа-Чаир над селата Костурино и Куклиш во близина на Струмица.

Гори во струмичко на планината Беласица

Канал5 - 17.08.2008

Нов голем пожар беснее во струмичко меѓу селата Куклиш и Свидовица во подножјето на планината Беласица. Досега се уништени над 300 хектари мешана шума. Пожарот избувнал вчера попладне, а во текот на денешниот ден, ветрот го шири кон магистралниот пат Струмица - Валандово.

Шеесетгодишен брачен пар од М. Каменица од невнимание го предизвикале пожарот

Канал5 - 17.08.2008

60-годишниот брачен пар Џувалекови од М. Каменица од невнимание го предизвикале пожарот кој зафати 50 хектари шума  и се закануваше на Каменица во текот на вчерашниот ден. Брачниот пар со лесни повреди од пожарот  завршил во болницата во Кочани.

Седум мртви при пожар во САД

Нетпрес - 17.08.2008

Најмалку седум лица, од кои пет деца, го изгубиле животот во пожар кој вчера уништил една куќа во американскиот град Мемфис, во сојузната држава Тенеси.

Голем пожар на Беласица

Макфакс - 17.08.2008

Пожарот на планината Беласица, што избувна во саботата попладне, се уште е активен и според првичните проценки досега уништи 400 хектари дабова и борова шума. Според информациите, огнената стихија засега тешко може да се стави под контрола.

Пожари низ Македонија

Макфакс - 17.08.2008

Околу 150 хектари смрека и висока трева се зафатени од пожарот во струмичкиот регион, во просторот меѓу селата Куклиш и Костурино, на почетокот на планината Беласица Како што попладнево соопшти Центарот за управување со кризи, пожарот се уште е активен а се очекува во текот на денот едниот крак од ...

Изгаснати два мали пожара во Тетовско

Дневник - 16.08.2008

Изгаснати два мали пожара во Тетовско Изгаснати се двата одделни пожара што завчера во Тетовско зафатија околу 6.000 квадратни метри сува трева, багрем и нискостеблести растенија. Направена е мала материјална штета. Првиот пожар избувнал во атарот на село Доброште.

Подметнувач на пожар во Струмичко, зад решетки

Кирилица - 16.08.2008

Пожарот, соопштува регионалниот центар за управување со кризи, бил локализиран благодарение на заедничките напори на противпожарникарските работници од Гевгелија, месното население, лица од Шумското стопанство и од Македонски железници.

Голем пожар над Македонска Каменица

Канал5 - 16.08.2008

Гори над Македонска Каменица. Пожарот што избувна денеска пред пладне во попладневните часови се прошири и зафати 50 хектари ниско стеблеста, борова и дабова шума, но и приватни овошни парцели и ги доведе во опасност 60-тина куќи од селото Косевица, градот и објектот на градската топлана.

Пожар беснее во Кичевско

А1 - 15.08.2008

Пожар со кој е зафатена нискостеблеста шума, грмушки, сува трева и смрека избувнал во околината на Кичево, во близина на селото Цер, јави Центарот за управување со кризи.

Реактивирани пожарите низ Македонија

Кирилица - 15.08.2008

Пожарот кој што бил изгаснат пред неколку дена на местото Алакинци, помеѓу селата Стањевци и Алакинци, вчера е реактивиран. Како што соопштија од центарот за управување со кризи во гаснењето на пожарот учествувале противпожарни работници Свети Николе и ЈП Македонски Шуми.

СЕ УШТЕ АКТИВЕН ПОЖАРОТ КАЈ ЦЕР, ЛОКАЛИЗИРАН КАЈ БУДЕВИЦА

Сител - 15.08.2008

СЕ УШТЕ АКТИВЕН ПОЖАРОТ КАЈ ЦЕР, ЛОКАЛИЗИРАН КАЈ БУДЕВИЦА Кај кичевското село Цер се уште е активен пожарот што зафати нискостеблеста шума, грмушки, сува трева и смрека, информира Центарот за управуавње со кризи.

