TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Косово независно до 10 декември, најави Чеку

Канал5 - 15.09.2007

Премиерот на Косово одговарајќи на прашања на пратениците во Собранието на Косово изјави дека 10 декември е рокот за завршување на процесот за утврдување на статусот на Косово. Приштина, 15 септември (МИА) - Премиерот на Косово одговарајќи на прашања на пратениците во Собранието на Косово изјави ...

Повикот на бојкот е повик за поделба

Дневник - 14.09.2007

Тоа е директен повик до Србите јужно од Ибар да се спакуваат и да си заминат - вели Оливер Ивановиќ, еден од умерените лидери на косовските Срби Повиците на Белград за бојкот на парламентарните избори во Косово во ноември, меѓу косовските Срби се толкуваат како кампања за поделба на покраината, ...

Белград: Србите од Косово да не учествуваат на изборите

А1 - 13.09.2007

Владата во Белград им препорача денеска на Србите од Косово да не учествуваат на претстојните општи избори во покраината. Српската Влада соопшти дека таквата одлука е донесена во консултации со шефот на државата Борис Тадиќ. Во соопштението се наведува дека Србите кои живеат на Косово немаат ...

Србија и Русија заедно против независнота на Косово

Вест - 13.09.2007

БРИСЕЛ/БЕЛГРАД, 13 септември (Ројтерс) - Србија вчера ја предупреди ЕУ дека нема да прифати никаква одлука за Косово донесена надвор од Обединетите Нации, а нејзиниот сојузник Русија им рече на САД да престанат да ја поддржуваат независноста на Косово додека траат преговорите.

Коштуница демантира дека ќе ги казнува соседите поради Косово

Утрински - 13.09.2007

Брисел го предупреди Белград да се воздржи од провокативни изјави насочени кон соседите Од нашиот дописник СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Брисел - Премиерот Воислав Коштуница порача вчера од Брисел дека Србија не е закана за земјите од регионот, но дека обидите да се најде решение за Косово надвор од ...

За Косово можат да решаваат само ОН

Утрински - 13.09.2007

БРИСЕЛ - Српскиот премиер Воислав Коштуница вчера изјави дека судбината на Косово може да биде решена само во Обединетите нации и го повика Запад да не ја охрабрува покраината да прогласи независност. Коштуница изјави дека Белград е конструктивен во преговорите за решавање на иднината на Косово до ...

Албанците се селат на југ, Србите на север

Дневник - 13.09.2007

Се засилува присуството на Србите, а на Албанците им е подобро да се преселат сега, додека не е доцна - оцени европски дипломат говорејќи за северно Косово Србите и Албанците тивко разменуваат територии и создаваат етнички чисти области на Косово, пред очите на Западот, кој тврди дека нема да ...

Белград прифаќа само одлука од Обединетите нации

Дневник - 13.09.2007

Српскиот премиер Воислав Коштуница вчера во Брисел ја предупреди ЕУ дека унилатерална декларација за независност на Косово е повеќе од опасна и побара од Брисел да не ги охрабрува Албанците на Косово во таа насока. На средбите со шефот на европската дипломатија Хавиер Солана и со претседателот на ...

Албанскиот политички врв ја изрази поддршката за поскоро прогласување независност на Косово

Канал5 - 13.09.2007

Прогласувањето независност на Косово е единственото решение на проблемот и сите сме подготвени да го постигнеме, изјави косовскиот премиер Агим Чеку по разговорите во Тирана со политичкото раководство на Албанија. Тирана, 13 септември (МИА) - Прогласувањето независност на Косово е единственото ...

Приоритет на ЕУ соработка на Србија со Трибуналот

А1 - 12.09.2007

За ЕУ приоритет е соработка на Србија со Хашкиот трибунал. Србија, пак, иако не го маргинализирала оваа прашање, сепак косовското прашање инсистира да биде пресудно за сопствената иднина. Ова е сублимиран епилог од денешната средба во Брисел на претседателот на ЕК Баросо со српскиот претседател ...

Коштуница тајно предлага поделба

Дневник - 12.09.2007

Приштинскиот весник „Коха диторе“ објави дека српскиот премиер Воислав Коштуница по тајни дипломатски канали на европските држави им ја понудил идејата за поделба на Косово, заобиколувајќи го шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ, јави МИА.

САД ја повлекоа изјавата за признавање на Косово

Дневник - 12.09.2007

Амбасадата на САД во Србија соопшти дека изјавата на Курт Вокер, функционер во Стејт департментот за можноста за еднострано признавање на Косово е погрешно интерпретирана, јави МИА. Реакцијата на Амбасадата на САД следуваше по демаршот на српското Министерство за надворешни работи, кое ја оцени ...

