TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Собранието заложник на партиските барикади

Утрински - 06.12.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Пратениците во македонскиот парламент неделава со невидена леснотија ги притиснаа зелените копчиња за изгласување закони, за кои власта и опозицијата речиси една година се надмудруваа и со големо внимание ги третираа дури и запирките во законските одредби.

Собранието не смее да штанца лоши закони

Утрински - 05.12.2007

Експертите велат експресното гласање закони да биде исклучок ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Експертите го поздравуваат деблокирањето на политичкиот процес по експресната собраниска верификација на трите закони кои се дел од политичките предуслови за членство во НАТО (чие усвојување претходно го договори ...

Договор за преостанатите закони за ЕУ

Макфакс - 05.12.2007

Скопје Договор веднаш по Нова година сите преостанати закони со знакот на ЕУ да бидат донесени во Собранието, постигнаа синоќа партиските лидери од власта и опозицијата. Лидерите на четирите најголеми парламентарни партии ги усогласија ставовите за сите преостанати 18 закони важни за ...

Усвоени три закони од НАТО агендата

Вест - 04.12.2007

ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ ГО ДЕБЛОКИРАА СОБРАНИЕТО Пратениците ги изгласаа законите за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители, како и Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците Собранието вчера експресно донесе три битни закони од евроатлантската агенда на Македонија, кои беа усогласени ...

По лидерскиот договор, Собранието експресно ги донесе спорните закони

Утрински - 04.12.2007

Првпат од конституирањето на овој собраниски состав e донесеn закон со двотретинско мнозинство гласови ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА По договорот што го постигнаа лидерите на четирите најголеми партии од македонскиот и од албанскиот политички блок, вчера во Собранието како подмачкано поминаа трите спорни ...

Усвоен законот за обвинителството

Дневник - 04.12.2007

Вчера беа усвоени и законите за Комитетот за меѓуетнички односи и за Советот на јавните обвинители Собранието вчера со консензус ги донесе законите за Комитетот за меѓуетнички односи, за Советот на јавните обвинители и за Јавното обвинителство.

Американската амбасада го поздрави усвојувањето на законите важни за НАТО

Канал5 - 04.12.2007

Американската амбасада се огласи со став за усвоените закони во собранието, важни за НАТО. Го поздравуваме усвојувањето на Законите за јавен обвинител, за Совет на обвинители и за собранискиот комитет за односи меѓу заедниците.

Собранието ги изгласа законите од НАТО-агендата

Вечер Прес - 04.12.2007

Законите за меѓуетничкиот комитет, за јавно обвинителство и за советот на јавни обвинители се дел од клучните политички предуслови, Македонија на самитот на НАТО во април идната година да добие покана за членство во Алијансата.

Усвоен комплексот закони за НАТО

А1 - 03.12.2007

Собранието го изгласа пакетот закони клучни за добивање на поканата за НАТО. Без расправа беше донесен законот за комитетот за односи меѓу заедниците, а по куса дебата, пред која опозицијата ги повлече амандманите, беа донесени и законот за советот за јавните обвинители и законот за јавно ...

Падна договор за комитетот за односи меѓу заедниците

Време - 03.12.2007

ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ КОНЕЧНО ПОСТИГНАА КОМПРОМИС Горан Галевски Собраниска седница на која ќе се изгласа законот за комитетот за односи меѓу заедниците, како и законите за Јавно обвинителство и за Совет на јавни обвинители, е договорот меѓу лидерите на партиите од власта и од опозицијата.

Обвинителските закони денеска во Собрание

Вест - 03.12.2007

ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ПРЕСЕЧЕ Со комплетна отстапка од лидерот на најголемата владејачка партија и премиер Никола Груевски, во петокот на лидерската средба партиите ги договорија двата обвинителски закона, спорните прашања од Комитетот на заедниците, комплетирањето на Судскиот совет, ...

Груевски и' попушти на опозицијата

Дневник - 03.12.2007

Гледајќи дека може да го загубиме НАТО,решивме да направиме комплетна отстапка, изјави премиерот Никола Груевски Направивме комплетна отстапка, изјави премиерот Никола Груевски, по последната лидерска средба на која беше договорено Собранието денеска да ги изгласа законот за Комитетот за односи ...

Законите предуслов за НАТО во Собранието

Макфакс - 03.12.2007

Скопје Собранието денеска треба да ги изгласа законите за Комитетот за односи меѓу заедниците, за јавен обвинител и за советот за јавни обвинители. Овие закони се дел од политичките предуслови за членство на Македонија во НАТО, а согласноста за да се гласа за нив беше постигната во петокот на ...

Собранието го усвои комплексот закони за НАТО

Макфакс - 03.12.2007

Скопје Собранието денеска го усвои комплексот закони кои се дел од политичките предуслови за членство во НАТО, а беа договорени меѓу власта и опозицијата, во петокот. Пратениците без ниту еден глас против попладнево го изгласаа предлог Законот за Советот на јавни обвинители, а со двотретинско ...