МОНТИРАНО РАЗБОЈНИШТВО ВО СКОПЈЕ Полицијата вчера им поднела кривични пријави на Шенол Р. (31), Елвис С. (26) и на Драгиша Н. (32), сите од Скопје, поради сомневање дека скроиле план и со монтирано разбојништво си присвоиле 1.850 килограми цигари.
КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЛАЖНИ КРАДЦИ Ивица Антевски <> Тројца скопјани вчера биле осомничени од полицијата дека во вторникот пријавиле лажно грабнување комби со околу 1.800 килограми цигари, кои ги скриле во магацин на фирмата на братот на познатиот македонски кошаркар Пеце Наумовски.
ПОЛИЦИЈАТА ГО РАСВЕТЛУВА НАМЕСТЕНИОТ ГРАБЕЖ Тројца заработија кривични пријави од бизнисот со наместениот грабеж на комбито преполно со украдени цигари. Полицијата се уште не знае зошто цигарите завршиле во магацинот на Михајло Наумовски, татко на кошаркарот Пеце Наумовски, ниту каде е еден од ...
Скопската полиција расветли случај за лажно разбојништво на тон цигари и за тоа поднесе кривични пријави против три лица. За затајување и лажно пријавување разбојништво е осомничен Шенол Р.(31), а за помагање во извршување на делата Елвис С.(29) и Драгиша Н (32) од Скопје.
ЛАЖИРАНО РАЗБОЈНИШТВО Комби преполно со украдени цигари, вредни 55.000 евра, било пронајдено во магацин на познатиот македонски кошаркар и бизнисмен Петар Наумовски во фабриката "Комуна" во Скопје, дознава "Дневник". Украдените цигари биле сопственост на Енвер Малиќи, сопственик на фирмата "Гемак ...