„Коха диторе“: Коштуница нуди поделба на Косово

А1 - 11.09.2007

Приштинскиот весник „Коха диторе“ пишува дека српскиот премиер Воислав Коштуница по тајни дипломатски канали на европските држави им ја нуди идејата за поделба на Косово. Повикувајќи се на сигурни извори, весникот наведува дека Коштуница поделбата ја понудил како опција за решавање на прашањето на ...

Европа ќе биде обединета околу Косово

Време - 11.09.2007

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТЕРАЛ НАЈАВУВА Сите држави на Европската Унија се обединети во својот став за Косово, изјави францускиот амбасадор во Белград Жан Франсоа Терал, кој ги отфрла оцените дека низа просрпски ориентирани европски држави се против независноста на Косово.

Чеку: Србија е закана за безбедноста во регионот

А1 - 10.09.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку ја обвини денеска Србија дека „продолжува да биде сериозна закана за безбедноста на Косово и во целиот регион“, пренесоа денеска приштинските електронски медиуми. Чеку во редовното неделно обраќање преку Радио Косово изјави дека САД, ЕУ и останатите демократски земји ...

ЕУ поделена за Косово

А1 - 10.09.2007

Ситуацијата околу идниот статус на Косово се повеќе се проблематизира и внатре во Европската Унија. И покрај тоа што од Брисел се потенцира решителноста за затворање на косовското прашање, сепак се поочигледна е поделеноста меѓу земјите членки на Унијата.

САД поддржуваат еднострано прогласување независност

Време - 10.09.2007

СПОРЕД АМЕРИКАНСКИОТ ДИПЛОМАТ КУРТ ВОКЕР САД се подготвени да поддржат еднострано прогласување независност на Косово, доколку Советот за безбедност на Обединетите нации не постигне консензус за статусот на српската покраина, изјави претставникот на Стејт департментот Курт Вокер.

Кушнер: Поделбата на Косово би била катастрофа

Вест - 10.09.2007

ВИАНА ДО КАСТЕЛО, ПОРТУГАЛИЈА, 10 септември - "Поделбата на Косово е надвор од сценариото, тоа би било катастрофа", рече шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер за време на завршниот дел на дводневната средба на министрите за надворешни работи на Европската унија во португалскиот град Виана ...

Подобро статус за Косово отколку статус кво

Утрински - 10.09.2007

ВиЈана ди Кастело – Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, на маргините на неформалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во Вијана ди Кастело предупреди дека одолжувањето на решавањето на прашањето за статусот на Косово ќе ја зголеми напнатоста на Балканот.

ОН да го заштитат територијалниот интегритет на Србија

Утрински - 10.09.2007

Белград- Српскиот премиер Воислав Коштуница ги повика ОН да го заштитат територијалниот интегритет на Србија, за кој истакна дека е загрозен од „директните закани на САД" дека еднострано ќе ја признаат независноста на Косово.

ЕУ не сака да биде втора виолина за Косово

Дневник - 10.09.2007

Италија предложила иницијатива за компромис, со тоа што ЕУ на Србија би и' предложила статус на кандидат за членство, но некои членки побарале Белград прво да ги испорача сите осомничени за воени злосторства Шефовите на европските дипломатии зазедоа став дека Европската Унија треба да биде ...

„Индепендент“: Србија „го предупредува“ Вашингтон дека ги „поткопува“ преговорите за Косово

Канал5 - 10.09.2007

Србија „го предупреди“ Вашингтон дека ги „поткопува“ преговорите за Косово со заканата дека САД се подготвени да ја признаат независноста на покраината, пишува лондонскиот весник „Индепендент“. Лондон, 10 септември (МИА) - Србија го предупреди Вашингтон дека ги поткопува преговорите за Косово со ...

„Пресе“: Косово не е ниту во САД, ниту во Русија

Канал5 - 10.09.2007

Европската унија треба да покаже дека е присутна во решавањето на косовскиот проблем, особено што Косово не е ниту во САД, ниту во Русија, оценува денеска виенски „Пресе“. Виена, 10 септември (МИА) - Европската унија треба да покаже дека е присутна во решавањето на косовскиот проблем, особено што ...

Заштитете ја Србија од САД

Вечер - 10.09.2007

Српскиот премиер Воислав Коштуница саботата ги повика Обединетите нации да го заштитат територијалниот интегритет на Србија, за кој истакна дека е загрозен од "директните закани на САД" дека еднострано ќе ја признаат независноста на Косово, пренесува МИА.

"Не, не и не!" за поделбата на Косово

Вечер - 10.09.2007

Преговорите за статусот на Косово треба да завршат на 10 декември, но во врска со можноста за поделба на покраината шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер, по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Португалија, рече "Не, не и не!".

Подобро статус отколку статус кво

Вечер - 10.09.2007

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски вчера на маргините на неформалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во Виана до Кастело предупреди дека одолговлекувањето на решавањето на прашањето за статусот на Косово ќе ја зголеми напнатоста на Балканот.