Струјата и парното греење можно е наесен да поскапат. Растот на цената на нафтата притиска и врз останатите енергенси. Заради зачувување на социјалниот мир, се уште никој не се осудува и јавно да обелодени дека струјата или парното греење најверојатно ќе удрат по џебот на граѓаните, паралелно со ...
„Постои можност да се намали стапката на ДДВ на помал процент, да речеме од 18% на 5%, а тоа значи од пет до седум денари по литар да се намали цената на бензините“, рече во интервју за А1 Радомир Цветковиќ, експерт за енергетика.
Растечките цени на нафтата и прехранбените производи се закана за светската економија, заклучија министрите за финансии на осумте индустриски најразвиени земји во светот Г8. „Растот на цените, особено на нафтата и храната, се сериозен предизвик за стабилноста и економскиот раст во светот и тоа може ...
„ Мислам дека цената на нафтата во периодот што доаѓа ќе се стабилизира и ќе падне можеби и помалку од 100 долари “, изјави во интервју за А1 Јанко Тренковски, економски аналитичар. Има ли цената на нафтата лимит? Мое мислење е дека лимит дефинитивно има и според некои констатации од врвни ...
Мислења Филип Петровски Со мало намалување на данокот ќе се помогне да се заштитат бизнисите на фирмите и домашните буџети на македонските граѓани Цените на бензините вртоглаво растат. По не знам кој пат годинава се случи нивно зголемување.
Повеќе анализи потврдуваат дека, речиси, 25 проценти од остварениот пораст на цената на нафтата во едногодишниот период зад нас е резултат на намалувањето на вредноста на доларот. За да се заштитат од натамошните турбулентни движења на американскиот долар, членките на ОПЕК размислуваат, наскоро, ...
ММФ да утврди кој ја билда цената нафтата. Г – 8, индустриски нај развиените земји во светот ги задолжија монетарците, откако дводневниот состанок во Јапонија заврши со разединети ставови по ова прашање. ММФ да утврди кој ја билда цената нафтата.
Македонската влада ја следи состојбата со зголемувањето на цената на нафта на светскиот пазар и разгледува мерки што би ги презела во случај цената на црното злато да продолжи да расте. Владиниот портпарол Ивица Боцевски изјави дека Влада постојано заседава и ја следи состојбата со цените на ...
Тргувањето на берзата во Њујорк денеска заврши со значајно зголемување на цените на нафтата. Во текот на денешниот ден нафтата поскапе за 5,07 долара за барел, достигнувајќи вредност од 136,38 долара. Според експертите, оваа реакција на пазарот е очекувана, ако се има предвид неделниот извештај на ...
Со директна финансиска инјекција во стопанството може да се ублажи ценовниот шок од нафтените деривати, сугерираат експертите. На Владата и препорачуваат да направи итен потег за да му помогне на бизнисот и да го заштити стандардот на граѓаните од галопирачките цени.
ПРОДАВАЧИТЕ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ ВО ПАНИКА Дури 26,5 милиони евра се собрани во буџетот од наплата на ДДВ за нафтени деривати само во првите три месеци од годинава. Според показателите од Министерството за финансии, во споредба со истиот период лани, годинава сумата од наплата на ДДВ за дериватите е ...
Со незапирливиот тренд на секојдневен раст на цената на нафтата на светските берзи, растат и експертските анализи во земјава дека државата мора директно да се вклучи во ублажување на шокот. Во услови кога барел нафта на њујоршката берза денеска достигна цена од 136 долари, на домашен терен се ...
Фантастични 26,5 милиона евра се собрани во државната каса од наплата на ДДВ за нафтени деривати само во првите три месеца од годинава. Според показателите од Министерството за финансии, во однос лани истиот период, годинава инкасираните пари се зголемени за 6,4 милиона евра или пораст за 32%.
Нафтата денеска поевтини на светските берзи, како резултат на раст на вредноста на доларот во однос на еврото и јенот, но берзанските дилери сепак очекуваат зголемување на цената на енергенсот во следните денови поради намалувањата на нафтените резерви.
Нафтениот шок на светските берзи продолжува. Цената на нафтата и денеска се зголеми за скоро 2 долари по барел. Владите во обид да го спречат нафтениот шок подготвуваат стратегии. Домашните власти најавуваат мерки за намалување на последиците од високите цени на горивата, но не прецизираат какви ќе ...
Црни сценарија за нафтеното цунами што ги коси светските економии. На фантастични 250 долари за барел ќе се искачи цената на нафтата до година. Ова е топ веста на светските медиуми, пренесена преку изјавата на Алексеј Милер, директорот на рускиот нафтен гигант „Гаспром“.
