TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тајна комуникација меѓу САД и Македонија?

А1 - 19.10.2008

Се уште нема формална потврда од мексиканската Влада за промена на ставот за признавање на уставното име на Македонија. Еден ден пред средбата на грчкиот заменик министер за надворешни работи Валинакис, со висок функционер на мексиканското МНР, на која наводно Мексико ветило дека на Македонија ќе и се обраќа со ФИРОМ, мисијата на оваа земја во Њујорк испратило допис до македонската мисија во ОН.

Етнос: Тајна соработка меѓу САД и Македонија

Алсат-М - 19.10.2008

Обвинувања дека постои тајна соработка меѓу САД и Македонија за решавање на спорот со името, изнесува грчкиот весник „Етнос“, публикувајќи некаков таен документ. Во веста, која грчкиот весник денеска ја објавува како ударна, се тврди дека последниот предлог на посредникот Метју Нимиц изнесен на 8 октомври, всушност е предлог подготвен од американскиот државен секретар Кондолиза Рајс уште во јули.

Македонија и Стејт Департментот правеле таен план за името?

Канал5 - 19.10.2008

Македонските власти и американскиот Стејт Департмент тајно соработуваат за прашањето за името – објавува денешното издание на грчки „Етнос“. Во текстот насловен „конечните идеи се на рајс“ весникот пишува дека предлогот на Метју Нимиц од 8-ми октомври е всушност напишан во американската амбасада во Македонија.

Последниот предлог на Нимиц не може да биде основа за натамошни преговори

Канал5 - 19.10.2008

Предлогот за кој Етнос тврди дека е напишан во американската амбасада во Скопје во соработка со македонските власти, не наиде на воодушевување во Скопје – напротив, и шефот на државата и Владата рекоа дека без сериозни промени тој не може да биде основа за натамошни преговори, особено поради двојните решенија кои се нудат во делот за јазикот и за нацијата.

Грција ја обвини Македонија за тајна комуникација со САД

Дневник - 19.10.2008

Зад обвинувањата во грчкиот весник „Етнос“ се крие стравот на Атина од конструктивниот приод на Македонија кон последниот предлог на Нимиц, велат дипломати и познавачи на преговарачкиот процес Постои тајна соработка меѓу САД и Македонија за решавање на спорот со името, обвини вчера грчкиот весник „Етнос“, објавувајќи некаков „таен документ“ што, наводно, го поткрепува нивното тврдење.

Има таен договор меѓу Скопје и Вашингтон?!

Форум - 19.10.2008

Електронското издание на грчкиот весник „Етнос“ во неделата доенсе напис во кој се наведува дека Репблика Македонија и САД тајно соработуваат по однос на спорто за името, пренесува Нет-прес.Американската амбасада во Скопје реагираше со појаснување дека како и секое дипломатско претставништво тие редовно консултативно соработуваат.

САД и Македонија тајно соработуваат во спорот со името

Нетпрес - 19.10.2008

Грчкиот весник “Етнос“ денеска излегува со информација дека има тајна соработка меѓу САД и Македонија, за спорот со името, во текест насловен “Конечните идеи се на Рајс“. Изданието тврди дека последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, даден на 8 октомври, всушност е предлог на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, подготвен уште во јули, годинава, за што, според “Етнос“, сведочи ...

Етнос: Тајна комуникација меѓу САД и Македонија

Макфакс - 19.10.2008

Сериозни обвинувања дека постои тајна соработка меѓу САД и Македонија за решавање на спорот со името, изнесе денеска грчкиот весник „Етнос“, публикувајќи притоа некаков таен документ. Во веста, која грчкиот весник денеска ја објавува како ударна, се тврди дека последниот предлог на посредникот Метју Нимиц изнесен на 8 октомври, всушност е предлог подготвен од американскиот државен секретар ...

Во странство лежат 100.000 вработувања

Време - 18.10.2008

Не е важно за мене е дали името Велија е убаво или лошо, ама да ме отепа некој, не го менувам. Во прашање е гордост. Кога некој ќе посака да ти го смени името, ти го урива интегритетот зашто името е се што си ти, рече бизнисменот Велија Рамковски на настапот во Кичево во рамките на кампањата на фондацијата „Рамковски“ за зачувување на уставно име на државата.

Ни буква од Македонија да не се смени

А1 - 17.10.2008

Македонија нема проблем со своето име, сме биле и ќе бидеме тоа што сме - Република Македонија. Фондацијата „Рамковски“ синоќа во Кичево ја продолжи кампањата за зачувување на уставното име. „Можеби Велија какво име е, дали убаво или лошо, ама да ме отепа не го менувам. Во прашање е гордост, кога ќе ти рече некој да го смениш името.

