TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За ЕУ и за САД однесувањето на ДУИ е неприфатливо

Утрински - 10.02.2007

Поради бојкотот на Собранието, интегративците го губат кредибилететот кај меѓународните претставници БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Опозициската ДУИ е на удар од меѓународните претставници поради бојкотот на парламентот и односот спрема прашањето за политичкиот дијалог.

ДУИ бара Рамковен за дијалог

Вечер Прес - 10.02.2007

ДУИ повторно го условува продолжувањето на дијалогот со власта. На поканата на премиерот Никола Груевски од минатата недела, за средба со Али Ахмети во четири очи или разговори преку работни групи, како и со СДСМ, партијата на Ахмети одговори со барање за "нов рамковен договор" во кој се содржани ...

ДУИ спремна за дијалог со присуство на меѓународни претставници

А1 - 09.02.2007

Ахмети бара Рамковен договор за дијалогот. ДУИ ќе прифати средба само со присуство на меѓународни претставници. Тие денеска со директна порака до Груевски да престане да води дијалог со нив преку медиумите, бараат искрени намери за продолжување на дијалогот.

Ахмети бара посебни гаранции за средба со Груевски

Време - 09.02.2007

ДОДЕКА СТРАНЦИТЕ ПРИТИСКААТ ЗА ДИЈАЛОГ Али Ахмети ќе прифати средба со премиерот Никола Груевски кога тој ќе покаже подготвеност за конкретни резултати во однос на агендата што ја нуди ДУИ и само во присуство на меѓународните фактори.

Ахмети ќе се сретне со Груевски само пред странци

Дневник - 09.02.2007

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера избегна да одговори дали ја прифаќа поканата на премиерот Никола Груевски за средба во четири очи. Неофицијално, ДУИ сериозно го разгледува писмото на Груевски и најверојатно ќе прифати средба, но со присуство на меѓународни претставници.

Деконспирација

Утрински - 08.02.2007

Мислења ЕРМИРА МЕХМЕТИ Парламентарното мнозинство нема демократски капацитет, нема визија, нема иницијатива, нема инвентивност Денес во Скопје доаѓа eврокомесарот за проширување, Оли Рен. Во пресрет на неговата посета, која без сомнение тесно се поврзува со најновиот обид за обнова на политичкиот ...

Миловановиќ го враќа Ахмети на преговарачка маса

Вечер Прес - 08.02.2007

Странските дипломати во офанзива да ја убедат ДУИ да се врати во Парламентот и на преговарачка маса со цел да продолжи политичкиот дијалог. Како што дознаваме, амбасадорката на САД, Џилиен Миловановиќ, на вчерашната средба со Али Ахмети и Теута Арифи неколку часа се обидувала да го одврати ...

Ахмети се сретна со Миловановиќ

А1 - 07.02.2007

Ахмети на средба кај американската амбасадорка Миловановиќ. Разговараа речиси три часа. Што му рече Миловановиќ на лидерот на ДУИ, не сакаат да откријат. Неофицијално, Миловановиќ треба да го убеди Ахмети да се врати во Собранието и на дијалогот.

Ахмети, наместо со македонскиот, се гледа со турскиот премиер

Време - 07.02.2007

НЕИЗВЕСНО ВРАЌАЊЕТО НА ДУИ ВО ДИЈАЛОГОТ Александра М. Митевска Неизвесно е дали ДУИ ќе се врати во дијалогот меѓу најголемите парламентарни партии и дали нејзиниот лидер Али Ахмети ќе ја прифати поканата за средба со премиерот Никола Груевски.

Власта брза да го обнови дијалогот пред посетата на Оли Рен

Утрински - 07.02.2007

Дипломатите ја притискаат ДУИ да го прекине бојкотот и да се врати во парламентот БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Владеjачката ВМРО-ДПМНЕ не успева во обидот да го обнови дијалогот со опозициската ДУИ во пресрет на посетата на еврокомесарот за проширување, Оли Рен, на земјава.

И ДУИ фаќа приклучок

Дневник - 07.02.2007

Сигналот пристигна вчера од ДУИ, а образложението е директната покана од премиерот Никола Груевски за средба во четири очи со Али Ахмети Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициона партија СДСМ денеска ќе го продолжат политички дијалог по работни групи.

