Багдад Над 1.800 лица биле приморани да ги напуштат своите домови по турските бомбардирања над северен Ирак, извршени во неделата. Ова денеска го соопшти врховниот комесаријат на Обединетите нации, од каде изразија загриженост поради ситуацијата во ирачки Курдистан.
Багдад Претседателот на ирачки Курдистан Масуд Барзани денеска одби да отпатува во Багдад на средба со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Премиерот на курдската покраина соопшти дека Барзани ја одбил средбата поради „американскиот став“ во однос на турската операција во северен Ирак.
Група од 300 турски војници изминатата ноќ навлегле на територијата на ирачки Курдистан, соопшти висок претставник на ирачката војска. Тој посочи дека лесно вооружените војници навлегле од два до три километри во планинската област Гали Раш.
Багдад Ирачкиот Парламент „остро ги осуди“ турските воздушни напади извршени вчера врз ирачки Курдистан, оценувајќи ги како „дрзок напад врз суверенитетот на Ирак“. „Турските авиони ги бомбардираа ирачките села во Курдистан во близина на турската граница, при што убија голем број лица од невиното ...
Анкара: Турски авиони изутрината извршија нови бомбардирања врз територијата на ирачки Курдистан против евентуалните позиции на курдските сепаратистички бунтовници. Ова го пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на соопштение од курдските сили за безбедност во Ирак.
Анкара Турски воени авиони ноќеска бомбардирале курдски цели во северен Ирак, потврди денеска турската армија на својот Интернет сајт. Ирачки извори тврдат дека во нападите загинала една жена, а две лица се повредени. Цел на воздушните напади биле областите Зап, Хакурк и Авасин, како и планинскиот ...
Анкара Турски воени авиони вчера бомбардираа важни цели во ирачки Курдистан во рамки на новата прекугранична офанзива, соопшти главниот штаб на турските воени сили. Според официјалното соопштение, турската војска ќе ја продолжи офанзивата против припадниците на сепаратистичката Работничка партија ...