Пакетот за името сериозно ќе се распакува

Дневник - 17.10.2008

Македонија нема целосно да го отфрли новиот пакет со идеи за решавање на прашањето за името што го достави Метју Нимиц, но ќе даде забелешки за повеќе делови од предлогот, дознаваме неофицијално. Забелешките, според непотврдени информации, најмногу ќе се однесуваат на алтернативата во користењето на македонската националност и јазик, односно можноста да се користи и националност и официјален ...

Се договорија пак да се консултираат за предлогот на Нимиц

Вест - 17.10.2008

Македонскиот државен врв ќе прави дополнителни консултации пред да го преземе следниот чекор, односно пред да одговори на последниот предлог на посредникот во спорот со името Метју Нимиц. На координативната средба во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, на која присуствуваа и премиерот Никола Груевски и преговарачот Никола Димитров, била направена анализа на пакетот идеи на Нимиц.

Рикер: Предлогот на Нимиц е добра основа за решение

Канал5 - 18.10.2008

Во последното интервју за грчкиот весник Катимерини, помошникот државен секретар Даниел Фрид ги повика двете страни да го прифатат последниот предлог на Нимиц. Дали е тоа официјалната позиција на американската администрација за последниот пакет идеи од посредникот ? - Она што помошникот државен секретар Даниел Фрид го кажа е видувањето на САД дека Македонија и Грција треба да го решат овој спор ...

Црвенковски и Груевски пак ќе се договараат за предлогот на Нимиц

Утрински - 17.10.2008

Вчера и не се очекуваше државниот врв да излезе со усогласен став Димитар Чулев На координативната средба помеѓу шефот на државата Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и амбасадорот Никола Димитров вчера државно-владиниот врв се договори да се одржат дополнителни консултации за координација на државниот врв во врска со последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц во спорот со името со ...

Средба Црвенковски - Груевски за последниот предлог на Нимиц

Нетпрес - 17.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски утре ќе оствари средба со премиерот Никола Груевски во врска со последниот предлог на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН во разговорите за разликите околу името, Метју Нимиц, официјално е соопштено. Средбата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Црвенковски со почеток во 12.00 часот.

Државниот врв на дополнителни средби за името

Н.Македонија - 17.10.2008

Државниот врв ќе одржи дополнителни консултации за името, соопшти Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски по вчерашната средба на која требаше да се усогласи одговорот на Македонија до посредникот Метју Нимиц за неговиот последен предлог. „На средбата беше направена анализа на последниот пакет идеи за надминување на разликата за името, што беше презентиран во Њујорк на 8-ми овој месец.

Предлозите за името беа разгледани

BBC - 16.10.2008

Во Скопје денеска напладне претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски на заедничка средба ги разгледаа новите предлози на посредникот Метју Нимиц за решавање на спорот за името, и се обидоа да изградат заеднички став како на нив да се одговори. На средбата, која се одржа во кабинетот на претседателот Црвенковски, присуствуваа и преговарачите Никола Димитров и Мартин Протоѓер.

Предлогот на Нимиц нема да биде целосно отфрлен

А1 - 16.10.2008

Дополнителни консултации ќе одржи државниот врв во процесот на координација во врска со последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, официјално е соопштено денеска. На денешната средба била направена анализа на последниот пакет идеи на медијаторот Метју Нимиц за надминување на разликата околу името, што беше презентиран во Њујорк на 8 октомври 2008 година.

Средба на државниот врв за името - договорени дополнителни консултации

Алсат-М - 16.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и специјалниот пратеник за името Никола Димитров, на денешната координативна средба направија анализа на последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц - Истовремено, беа разменети повеќе информации во контекст на ова прашање од највисок национален интерес на Република Македонија.

Не е утврден официјален одговор од Македонија за предлогот на Нимиц

Канал5 - 16.10.2008

Од координацијата на македонскиот државно-владин врв не произлезе официјален одговор за предлогот на Метју Нимиц, иако и претседателот и Премиерот минатата недела независно еден од друг го оценија за неприфатлив. Денешната заедничка средба на Црвенковски, Груевски и Димитров, прва по поднесувањето на предлогот, била, како што соопштуваат од кабинетот на шефот на државата, првична анализа на ...

Средба на државниот врв за името - договорени дополнителни консултации

Канал5 - 16.10.2008

Скопје, 16  октомври (МИА) -    Претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и специјалниот пратеник за името Никола Димитров, на денешната координативна средба направија анализа на последниот пакет идеи на медијаторот Метју Нимиц за надминување на разликата околу името, што беше презентиран во Њујорк на 8-ми овој месец.

