Техничката инспекција издала забрана за работа на концесионерите околу изворот и ќе испитува колку диви фирми копаат во заштитените зони Министерството за економија најавува дека ќе ги преиспита договорите со концесионерите на рудници и варовници во првата заштитена зона околу изворот Рашче.
ТРИБИНА ЗА ЗАШТИТА НА ИЗВОРОТ Каменоломите, фекалните води и бензинските пумпи во околината се само дел од опасностите што можат да го загрозат изворот во Рашче, од кој со вода за пиење се снабдува цело Скопје, беше истакнато на вчерашната трибина со наслов „Да не дозволиме да го загубиме изворот ...
АКО ВЕДНАШ НЕ СЕ ЗАПРАТ ИСКОПУВАЊАТА ВО БЛИЗИНА НА РАШЧЕ На трибината за заштита на изворот Рашче беше посочено дека во моментов во заштитните зони на изворот се наоѓаат неколку каменоломи, рудници, фабрики, мали индустрии, како и бензински пумпи, кои влијаат на загадувањето на подземните води ...
Во заштитените зони има десетици легални и нелегални каменоломи, рудници, сепарации за песок, чија работа предизвикува тектонски поместувања на почвата и на изворите Околината на изворот Рашче редовно ја тресат експлозии, а понекогаш околу заштитените зони дневно детонираат и до пет тони динамит, ...
Малкумина ги има на светов што плукаат во изворот од кој пијат вода, бидејќи ваквите извори денес се сметаат за непроценливо богатство од животна важност . Такви, за жал, има во Скопје. Даваат дозволи да се ископува травертин, да се вади песок, да се разорува околината на драгоцениот извор дури и ...
Во заштитните зони на Рашче се наоѓаат повеќе каменоломи, сепарации и стопански објекти, како и бензински пумпи чие функционирање, може да придонесе за загадување на водата и намалување на издашноста на изворот од каде Скопје се снабдува со вода Градските власти вчера и јавно побараа од Владата и ...
Откако ја качи цената на водата, градот Скопје влегува во акција за заштита на изворот Рашче. Скопјани пијат квалитетна вода, но неопходни се мерки за заштита на изворот. Градските власти ги повикаа надлежните министерства да ги затворат каменоломите, рудниците и сепарациите за песок во околината ...
„Да не дозволиме да го изгубиме изворот Рашче“, е насловот на трибината што денеска ја организира Град Скопје, во соработка со „Водовод и канализација“ и невладината организација „Евро екостратег“. На расправата ќе учествуваат претставници од министерствата за животна средина, земјоделство, ...