Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон е задоволен од резултатите кои ги постигна во вчерашната проба на новиот болид на Мекларен. Младиот Англичанец го забележа најдоброто време од една минута и 19,132 секунди во 103 кругови, со возилото МП4-23. Ова беше негово прво возење во 2008 година.
Ф1-тимот на Мекларен вчера во Штутгарт го претстави својот нов болид за следната натпреварувачка сезона, на 23. роденден на својот најголем адут Луис Хамилтон . Промоцијата на моделот МП4-23 следуваше еден ден по прикажувањето на болидот од редовите на најголемиот ривал Ферари.
Минатогодишниот дебитант во Ф-1 циркусот, Луис Хамилтон, во новата сезона ќе заработува 9 милиони евра годишно, а ќе добие и три милиони бонус ако ја освои титулата. Тоа се условите што ги предвидува новиот петгодишен договор што го постигнаа Хамилтон и Мекларен.
По успешна деби сезона со четири победи и освојување на вицешампионската позиција во најбрзиот циркус на денешницата Формула 1, вниманието на британскиот пилот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон е насочено кон новата сезона -Моите цели се насочени кон остварување на уште една фантастична сезона во ...
Тимот на Мекларен сака по секоја цена во своите редови да го задржи „чудото од дете“ Луис Хамилтон во следните пет сезони, и според тврдењето на медиумите во Англија, планира да му понуди нов договор на вицешампионот во Формула 1 во висина од неверојатни 138 милиони долари.