Последниот предлог на Нимиц

Утрински - 16.10.2008

Клуб на учесници во НОБ и поддржувачи Длабоко сме разочарани од содржината на последниот предлог-документ од медијаторот Нимиц за решавање на прашањето за името меѓу двете страни во спорот. Едноставно не можеме да поверуваме дека тој текст е пишуван од страна на почитуваниот медијатор, со оглед на фактот што води сметка само за интересите на една страна (Грција), која објективно и не е ни ...

Црвенковски се враќа на Република Македонија (Скопје)

Дневник - 16.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски се враќа на предлогот Република Македонија (Скопје) како замена за привремена та референца Поранешна југословенска република Македонија, непосредно пред денешната најавена координативна средба со премиерот Никола Груевски.

Денеска консултации за името

Алсат-М - 16.10.2008

Консултативна средба во врска со прашањето за името, ќе одржат денеска во Скопје шефот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Државниот врв ќе го разгледа последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, за кој, и Црвенковски, и Груевски, изразија несогласување и побараа сериозни измени.

Македонија во замка на вечни преговори

Време - 16.10.2008

Со последниот пакет-идеи за името посредникот во спорот, Метју Нимиц, излезе од рамките на својот мандат со тоа што го официјализира прашањето на идентитетот и преговорите за него, тврдат македонски експерти. Досега и Нимиц и грчката страна тврдеа дека за идентитетот не може да се разговара во рамките на ОН и дека тој не е предмет на преговори меѓу Македонија и Грција.

Македонскиот државен врв ќе го дефинира одговорот на предлогот на Нимиц

Канал5 - 16.10.2008

Скопје, 16 октомври (МИА) - Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска на заедничка координативна средба треба да го дефинираaт одговорот на Република Македонија за последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името.

ЦРВЕНКОВСКИ И ГРУЕВСКИ ДОГОВОРИЈА НОВА КОНСУЛТАЦИЈА

Телма - 16.10.2008

ЦРВЕНКОВСКИ И ГРУЕВСКИ ДОГОВОРИЈА НОВА КОНСУЛТАЦИЈА Денеска се одржа координативна средба помеѓу претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, претседателот на Владата Никола Груевски и специјалниот пратеник за името Никола Димитров во врска со разговорите за разликата околу името меѓу Република Македонија и Република Грција.

Консултации за името

Макфакс - 16.10.2008

Консултативна средба во врска со прашањето за името, ќе одржат денеска во Скопје шефот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Државниот врв ќе го разгледа последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, за кој, и Црвенковски, и Груевски, изразија несогласување и побараа сериозни измени.

Скопје: Денеска консултативна средба на државниот врв за последните идеи за името на Нимиц

Р.С.Европа - 16.10.2008

Денеска, консултативна средба на македонскиот државен врв на покана на претседателот Бранко Црвенковски на кој треба да биде изграден консензус по последниот пакет идеи на медијаторот Метју Нимиц понудени на последната средба во Њујорк со македонските и грчкиот преговарач.

ВЕЧЕР: Ако има Северна Македонија, значи дека има и други делови кои еден ден ќе мора да се обединат

Нетпрес - 16.10.2008

ВЕЧЕР: Ако има Северна Македонија, значи дека има и други делови кои еден ден ќе мора да се обединат "Одлуката за спорот со името можат да ја донесат самите Македонци. Решавачкиот момент овде е дали жителите на Македонија, независно од тоа дали се Албанци, Роми или Македонци, ќе кажат "да" - сакаме членство во НАТО, "да" - сакаме датум за преговори со ЕУ, и соодветно на тоа сами ќе донесат ...

МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ ЌЕ ГО ДЕФИНИРА ОДГОВОРОТ НА ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ

Сител - 16.10.2008

МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ ЌЕ ГО ДЕФИНИРА ОДГОВОРОТ НА ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска на заедничка координативна средба треба да го дефинираaт одговорот на Република Македонија за последниот сет-идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. Средбата е закажана за напладне во кабинетот на претседателот на државата.

НАЈАВЕНА НОВА КООРДИНАТИВНА СРЕДБА ЗА ИМЕТО

Сител - 16.10.2008

На средбата биле разменети повеќе информации во однос на предлогот, но конкретниот одоговор ќе го дадат по следната средба закажана за идната недела, најверојатно во вторник. Во меѓувреме, анализите продолжуваат. Во кусото соопштение дадено по координативната средба се вели дека согласно договорената динамика на процесот со медијаторот Нимиц, одговорот и реакцијата на Република Македонија не се ...