Топлото време ги реактивира изгаснатите пожари

Нетпрес - 15.08.2008

Пожарот што го имало зафатено местото Будевица, помеѓу селата Стањевци и Алакинци, кој што бил пред неколку дена целосно изгаснат, вчера е реактивиран. Како што соопштија од центарот за управување со кризи во гаснењето на пожарот учествувале противпожарни работници Свети Николе и ЈП Македонски Шуми.

Пожар беснее во Кичевско

Макфакс - 15.08.2008

Пожар со кој е зафатена нискостеблеста шума, грмушки, сува трева и смрека избувнал во околината на Кичево, во близина на селото Цер, јави Центарот за управување со кризи.

Локализиран пожарот на Кајмакчалан

Дневник - 14.08.2008

Локализиран пожарот на Кајмакчалан Пожарот што повторно беше активен на планината Кајмакчалан, кај месноста Петте Чешми, на границата со Грција, е локализиран, соопштија од Центарот за управување со кризи.

РЕГИСТРИРАНИ ДВА НОВИ ПОЖАРА ВО КИЧЕВСКО И КУМАНОВСКО

Сител - 14.08.2008

РЕГИСТРИРАНИ ДВА НОВИ ПОЖАРА ВО КИЧЕВСКО И КУМАНОВСКО Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека се регистрирани два пожара на територијата на општина Кичево, а пожар се појавил и на потегот село Романовце – Агино Село.

Пожари низ Македонија

Кирилица - 14.08.2008

Два пожари вчера биле регистрирани на територијата на општина Кичево. Според информациите од Центарот за управување со кризи, првиот се појавил во близина на селото Цар, каде што беше зафатено нискостеблеста шума, грмушки, сува трева и смрека.

Низ земјава активни неколку пожари

Нетпрес - 14.08.2008

На територијата на општина Кичево вчера биле регистрирани два пожари. Првиот се појавил во близина на селото Цар, каде што беше зафатено нискостеблеста шума, грмушки, сува трева и смрека.

ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ НА КАЈМАКЧАЛАН, ПОВТОРНО АКТИВЕН КАЈ СЕЛО ГРАШНИЦА

Сител - 13.08.2008

ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ НА КАЈМАКЧАЛАН, ПОВТОРНО АКТИВЕН КАЈ СЕЛО ГРАШНИЦА Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека е локализиран пожарот на Кајмакчалан, на македонска страна, а кај селото Грешница вчера повторно се активирал и проширил кон локалитетот „Рамне“.

Локализиран пожарот од двете страни на границата на Кајмакчалан

Макфакс - 13.08.2008

Пожарот кој повторно беше активен на планината Кајмакчалан, кај месноста наречена Петте Чешми на границата со Грција е локализиран, соопшти Центарот за управување со кризи.

НОВ ПОЖАР ВО ВЕЛЕШКО, НА КАЈМАКЧАЛАН СЕ УШТЕ НЕ ИЗГАСНАТ

Сител - 12.08.2008

НОВ ПОЖАР ВО ВЕЛЕШКО, НА КАЈМАКЧАЛАН СЕ УШТЕ НЕ ИЗГАСНАТ Пожарот на Кајмакчалан кај местото Пет чешми се уште не е изгаснат, а нов пожар избувна во близина на селото Слп, Велешко, инфомира Центарот за управување со кризи.

Нов пожар во Велешко, на Кајмакчалан се уште не изгаснат

Канал5 - 12.08.2008

Скопје, 12 август (МИА) - Пожарот на Кајмакчалан кај местото Пет чешми се уште не е изгаснат, а нов пожар избувна во близина на селото Слп, Велешко, инфомира Центарот за управување со кризи.

Гори на Кајмакчалан и во велешко

Кирилица - 12.08.2008

Пожарот на Кајмакчалан кај местото Пет чешми се уште не е изгаснат, а нов пожар избувна во близина на селото Слп, велешко, инфомира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот на Кајмакчалан се уште не е изгаснат

Нетпрес - 12.08.2008

Од центар за управување со кризи информираа дека пожарот на Кајмакчалан кај местото Петте Чешми кој избувна пред една недела се уште не е изгаснат. Иако пожарот е ставен под контрола во неговата внатрешноста имало недогорени трупци и гранки.