Поради неплатена кирија и исклучена струја Киното Центар од вчера не работи. Причината за затворањето е исклучената струја поради долгот што Градски кина го има спрема ГТЦ на име кирија за целата измината година. Од вчера во киното не се прикажуваат филмови.
ОД ПЕТОКОТ Градски кина го признаваат долгот за кирија од 115.000 евра, но се прашуваат зошто струјата е исклучена без најава и зошто секогаш први на удар се културните институции. Трговски центар во петокот ја исклучи струјата на киното "Центар".