Државниот врв за името

Форум - 16.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска на заедничка средба треба да го дефинираaт одговорот на Република Македонија за последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. Средбата е закажана за пладне во кабинетот на претседателот на државата.

Македонскиот државен врв ќе го дефинира одговорот на предлогот од Нимиц

Кирилица - 16.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска на заедничка координативна средба треба да го дефинираaт одговорот на Република Македонија за последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. Средбата е закажана за напладне во кабинетот на претседателот на државата.

Државниот врв разговараше за името, ќе има дополнителни консултации

Нетпрес - 16.10.2008

Денеска се одржа координативна средба помеѓу претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и специјалниот пратеник за името Никола Димитров во врска со разговорите за разликата околу името меѓу Македонија и Грција. На средбата, како што информираа од Кабинетот на Црвенковски, била направена анализа на последниот пакет идеи на медијаторот Метју Нимиц за надминување на разликата околу ...

Државниот врв не изгради став за името

Форум - 16.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски не договорија заеднички став за последниот пакет на идеи на медијаторот Метју. Нимиц во врска со спорот за името. Државниот врв се договорил тоа да го направи за десетина дена, со оглед на тоа дека посредникот не инсистирал веднаш на одговор.

Средба на државниот врв за името - договорени дополнителни консултации

Кирилица - 16.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и специјалниот пратеник за името Никола Димитров, на денешната координативна средба направија анализа на последниот пакет идеи на медијаторот Метју Нимиц за надминување на разликата околу името, што беше презентиран во Њујорк на 8-ми овој месец.

Беер: Предлогот на Нимиц - чиста бирократија

А1 - 15.10.2008

Ова, во интервјуто за Дојче веле на македонски јазик, го изјави Ангелика Беер, пратеник на Зелените во Европскиот парламент, коментирајќи го последниот предлог за името на медијаторот Метју Нимиц. „Кога го слушнав предлогот на Нимиц, вртев со главата и не можев да сфатам. Мислев - ова е чиста бирократија, ова е невозможно.

Да го чуеме Нимиц непосредно?

Утрински - 15.10.2008

Ќе има ли можност медијаторот Метју Нимиц да им се обрати на пратениците во Собранието на РМ? Ќе му биде ли врачена покана? Пратениците во Собранието на РМ не можат и не смеат да ги градат своите ставови според кажувањата и пишувањата на дел од медиумите кои се повикуваат на „извори блиски на преговарачкиот процес“ и „доброупатени дипломатски извори“.

Црвенковски да поднесе оставка

Време - 15.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски е најголемиот виновник што Македонија во последната рунда од преговорите во Њујорк го доби досега најлошиот предлог за решавање на спорот за името. Затоа, тој треба да си поднесе оставка. Ова е заклучокот од трибината на Фондацијата „Рамковски“ што завчера се одржа во преполниот Дом на културата во Битола, во рамките на кампањата на Фондацијата против промена на ...

Беер: ОН понекогаш даваат несфатливи предлози

Алсат-М - 15.10.2008

ОН понекогаш даваат предлози што се несфатливи од политички аспект рече европратеничката Ангелика Беер за Дојче веле коментирајќи го последниот предлог за името на Нимиц. „Кога го слушнав предлогот на Нимиц, вртев со главата и не можев да сфатам. Мислев - ова е чиста бирократија, ова е невозможно.

Беер-ОН понекогаш даваат несфатливи предлози

Макфакс - 15.10.2008

ОН понекогаш даваат предлози што се несфатливи од политички аспект. Ова, во интервјуто за Дојче веле на македонски јазик, го изјави Ангелика Беер, пратеник на Зелените во Европскиот парламент, коментирајќи го последниот предлог за името на медијаторот Метју Нимиц. „Кога го слушнав предлогот на Нимиц, вртев со главата и не можев да сфатам. Мислев - ова е чиста бирократија, ова е невозможно.

Државна стратегија за името

Макфакс - 15.10.2008

Шефот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски в четврток ќе одржат консултации во врска со прашањето за разликите околу името со Грција. Државниот врв ќе го разгледа последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, за кој, и Црвенковски, и Груевски, изразија несогласување и побараа сериозни измени.

Ако има Северна Македонија, значи дека има и други делови кои еден ден ќе мора да се обединат

Вечер Прес - 15.10.2008

Ако има Северна Македонија, значи дека има и други делови кои еден ден ќе мора да се обединат "Одлуката за спорот со името можат да ја донесат самите Македонци. Решавачкиот момент овде е дали жителите на Македонија, независно од тоа дали се Албанци, Роми или Македонци, ќе кажат "да" - сакаме членство во НАТО, "да" - сакаме датум за преговори со ЕУ, и соодветно на тоа сами ќе донесат одлука, дали ...

