Поранешниот владика Јован и неговите следбеници кои до неодамна беа во редовите на МПЦ, се предавници и на народот и на Црквата, изјави портпаролот на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, владиката Тимотеј. „Колку да сакаме тоа да го игнорираме, тој направи едно сериозно предавство на македонскиот ...
Од вчера во Основниот суд во Битола започна сослушувањето на сведоците од истрагата која се води против Зоран Вранишковски. Први кои му дадоа изјава на истражниот судија беа неколку состанари на Вранишковски од стамбената зграда, а на 20.
СЛУЧАЈ ВЕЛЕС - За сторено кривично дело предизвикување расна и верска омраза, т.н. српски егзарх Зоран Вранишковски, покрај по пријавата на битолската полиција по која му е одреден притвор, тој ќе треба да одговара и по кривичната пријава која на крајот на годината е донесена од Синодот на МПЦ.
По најавите дека Грчката црква ќе реагира по приведувањето на расколникот Зоран Вранишковски ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Амбасадорот на Република Македонија во Грција, Благој Ханџиски, вчера негираше дека до нашето дипломатско претставништво во Атина е стигнато протестно писмо од Грчката православна црква, ...
ЦРКОВЕН РАСКОЛ Поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан утре во главната битолска црква "Свети Димитрија" ќе началствува со литургијата за Водици Грчката православна црква ќе упати протестно писмо до македонските власти за ослободување од притвор на "српскиот владика Јован", бидејќи неговото ...
ЦРВЕНКОВСКИ >„Убеден сум дена спорот меѓу МПЦ и СПЦ ќе нема негативно влијание врз односите меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора. Тоа е спор што треба да го решат црквите меѓу себе и се надевам дека ќе се реши со преговори и меѓусебно разбирање", изјавил во Подгорица македонскиот премиер, ...
Српскиот егзарх Јован Вранишковски ќе одговара и по кривична пријава на синодот на МПЦ. Кривичната пријава е поднесена на почетокот од месец декември, а во неа наводите говорат дека тој треба да одговара за ширење расна и верска омраза.
Шефот на македонското дипломатско претставништво во Атина, Благој Ханџиски за А1 изјави дека тој нема добиено никаков допис од Грчката Православна Црква, со кој се изразува незадоволство од минатонеделното приведување на српскиот егзарх во Македонија Јован Вранишковски.
Власта не се согласува со начинот на ВМРО-ДПМНЕ за заштитата на Црквата Жаклина Ѓорѓевиќ СДСМ и ЛДП предложија "граѓански концепт" на веќе понудената предлог-декларација за поддршка на МПЦ од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која требаше да се разгледува на вчерашната собраниска седница.
СПЦ МОРА ДА РАЗГОВАРА СО МПЦ Српската православна црква треба да разговара со Македонската православна црква, низ рамноправен дијалог и заемно почитување, за да се постигне согласност за отворените прашања. Ова е клучната поента од одговорот на претседателот Борис Трајковски на неодамнешното писмо ...
Претседателот му одговари на српскиот патријарх >„Никогаш не сакам да се помирам со неправдите кои на луѓето им ги нанесуваат другите луѓе, дотолку повеќе како претседател на државата имам обврска да внимавам дали законите кои се правени од човекот за човекот, еднакво и праведно се применуваат кон ...
Македонскиот претседател Борис Трајковски денеска му одговори на писмото на Српскиот Патријарх Павле со порака дека за сите канонски проблеми и дилеми негови соговорници треба да бидат претставниците на Македонската православна црква.
Колумна - Никола Груевски Свесното заобиколување на приоритетите ќе биде одговорност на Владата. Исто и како свесната намера на СДСМ парите да ги вложи во нелегалниот универзитет, додека образованието во земјата, крајно незадоволно од сегашната состојба, излегува на генерален штрајк Конечно, по ...
Премиерот за меѓуцрковниот спор со СПЦ за А1 Скопје - "Владата ќе ги искористи сите уставни и законски овластувања да ја заштити Македонската православна црква од провокативните упади на СПЦ", изјави премиерот Бранко Црвенковски.
СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА Опозицијата предложи декларација за заштита на МПЦ, а СДСМ ќе го менува текстот за да му даде граѓански призвук Предлог декларацијата за поддршка на Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква (МПЦ), по повод новите напади кои доаѓаат од Српската ...
ТРАЈКОВСКИ МУ ПОРАЧА НА СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ ПАВЛЕ: Ваши соговорници се браќата по вера од МПЦ, а не претседателот, му напиша Трајковски на патријархот Павле во одговорот "Почитуван патријарх Павле, верувам ќе се согласите дека априорното фрлање вина врз државните органи кои треба да го спроведат ...