ЈСП и таксистите ќе соопштат нова цена на билетите, МЖ не размислува за поскапување Маја Томиќ Продолжува да расте цената на нафтата на светските берзи, па и во Македонија на секои 15 дена Регулаторната комисија за енергетика носи нови, повисоки цени.
Граѓаните што во наредните две недели планираат да заминат на одмор во некоја од земјите во регионот треба да планираат најмалку 100 евра за бензин Бензините во Македонија се најскапи во регионот, веднаш по Србија. Со последното покачување на цените на нафтените деривати, литар безоловен кај нас ...
Цената на нафтата следната година би можела да достигне до рекордни 250 долари за еден барел, пишуваат лондонските весници, повикувајќи се на изјавата на директорот на руската компанија „Газпром“ Алексеј Милер. Лондон, 11 јуни (МИА) - Цената на нафтата следната година би можела да достигне до ...
По најголемиот скок на цената на нафтата во историјата минатата недела, за два дена, барел поевтини за повеќе од 5 отсто. Причина за падот на цената е јакнењето на американскиот долар. По најголемиот скок на цената на нафтата во историјата минатата недела, за два дена, барел поевтини за повеќе од 5 ...
Барел сурова нафта ќе достигне цена од 250 долари, смета претседателот на Управниот одбор на рускиот нафтен гигант „Гаспром“, Алексеј Милер. „Денес сме сведоци на критичен раст на цените на горивата. Цените ќе достигнат невидено ниво, а борбата за овој вид енергија ќе биде уште посилна“, изјави ...
Цената на нафтата на светските берзи синоќа оствари значителен пад, откако претходно го достигна историскиот рекорд од 139 долари за барел. Лесната американска нафта на берзата во Њујорк падна на 134,35 долари за барел, додека на лондонската берза еден барел „брент“ достигна цена од 133,91 ...
УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА БЕНЗИНИТЕ Цената на бензините ќе се зголеми за два денари, а на дизел-горивото за половина денар, одлучи вчера Регулаторна комисија. Цената на МБ 96 сега е 78,5 денари, еуросупер-95, 75,5 денари, еуросупер-98, 76,5 денари, а на еуродизел, 74,50 денари за еден литар.
Повторно скок на цената на нафтените деривати на домашниот пазар. Како последица на движењето на цените на нафтата на светските берзи во изминатите 15 дена, корекција претрпуваат домашните цени на дериватите. Така, бензините од денеска поскапуваат за два, а дизелот за половина денар, според ...
Цената на еден литар бензин во земјава опасно се доближува до 80 денари за литар. По вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, литар моторен бензин МБ-96 сега продава по 78,50 денари, што е за два денара повеќе од пред две недели. Дизелот поскапе за половина денар.
Цената на нафтата ќе продолжи да расте. Рускиот гигант Гаспром прогнозира дека барел сурова нафта на светската берза ќе достигне до 250 долари. Македонските граѓаните се во шок по најновото поскапување на бензините. Бараат алтернатива како да заштедат.
Во Македонија од ноќеска на полноќ бензините се продаваат по цени повисоки за два денари, а дизелот и екстра горивото се поскапи за половина денар Од ноќеска на полноќ бензините во земјава ќе се продаваат по рекордни цени, повисоки за два денари, откако вчера Регулаторната комисија за енергетика ...
Ново поскапување на бензините. Од полноќ цената на дизелот се зголемува за половина денар, а на бензините за два денара. Моторниот бензин МБ-96 ќе чини 78,50 денари, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по 75,50 денари, ЕУРОСУПЕР-98 76,5 денари, а ЕВРОДИЗЕЛ ќе чини 74,5 денари.
ЛОНДОН. - Цената на нафтата надмина 138 долари, за еден ден барелот поскапе за повеќе од десет долари. За новиот рекорд придонесе новиот пад на доларот во однос на еврото и новите негативни податоци за состојбата на американската економија.
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два, а дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Скопје, 9 јуни (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два, а дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Горивата поскапуваат на секои две недели. Од полноќ цената на литар бензин се зголемува за два, на дизелот за половина денар. Од стартот на годината горивата поскапеа за 12%. Во јануари бензините во просек се продаваа за 68 денари, дизелот за 60.
Скопје Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари, додека дизелот поскапува за половина денар. Вака реши Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница, наменета за корекција на цените на нафтените деривати.
Цената на суровата нафта на светските берзи го достигна плафонот. Во петокот на берзата во Њујорк барел нафта чинеше 138,54 долари што е речиси за петпати повеќе во однос на 2003 година. До пораст на цената на црното злато дојде откако претходно американскиот долар нагло ослабна во однос на еврото, ...