Црвенковски да си поднесе оставка поради штетната улога во преговорите

А1 - 14.10.2008

Македонија не ги постигна очекуваните и можни економски резултати. На политички план не се изгради потребното единство на ставови дома, а меѓународниот фактор стекна погрешно мислење за определбите на македонските граѓани. За тоа најодговорен е Бранко Црвенковски, истакна вчера Велија Рамковски, во преполната сала на центарот за култура во Битола, во рамките на кампањата за името, на фондацијата ...

Црвенковски предложи консултации за името в четврток

Утрински - 14.10.2008

Црвенковски предложи консултации за името в четврток Државниот врв в четврток да одржи консултации во врска со името, предложи претседателот Бранко Црвенковски. Шефот на државата, како што соопшти неговиот кабинет, вчера упати писмо до премиерот Никола Груевски во кое го поканува на координативна средба во врска со последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

Вашингтон бара итен компромис за името

Дневник - 14.10.2008

Вашингтон бара итен компромис за името Американскиот помошник-државен секретар Даниел Фрид во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ ги повикува Атина и Скопје да постигнат компромис за името пред истекот на мандатот на администрацијата на претседателот на САД Џорџ Буш.

Црвенковски предложи консултации за името в четврток

Вест - 14.10.2008

Државниот врв в четврток да одржи консултации во врска со името, предложи претседателот Бранко Црвенковски. Шефот на државата, како што соопшти неговиот кабинет, вчера упатил писмо до премиерот Никола Груевски во кое го поканува на координативна средба во врска со последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

Од Македонија се бара да плати двојна цена

Утрински - 14.10.2008

Сите овие години јавноста е бомбардирана со погрешни политички оцени за спорот, вели професор Денко Малески Димитар Чулев Последниот предлог на М.Нимиц е оценет како најлош досега. Во што се состои, односно што е тоа најстрашно што го нуди медијаторот? Најстрашно е што со предлог-договорот цената на компромисот која Македонија треба да ја плати е двојно зголемена: согласноста за меѓународното име ...

Конечно ќе се кова стратегија за името

Дневник - 14.10.2008

Претседателот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски в четврток ќе одржат консултации во врска со името. Црвенковски вчера испрати писмо до Груевски и го покани на координативна средба за последниот предлог на посредникот Метју Нимиц. Од Владата потврдија дека Груевски ја прифатил поканата и ќе присуствува на средбата што ќе се одржи во кабинетот на претседателот.

Од лош предлог добар консензус

Време - 14.10.2008

Македонскиот државен врв в четврток на заедничка координативна средба, како и на посебна средба на лидерите на политичките партии идната недела, ќе ги дефинира идните чекори во преговорите за името и официјалната форма на одбивање на последниот предлог на посредникот Метју Нимиц. Во меѓувреме, продолжува притисокот од меѓународните фактори предлогот на Нимиц да биде прифатен.

ГРЦИЈА - ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ Е “ТРОЈАНСКИ КОЊ“ ЗА АТИНА

Сител - 14.10.2008

Во веќе 5 дневната дипломатската игра на чекање - кој прв ќе попушти и ќе го каже ставот околу најновиот предлог на Нимиц, Валинакис повторно изјави дека Атина внимателно ги проценува последните идеи на медијаторот. Ќе го формирале ставот во периодот што претстои. Грчките медиуми, пак, во предлогот на Нимиц видоа “Тројански коњ“ за позициите на Атина.

Државниот врв за името ќе расправа в четврток

Форум - 14.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски за во четврток ја закажа седницата на државниот врв на која ќе треба да се расправа за последниот пакет идеи на медијаторот Метју Нимиц во спорот за името. На средбата ќе се одлучува дали предлогот на Нимиц целосно да се отфрли или, пак, на медијаторот да му се достават забелешки кои ќе бидат земени предвид во натамошните преговори.

Предлогот на Нимиц е “тројански коњ“ за Грција

Нетпрес - 14.10.2008

Како “тројански коњ“ за Грција и за грчките позиции во спорот за името бил оценет последниот пакет идеи на медијаторот Метју Нимиц, од политичките и дипломатски кругови во Грција, објавува во анализа весникот “Парон“. Во текстот се вели дека преговорите за новиот предлог се стапица, така што ако Атина седне на масата, тоа ќе значи автоматско признавање на двојната формула, на “македонската“ ...