ПРОВОКАЦИЈА Српската православна црква ја обвини Македонската православна црква и државата Македонија за ?незапаметен прогон на граѓаните". ?Властите во поранешната југословенска Република Македонија и расколничкиот Синод во Скопје и натаму се тркаат кој повеќе ќе придонесе за незапаметениот, за ...
Потпретседателката Лилјана Поповска верува дека собранието ќе излезе со заедничка декларација за поддршка на синодот на МПЦ. Во меѓувреме работна група составена од пратеници на власта и опозицијата го усогласува текстот на првичната верзија на декларацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО ...
СПЦ и т.н. Автономна Охридска архиепископија ја обвинија МПЦ и државата Македонија, за „незапамтен прогон“ на христијани. „Властите на поранешната југословенска република Македонија и расколничкиот Синод во Скопје и натаму се тркаат кој повеќе ќе придонесе за незапамтениот и, за цивилизираниот ...
Спорот меѓу СПЦ и МПЦ треба да биде решен во рамноправен дијалог меѓу двете цркви, му порача денеска претседателот Трајковски на српскиот патријарх Павле. Во писмото Трајковски искажува радост од можноста со лични претставници на партијархот Павле да размени мислење за меѓуцрковните односи меѓу МПЦ ...
КРИЗАТА ВО МПЦ НА ВИДЕЛИНА Во станот на расчинетиот владика Јован, неговиот следбеник, "српскиот епископ" Марко Дремвицки, вчера одржа литургија, на која учествуваа и две монахињи и дел од нивните приврзаници. Ритуалот го сними нашиот битолски фотограф Дарио Јанковиќ.
По одметнувањето на триесетина монаси и монахињи Гоце Каревски БИТОЛА - По приклучувањето на триесетина монаси и монахињи кон таканаречениот егзарх на Српската православна црква Зоран Вранишковски, состојбите во четирите манастири што тие се обидоа да ги присвојат веќе се нормализираат.
Парадокси Седум-осум дена пред одметнувањето на група монаси од МПЦ и приклучувањето кон српскиот егзарх Јован, митрополитот на Брегалничката епархија, владиката Агатангел, се нафрли, и тоа на првиот ден на Божик, врз власта во Македонија, обвинувајќи ја за предавство во однос на народот и за ...
Во последниве десет години највисокиот црковен орган бил свикан двапати, за избор на нови поглавари Македонска православна црква се подготвува годинава да одржи Црковно-народен собор, за да расправа за сопствените проблеми, дознава "Дневник".
Македонскиот премиер Бранко Црвенковски рече дека владата ќе ги искористи сите уставни и законски права за да ја заштити Македонската православна црква од провокациите од српската црква. „Кои ќе бидат нивните постапки воопшто не ме загрижува.
По зачестените напади на Српската православна црква врз нашата Црква Македонскиот парламент набрзо ќе излезе со заедничка декларација за поддршка на автокефалноста на Македонската православна црква. Всушност, станува збор за козметичко дотерување на текстот на декларацијата која ја предложи ...
Владата на Македонија со реална и суштинска поддршка на сите постапки на МПЦ. „Она што планираме да го преземеме не е мешање во внатрешните работи на црквата туку одговор на се она што е мешање во внатрешните работи на Македонија, кое доаѓа од надвор“, изјави за А1 премиерот Бранко Црвенковски.
Одметнатите 3-ца монаси и 7 монахињи од МПЦ кои му се придружија на српскиот Егзарх Јован од денеска се сместени во потпелистерското село Нижо Поле. Тие пред 2 дена по сослушувањето од прекршочниот судија ја напуштија Битола за денеска да бидат сместени во овој објект што Вранишковски го нарекува ...
НОВИ ЗАКАНИ ОД СВИТАТА НА ЈОВАН Одметнатите монаси, кои и пристапија на расколничката "охридска архиепископија" на српскиот "егзарх" Јован, вчера се заканија дека ќе се обидат да ги повратат манастирите од кои ги протера Синодот на МПЦ, кој вчера заклучи дека треба да бидат расчинети.
ПИСМО Српската православна црква "очекува" од македонскиот претседател да ги "ослободи владиците и монасите кои се отцепија од МПЦ и се приклонија кон српскиот егзарх Јован, "притворени само затоа што му се молеле на Бога во приватен стан", нудејќи му притоа "средба со свои епископи за решавање на ...
Одлука на истражниот судија во Основниот суд Битола Гоце Каревски БИТОЛА - Истражната судијка во Основниот суд во Битола, Слободанка Баковска, завчера околу 19 часот, дефинитивно, реши да го прифати барањето поднесено заедно со кривичната пријава против битолчанецот Зоран Вранишковски тој да биде ...