Пред да се сретнат очи в очи Ахмети кај американската амбасадорка Груевски го чека Оли Рен

Канал5 - 07.02.2007

САД сметаат дека бојкотот на парламентот е лоша одлука и сакаат ДУИ да ја видат назад во собраниските клупи. Амбасадорката Миловановиќ ова му го пренела на лидерот на ДУИ Ахмети на попладневната средба. САД сметаат дека бојкотот на парламентот е лоша одлука и сакаат ДУИ да ја видат назад во ...

Политичкиот дијалог неизвесен до четврток

Макфакс - 07.02.2007

Скопје Демократската унија за интеграција (ДУИ) в четврток преку отворено писмо ќе го извести премиерот Никола Груевски дали ја прифаќа понудата за дијалог. Оваа партија на синоќешната седница, уште еднаш го утврди ставот, според кој прифаќа дијалог со присуство на меѓународен фактор и со претходно ...

Средба Груевски-Ахмети во четири очи?

Вечер Прес - 07.02.2007

Централното Претседателство на ДУИ денеска одлучува дали ќе ја прифати поканата од премиерот Никола Груевски за тет-а-тет средба со партискиот лидер Али Ахмети, или продолжување на дијалогот преку партиски работни групи како и со СДСМ.

ДУИ ќе го разгледа предлогот на Груевски за дијалог

А1 - 06.02.2007

Го омекнува ли Ахмети ставот за средбата со Груевски и дали ќе прифати да се сретне сам со Премиерот без присуство на странци? Лидерот на ДУИ утре ќе го даде одговорот откако ќе се врати од Анкара, по централното претседателство во Мала Речица, каде ќе биде разгледувано писмото на Груевски во кое ...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не отстапуваат од партиските агенди

Утрински - 06.02.2007

Интегративците вчера ја очекуваа поканата од власта за нови разговори Во опозициската ДУИ вчера ја очекуваа поканата од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на политичкиот дијалог меѓу политичките партии. Од владејачката партија вчера потврдија дека имаат намера да ги информираат претставниците на ДУИ околу ...

Бетонирани разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Дневник - 06.02.2007

Според сегашните позиции, нема шанса ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да седнат на маса и да почнат дијалог, иако, како што тврди владејачката партија, премиерот Никола Груевски вчера му пишал на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека ги кани на средба.

ДУИ го омекнува ставот – остава можност за средба во четири очи Ахмети - Груевски

Канал5 - 06.02.2007

Првите луѓе на ДУИ заеднички ќе ја носат одлуката дали Ахмети ќе ја прифати поканата од Груевски за тет-а-тет средба.. Се чека Ахмети да се врати од Турција. Првите луѓе на ДУИ заеднички ќе ја носат одлуката дали Ахмети ќе ја прифати поканата од Груевски за тет -а-тет средба..

Разговори за законите кои ќе се носат со Бадентер

Вечер Прес - 06.02.2007

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се разговара за листата на закони кои ќе се гласаат по Бадентеровиот принцип, но притоа да не се суспендира Комитетот за односи меѓу заедниците, чии членови ќе го имаат последниот збор Неформално договарање список на закони кои ќе се гласаат со Бадентеровото мнозинство е ...

Груевски му испрати писмо на Ахмети за дијалог

А1 - 05.02.2007

Груевски му закажува средба на Али Ахмети. Во писмото што му го испратил попладнево, Премиерот бара дијалог за лично да го уверел лидерот на ДУИ оти сака сериозно да разговара и за несогласувањата околу функционирањето на Комитетот на заедниците, деловникот, измените во изборниот закон, Судскиот ...

Заглави писмото од Груевски до ДУИ

Дневник - 05.02.2007

Никој не знае дали премиерот Никола Груевски навистина му пишал писмо на Али Ахмети со покана пратеничката група на ДУИ да учествува на средбите на работните групи на партиите во Собранието . Денеска нема да се одржи таква средба, бидејќи ДУИ тврди дека не добила покана, а во ВМРО-ДПМНЕ велат дека ...

Груевски го кани Ахмети на средба во четири очи

Канал5 - 05.02.2007

Премиерот Груевски го кани Ахмети на тет-а-тет средба. Според владини извори, испратил писмо до лидерот на ДУИ во кое предлага тие двајцата да се сретнат за Груевски лично да го увери во неговите искрените намери за дијалог. Премиерот Груевски го кани Ахмети на тет-а-тет средба.