Нимиц предлага да ги снема Македонците

Н.Македонија - 14.10.2008

Последниот пакет на идеи што наводно требаше да доведат до решавање на долгогодишниот спор помеѓу Грција и Македонија беше експресно одбиен од обата столба на извршната власт во Македонија. Овојпат беше напуштена „ингениозната“ тактика на „големите“ македонски стратези – да молчат и да чекаат да се затрча грчката страна, со крајна цел таа да биде виновна пред очите на светот за неконструктивност.

Државниот врв ќе усогласува одговор за Нимиц

Н.Македонија - 14.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски за в четврток свика координативна средба на државниот врв, на која треба да се дефинира одговорот што Македонија ќе му го испорача на медијаторот Метју Нимиц, откако Црвенковски и Груевски, независно еден од друг, го отфрлија последниот негов предлог за името, како неприфатлив за Македонија.

За власта предлогот на Нимиц неприфатлив

А1 - 13.10.2008

За државно-владиниот врв последниот предлог на Нимиц е неприфатлив. „Ако Црвенковски соопшти дека бара сериозни измени во предлогот, јас уште повеќе сметам дека предлогот е несоодветен“, став на Премиерот. „Се надевам дека следниот пат кога ќе имаме заедничка средба во обид да изнајдеме консензус, ќе го направиме тоа и дека понатаму господинот Нимиц во неговата серија на давање идеи ќе има повеќе ...

Понеделник, 13 октомври

BBC - 13.10.2008

Откако стана јасно дека Македонија не се сложува со последниот сет идеи на посредникот Метју Нимиц, на насловните страници може да се прочитаат наслови како „Бранко и Никола џабе се караа", „Македонија ќе бара измени од Нимиц", па и прашања и барања како „Македонија се збогува со Буш?" или „Нимиц да се прогласи за непожелна личност!".

Половина Грци против „Северна Македонија“

А1 - 13.10.2008

Повеќе од половина Грци се против предлогот на медијаторот Нимиц, името на Македонија да биде Република Северна Македонија. Според анкетата на грчкиот весник „Катимерини“, 53 проценти од Грците се против последниот предлог на Нимиц за решавање на долготрајниот спор со името. Од друга страна, 43 проценти од испитаниците сметаат дека Грција би требало да го прифати предлогот.

Скопје бара измени, Атина тактизира

BBC - 13.10.2008

Откако посредникот на ОН Метју Нимиц го даде својот последен пакет идеи за решение на спорот со името, македонските и грчките власти го подготвуваат својот конечен одговор и забелешки. И додека Македонија и официјално бара сериозни измени во предлогот, во Атина се уште тактизираат.

Фрид: Скопје и Атина да го прифатат предлогот на Нимиц

А1 - 13.10.2008

Американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ ги повикува Атина и Скопје да постигнат компромис за името пред истекот на мандатот на администрацијата на претседателот на САД Џорџ Буш. „Претседателот Буш одамна се занимава со ова прашање, а не е сигурно дека и неговиот наследник на ист начин ќе се заземе за негово решавање“, вели Фрид.

Црвенковски го покани Груевски на средба за името

А1 - 13.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски денеска упати писмо до премиерот Никола Груевски со кое го поканува на координативна средба во врска со последниот предлог на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН во разговорите за разликите околу името, Метју Нимиц.

Против предлогот на Нимиц 53 отсто од Грците, 43 проценти го поддржуваат

Канал5 - 13.10.2008

Атина, 13 октомври (МИА) - Половина од Грците се против последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името, покажува анкетата на грчката агенција „Паблик ишју“ што ја објави денеска весникот „Катимерини“. Педесет и три отсто од анкетираните сметаат дека Грција треба да го отфрли предлогот на Нимиц северниот сосед да се нарекува „Република Северна Македонија“, додека 43 ...

Половина Грци против „Северна Македонија“

Алсат-М - 13.10.2008

Повеќе од половина Грци се против предлогот на медијаторот Нимиц, името на Македонија да биде Република Северна Македонија. Според анкетата на грчкиот весник „Катимерини“, 53 проценти од Грците се против последниот предлог на Нимиц за решавање на долготрајниот спор со името. Од друга страна 43 проценти од испитаниците сметаат дека Грција би требало да го прифати предлогот.

Предлогот на Нимиц за името е несоодветен

Вест - 13.10.2008

Последниот предлог на Метју Нимиц за решавање на грчко-македонскиот спор по прашањето за името е неприфатлив и за премиерот Никола Груевски. Премиерот Груевски во Прилеп завчера истакна дека тој има уште порезервиран став за предлогот на Нимиц од претседателот Црвенковски.