Прес на коалицијата на ДА, ДС и СП Негаторската и расколничка политика на Српската православна црква е насочена против македонскиот народ и држава и не е во интерес ниту на српскиот народ, бидејќи може негативно да се одрази врз односите меѓу Македонија и Србија, сметаат претставниците на ...
Вранишковски водел раскошен живот ВЕЛЕС - Зоран Вранишковски, од црквите и манастирите на МПЦ, во епархиите во кои работеше, за лични потреби - купување луксузни патнички возила, раскошен живот и патување во Грција проневери повеќе од 140 милиони денари или над 200.000 евра во период од 1999 до ...
ОДМЕТНИЦИ „Монасите се одметнаа од Македонската православна црква и се здружија со Зоран Вранишковски, водени од славољубие и гордост, гледајќи дека Српската православна црква лесно и брзо, дури и противканонски, дава епископство на македонски предавници.
СИНОДОТ НА МПЦ ГО ОСУДИ РАЗДОРОТ НА СПЦ Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква на вчерашната седница оцени дека со одметнувањето на неколкуте македонски манаси и придружувањето кон Зоран Вранишковски и последните превирања на релација МПЦ - СПЦ, Српската црква продолжува да ...
Бисерка Матиќ Скопје - Српската православна црква ја признава автономијата, но не ја признава автокефалноста на Македонската православна црква, кое е прилично компликувано прашање во не сакам да навлезам, затоа што се држам до принципот дека црквите се одвоени од државата, изјави амбасадорката на ...
„Давид одби, односно тврдеше дека немало никаква средба и дека нема намера за некакво приклучување кон расчинетиот Јован и таа т.н Охридска архиепископија“ вели г. Петар во интервјуто за А1. Дали Вие разговаравте со нив, дали знаевте што подготвуваат? Имав најава дека игуменот Давид имал некаква ...
Давид и Максим едниот Игумен, другиот јеромонах го прекршија монашкиот завет и канонскиот ред, затоа им се забранува пристап и свештено дејство во црквите и манастирите на МПЦ, одлучи на вонредната седница светиот архиерејски синод.
Коалицијата „Третиот пат“ го повикува македонскиот народ да се сплоти и обедини со што ќе покаже дека никој не може да го менува името на македонската црква и држава. „Коалицијата „Третиот пат“ дава целосна и безрезервна подршка на Македонската православна црква, а во тие рамки и на Светиот синод ...
Трајковски утрово го примил писмото што вчера му го испрати срспкиот патријарх Павле, со кое бара ослободување на Зоран Вранишковски и монасите, но за сега нема договор на барањата на српскиот црковен поглавар. Претседателот е во Португалија на средби со високи државни преставници и нема време да ...
Расколникот Јован Вранишковски денешниот ден го помина во истражниот затвор во Битола, по вчерашното четиричасовно испрашување кај истражниот судија кој донесе решение за спроведување истрага по претходно барање кај јавниот обвинител и му изрече притвор до 30 дена.
ЦРКОВЕН РАСКОЛ Вчера немало нови одметнувања на монаси или на свештени лица МПЦ прексиноќа со полициска асистенција ја презеде контролата врз четирите манастири, чии монаси и монахињи се одметнаа кај "српскиот егзарх" Јован и неговата "Охридска архиепископија".
По одметнувањето на триесетина монаси и монахињи во автономната охридска архиепископија на Вранишковски ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Скопската епархија при Македонската православна црква вчера назначи нови старешини во манастирите ?Свети Димитриј", познат како Марков манастир и ?Свети пророк Илија" во ...
ПО ЗАВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА Јавниот обвинител побара притвор поради постоење основано сомневање дека Јован кој често патува во Србија и Црна Гора и Грција, може да ја напушти земјава и да стане недостапен, но и поради опасноста од пов Поради предизвикување национална, расна и верска омраза, ...
СТАВ "Генералниот став на Владата околу она што се случува со Македонската православна црква е дека случувањата и одбрана на нејзиното име, кое директно е поврзано со националниот идентитет на македонскиот народ и македонската држава, се стратегиски интерес на Црквата, народот и на државата, ...
Разрешениот владика на МПЦ Јован, кој лани беше именуван за егзарх на српската црква во Македонија, ќе биде притворен 30 дена додека трае истрагата „за предизвикување расна, верска омраза, нетрпеливост и раздор“, потврди за БиБиСи истражната судијка во Разрешениот владика на МПЦ Јован, кој лани ...
