Вкупно 51 лице умреле во Кина од нетипичното воспаление на белите дробови наречено САРС, а регистрирани се 1.247 заболени, изјави денеска кинески функционер на здравствените служби. Кинеското министерство за здравство на прес-конференцијата соопшти дека во оваа земја од САРС умрел и еден од ...
Од атипичната пневмонија, позната како САРС досега во светот починаа најмалку 84 лица, а регистрирани се 2.353 инфицирани, соопшти Светската здравствена организација. Од 19 земји каде се распространи вирусот, најпогодена е Кина каде што досега од САРС починаа 49 лица, а заразени се 1.220.
ПНЕВМОНИЈАТА И ВО АВСТРАЛИЈА? Две канадски братчиња и нивната сестричка биле ставени во карантин во австралискиот град Мелбурн поради страв дека барем едно од нив боледува од смртоносната пневмонија САРС, јави Ројтерс. Кај тригодишното девојче биле утврдени симптоми на САРС, додека братчињата, кои ...
Проф. Д-р Дејан Докиќ за нетипичната пневмонија што го потресува светот РИСТЕ НЕДАНОСКИ Нетипичната заразна пневмонија го потресе светот и не губи на медиумската атрактивност. САРС-от секојдневно се шири, бројот на земјите во кои се регистрира ова заболување расте.
ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕТО НА СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА Светската здравствена организација им препорача на сите што планираат да патуваат во Хонг Конг и Гуандонг да ги одложат патувањата, бидејќи тие кинески метрополи се жариште на епидемијата на САРС.
ПРЕВЕНЦИЈА Под здравствен надзор на Градскиот завод за здравствена заштита во Скопје, како превенција од нетипичната пневмонија, од вчера се само две лица. Според директорот, д-р Методија Темов на едното лице кое по враќањето од Пекинг било под здравствен надзор му изминале предвидените 14 дена.
ЕПИДЕМИЈА НА СМРТОНОСНА ПНЕВМОНИЈА Бројот на жртвите од смртоносната пневмонија САРС се искачи на 80, главно жители на Кина и на другите азиски земји, јави Ројтерс. Лекарите во Канада, која е најтешко погодена неазиска земја, очекуваат нови случаи на САРС во текот на неделава.
ФОРМУЛА 1 Третиот возач на Мекларен, Александер Вурц, сепак, не бил болен од потенцијално смртоносното тешко запаление на белите дробови, тн. САРС вирус, кој однесе веќе десетици животи, главно во Југоисточна Азија. Австриецот беше прилично болен откако по трката за Големата награда на Малезија се ...
смртоносната пневмониЈа се заканува и каЈ нас Тројца скопјани, двајца мажи и една жена, се под интензивен медицински надзор на Градскиот завод за здравствена заштита, откако во минатата недела се вратиле од Кина, каде што има стотици заболени од смртоносното воспаление на белите дробови.
Драматично се зголеми бројот на случаи заразени од смртоносниот вирус ПЕКИНГ, сан хозе - Во Кина вчера драматично се зголеми бројот на случаи заразени од смртоносниот вирус кој е сличен на грип, откако официјалните медиуми ги искажаа критиките за тоа како владата се справува со кризата, велејќи ...
Во земјава досега нема ниту еден регистриран или сомнителен случај на нетипичната пневмонија Во Македонија досега нема регистрирани лица заболени од тешкиот акутен респираторен синдром наречен САРС кој го предизвикува нетипичното вирусно воспаление на белите дробови од кое досега во светот починаа ...
Три лица од Скопје се наоѓаат под 14-дневен епидемиски надзор, поради тоа што повеќе денови престојувале во Пекинг. Станува збор за двајца мажи и една жена, кои самите се пријавиле во Инфективната клиника. Според лекарите, тие засега немаат симптоми на САРС.
Властите во Калифорнија синоќа ставија во карантин еден патнички авион што пристигна од Токио, бидејќи петмина од патниците покажувале симптоми на атипичното воспаление на белите дробови САРС, јавија агенциите. Авионот на „Американ Ерлајнс“, со 200 патници и членови на екипажот, остана на пистата ...
УЖАС ВО ХОНГ КОНГ Околу 200 жители на една зграда во Хонг Конг од вчера се запечатени во зградата откако се утврдило дека половина од нив боледуваат од смртоносниот вид пневмонија што веќе уби 60 луѓе низ целиот свет, јави Ројтерс.
Нови заболени од убиствениот вирус ХОНГКОНГ - Вчера е соопштено дека околу сто лица во еден станбен блок во Хонгконг се инфицирани од смртоносниот вирус на пневмонија, со што се зголемија стравовите дека болеста е пренесена преку воздухот или водата.
ХОНГКОНГ, 1 април (Ројтерс) - Епидемијата од акутниот репсираторен синдром САРС што владее секаде во светот досега уби 59, а инфицираше над 1.600 лица, главно на азискиот континент. Светската здравствена организација вели дека главните симптоми на мисетриозната пневмонија се високата телесна ...
Канадските здравствени власти објавија дека САРС го „одзеде“ и петиот живот, а бројот на заразени во Торонто се зголеми на стотина, јавуваат агенциите. Во овој град е прогласена вонредна состојба, изолирани се илјадници луѓе, а пристапот кон болниците е ограничен.