Нимиц да се прогласи за непожелна личност

Време - 13.10.2008

Последниот предлог на посредникот Метју Нимиц е најлошиот што го има добиено Македонија и тој дури е понижувачки за граѓаните на оваа држава. Нимиц треба да се прогласи за непожелна личност во Македонија, а на нашите преговарачи да им се забрани да одат во Њујорк и залудно да трошат народни пари.

Македонско „не“ за пакетот „Северна“

Време - 13.10.2008

Последниот предлог на посредникот Метју Нимиц е неприфатлив за Македонија и во него мора да се направат сериозни измени за некој во Скопје да може да размислува да разговара понатаму. По подолго време премиерот Никола Груевски и претседателот Бранко Црвенковски излегоа со сличен став, а тој е дека последниот пакет-идеи на Нимиц не може да биде основа за евентуално решавање на спорот.

Фрид ги повика Атина и Скопје да го прифатат предлогот на Нимиц

Канал5 - 13.10.2008

Атина, 13 октомври (МИА) - Американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ ги повикува Атина и Скопје да постигнат компромис за името пред истекот на мандатот на админситрацијата на претседателот на САД Џорџ Буш.

Државниот врв неделава ќе дефинира одговор на предлогот на Нимиц

Алсат-М - 13.10.2008

Македонскиот државен врв неделава на координативна средба треба да го дефинира одговорот за последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. И претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски во првичните реакции кажаа дека без сериозни измени предлозите на Нимиц не се добра основа за доаѓање до најсоодветно решение.

Фрид бара решение за името пред крајот на мандатот на Буш

Алсат-М - 13.10.2008

Американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид преку грчкиот весник „Катимерини“ ги повика Атина и Скопје да постигнат компромис за името пред истекот на мандатот на претседателот Џорџ Буш. Претседателот Буш одамна се занимава со ова прашање, а не е сигурно дека и неговиот наследник на ист начин ќе се заземе за негово решавање, вели Фрид.

Македонија ќе бара измени од Нимиц

Утрински - 13.10.2008

Грција по самитот во Букурешт со секоја средба го заострува својот став за името Димитар Чулев Македонија нема грубо да го отфрли последниот предлог на Метју Нимиц, меѓутоа т.н. сет идеи што го понуди медијаторот минатата недела во Њујорк ќе мора да претрпи сериозни корекции.

Црвенковски го кани Груевски во четврток на координација за предлогот на Нимиц

Алсат-М - 13.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски предлага координативната средба на државниот врв околу последниот пакет идеи за решавање на спорот со Грција на медијаторот Метју Нимиц да се одржи во четврток неделава. Тој со писмо денеска го покани премиерот Никола Груевски средбата на која треба да се дефинира одговорот на идеите на медијаторот Нимиц за решавање на спорот за името со Грција да ја одржат во ...

ЦРВЕНКОВСКИ ГО ПОКАНИ ГРУЕВСКИ НА СРЕДБА

Телма - 13.10.2008

ЦРВЕНКОВСКИ ГО ПОКАНИ ГРУЕВСКИ НА СРЕДБА Претседателот Бранко Црвенковски денеска упати писмо до премиерот Никола Груевски со кое го кани на координативна средба во врска со последниот предлог на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН во разговорите за разликите околу името, Метју Нимиц.

Македонскиот државен врв неделава ќе го дефинира одговорот на предлогот на Нимиц

Канал5 - 13.10.2008

Скопје, 13 октомври (МИА) - Македонскиот државен врв неделава на заедничка координативна средба треба да го дефинира одговорот на Република Македонија за последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. И претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски во првичните реакции кажаа дека без сериозни измени предлозите на Нимиц не се добра основа за доаѓање ...

Бранко и Никола џабе се караа

Дневник - 13.10.2008

Македонскиот државен врв погрешно процени дека посредникот Нимиц ќе даде конечен предлог и оти тоа ќе биде последен обид на американската администрација за решавање на спорот, па реши да ги судри своите различи тактики пред клучниот момент, коментираат дипломати.

Бранко не успеа како медијатор

Дневник - 13.10.2008

Државните водачи на Македонија конечно се обединија околу нешто - околу оценката дека последниот предлог на посредникот Метју Нимиц е лош. Но, тоа обединување не може да биде тепих под кој ќе се турнат сите нив ни промашувања што доведоа до овој лош предлог.