Во Основниот суд во Битола Гоце Каревски БИТОЛА - По задржувањето 24 часа во зградата на полицијата во Битола и по извршените информативни разговори со секого одделно, расколничкиот владика Јован, односно Зоран Вранишковски и тројца негови монаси и седум монахињи вчера им беа предадени на ...
За старешините и монасите од четирите манастири што и откажаа послушност на МПЦ и се припоија кон таканаречената Охридска архиепископија, СДСМ допрва ќе го гради ставот. Според нив тоа е работа на црквата. „Не би сакал сега да коментирам, се уште не ни е ставот прецизно дефиниран“, вели Јани ...
Генералниот став на Владата околу она што се случува во Македонската православна црква е дека зачувувањето и одбраната на автокефалниот статус и целовитоста на МПЦ, одбраната на најзиното име кое директно е поврзано со националниот идентитет на македонскиот народ и македонската држава, се стратешки ...
Судијата Слободанка Бакоска од Основниот суд во Битола на расколникот Зоран Вранишковски му изрече мерка притвор во траење од 30 дена и отвори истрага под обвинение дека сторил кривично дело расна, верска и национална омраза, раздор и нетрпеливост казниво по член 319 од кривичниот законик.
Катанец на манастирот Свети Димитрија во Маркова Сушица кој целиот е ограден во камени ѕидови, додека пак во Свети Илија на Чардак надворешната порта е отворена, конаците и останатите простории се под клуч. Нив не ги пази ниту полицијата која вчера беше во близина.
Синодот дури утре ќе го изнесе официјалниот став за одметнувањето на 30 монаси и монахињи од 4 манастири во Македонија. Денеска кај поглаварот на на МПЦ Г.Г. Стефан дојдоа на разговор само митрополитот Полошко-Кумановски Кирил и митрополит струмички Наум.
Одметнатите монаси Давид и Максим коментирајќи ја својата постапка го обвинуваат синодот и владиците Кирил, Наум и Горазд дека не успеале да најдат решение за признавањето на МПЦ во православниот свет. Тие најавуваат нови приврзаници и негираат дека работат под диктат на СПЦ.
Група монашки братства и сестринства од повеќе манастири во рамките на Македонската православна црква денеска во писмо, потпишано од архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, и изразија верност на МПЦ.
СПЦ силно го осуди притворањето на Зоран Вранишковски кого таа го постави за Егзарх на Охридската Архиепископија. СПЦ рече дека МПЦ лаже кога вели дека со таквото однесување ја брани самостојноста на нацијата. Според соопштението на СПЦ уапсените Јован и Марко и сите монаси се изложени на брутален ...
Српската православна црква синоќа ја осуди постапката на македонските власти поради приведувањето на Зоран Вранишковски кого СПЦ го постави како владика Јован за епископ на т.н. охридска архиепископија, јави дописникот на МИА од Белград.
ПРОТЕСТ Белград - Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (ХОС) ја критикуваше Српската православна црква (СПЦ) поради нејзиниот негаторски однос спрема Македонската православна црква (МПЦ), македонската државност и идентитетот на македонскиот народ, посочувајќи дека кај српските ...
По последната божикна провокација од страна на српскиот патријарх Павле ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Расколникот Зоран Вранишковски присвои четири манастири од МПЦ. Машкиот манастир ?Свети маченик Димитрија", попознат како Марков манастир и ?Свети пророк Илија" од Скопје, ?Трескавец" во Прилеп и манастирот во ...
Министерството за внатрешни работи вчера во Битола го приведе расколникот Зоран Вранишковски, кој во станот на неговиот татко вршел богослужба во придружба на неколку свештеници и монахињи. Полицијата интервенирала по анонимна пријава и го привела Вранишковски заедно со уште 12 лица, од кои 5 ...
РАСКОЛОТ ВО МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА По заедничкото богослужење со Јован вчера во Битола, што во православната црква претставува заедничарење, како што дознаваме од црковни извори, отец Давид соопштил дека тој со отецот Максим и нивните 30 ...
Вчера игумените Максим и Давид заедно со своето братство и сестринство на монаси кои бројат околу 30-тина членови, во станот на Зоран Вранишковски во Битола одржаа заедничка литургија и се причестија со христовото тело и крв, земајќи леб и вино од рацете Вчера игумените Максим и Давид заедно со ...
ДЛАБОК РАСКОЛ ВО МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Четири манастири му изразиле лојалност на српскиот егзарх Јован Четири манастири со триесетина монаси и монахињи и откажаа послушност на Македонската православна црква и и се приклучија на српската "Охридска архиепископија" и на нејзиниот егзарх ...