ИСТРАГА ЗА НАСТАНИТЕ ВО ЉУБОТЕН Полициските органи досега притвориле 23 лица од ова село за кои се смета дека учествувале во борбите против македонските безбедносни сили Истражните и медицинските екипи ниту вчера не извршиле ексхумација на загинатите во пресметката на македонските безбедносни сили ...
Коментар - Христо Ивановски Во изминатите шест месеци, време на воени дејства, во Македонија се случија три класични масакри - кај Вејце, кај Групчин и кај Љубанци. Убиени се вкупно 26 припадници на македонските безбедносни сили. Ова не е само црна статистика.
КОНТРОВЕРЗИИ ЗА СЛУЧУВАЊАТА ВО ЉУБОТЕН Во Љуботен не е извршено убиство на цивили, туку на припадници на терористичко-екстремистичката организација, изјави министерот Љубе Бошковски Мисијата на ОБСЕ во Скопје вчера демантираше дека утврдила оти во скопското село Љуботен македонските сили за ...
МВР обвини одделни претставници на ОБСЕ за "пласирање на најгруби дезинформации, клевети" и за "водење на специјална пропагандна војна" против македонските безбедносни сили сакајќи да ги дискриминира. Повод за овие обвинувања се тврдењата на посматрачи на ОБСЕ дека во борбите во Љуботен не се ...
МВР ОБВИНУВА Претставници на ОБСЕ влегле во Љуботен и сакале да прикажат дека силите за безбедност во борбите во тоа село убиле пет цивили, а не терористи, обвини вчера МВР. Владиниот портпарол Антонио Милошоски се сомнева во чесноста на претставниците на ОБСЕ.
На Хируршките клиники во Скопје, завчера е примен еден полицацец од реонот на Љуботен. Полицецот во болницата бил донесен со прострелна рана во десното стапало и, по санирање на повредата, тој е надвор од животна опасност. Во Клиничкиот центар се примени и три цивилни лица од љуботенскиот регион.
Во Градската болница во Скопје, завчера биле донесени четворица повредени терористи од реонот на село Љуботен. По санирање на лесните повреди по телото, тројца од нив веднаш биле предадени во рацете на МВР, додека четвртиот е задржан на лекување во болницата.