Црвенковски го кани Груевски на координација

Нетпрес - 13.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски денеска упати писмо до премиерот Никола Груевски во кое го поканува на координативна средба во врска со последниот предлог на специјалниот пратеник на Генералниот Секретар на ОН во разговорите за разликите околу името, Метју Нимиц. Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, Црвенковски предлага средбата да се одржи во четврток на 16 октомври во 12 часот.

ДНЕВНИК: Бранко и Никола џабе се караа

Нетпрес - 13.10.2008

Македонскиот државен врв погрешно процени дека посредникот Нимиц ќе даде конечен предлог и оти тоа ќе биде последен обид на американската администрација за решавање на спорот, па реши да ги судри своите различи тактики пред клучниот момент, коментираат дипломати.

“Катимерини“: Прифатете го предлогот на Нимиц, повикува Даниел Фрид

Нетпрес - 13.10.2008

Прифатете го предлогот на Нимиц, повикал заменик државниот секретар на САД, Даниел Фрид во интервју за грчкиот весник “Катимерини“. Одговорниот за европските прашања нагласил дека во последно време Атина ги претставува на уверлив начин аргументите и го предупредил Скопје дека не може да живее изолирано од Грција.

Штo значи “не“-то на Црвенковски?

Нетпрес - 13.10.2008

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски го отфрли новиот пакет идеи на медијаторот на ООН, Метју Нимиц, во спорот со името меѓу Атина и Скопје. Со тоа Црвенковски сака да удри по премиерот Никола Груевски. Ова денеска го објавува грчкиот весник “То Вима. Според весникот, внатрешнополитичката криза во Скопје довела до пропаст на новиот пакет идеи на Нимиц.

Црвенковски предложи консултации за името в четврток

Макфакс - 13.10.2008

Државниот врв во четврток да одржи консултации во врска со името, предложи претседателот Бранко Црвенковски. Шефот на државата, како што соопшти неговиот кабинет, денеска упати писмо до премиерот Никола Груевски во кое го поканува на координативна средба во врска со последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

Половина Грци против „Северна Македонија“

Макфакс - 13.10.2008

Повеќе од половина Грци се против предлогот на медијаторот Нимиц, името на Македонија да биде Република Северна Македонија. Според анкетата на грчкиот весник „Катимерини“, 53 проценти од Грците се против последниот предлог на Нимиц за решавање на долготрајниот спор со името. Од друга страна 43 проценти од испитаниците сметаат дека Грција би требало да го прифати предлогот.

Против предлогот на Нимиц 53 отсто од Грците, 43 проценти го поддржуваат

Кирилица - 13.10.2008

Половина од Грците се против последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името, покажува анкетата на грчката агенција „Паблик ишју“ што ја објави денеска весникот „Катимерини“. Педесет и три отсто од анкетираните сметаат дека Грција треба да го отфрли предлогот на Нимиц северниот сосед да се нарекува „Република Северна Македонија“, ...

Фрид ги повика Атина и Скопје да го прифатат предлогот на Нимиц

Кирилица - 13.10.2008

Американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ ги повикува Атина и Скопје да постигнат компромис за името пред истекот на мандатот на админситрацијата на претседателот на САД Џорџ Буш. - Претседателот Буш одамна се занимава со ова прашање, а не е сигурно дека и неговиот наследник на ист начин ќе се заземе за негово решавање, вели Фрид.

„То Вима“ – Што значи „не“ – то на Црвенковски?

Макфакс - 13.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски го отфрли новиот пакет идеи на Метју Нимиц, сакајќи да удри по премиерот Никола Груевски, коментира денеска грчкиот весник „То Вима“. Во текстот под наслов „Што значи „не“ – то на Црвенковски“, весникот понатаму пишува оти внатрешната криза во Скопје го предизвикала неуспехот на новиот пакет на медијаторот Метју Нимиц.

ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ 53 ОТСТО ОД ГРЦИТЕ, 43 ПРОЦЕНТИ ГО ПОДДРЖУВААТ

Сител - 13.10.2008

ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ 53 ОТСТО ОД ГРЦИТЕ, 43 ПРОЦЕНТИ ГО ПОДДРЖУВААТ Половина од Грците се против последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името, покажува анкетата на грчката агенција „Паблик ишју“ што ја објави денеска весникот „Катимерини“.

Црвенковски и Груевски се помируваат, Грците одолжуваат

Н.Македонија - 13.10.2008

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски најавуваат заедничка средба на која треба да им се стави крај на меѓусебните кавги за спорот со името, откако посредникот Метју Нимиц изнесе мошне лош предлог за Македонија, информираа вчера од двата кабинета. Во меѓувреме, Грција ладнокрвно ги одбива сите забелешки од македонската страна.