TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер во Јапонија

А1 - 16.10.2005

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала изутринава ги погоди источните делови на Јапонија. Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на земјотресот се наоѓал североисточно од јапонската престолнина ...

Бројот на жртвите во Кашмир се искачи на 39.422

А1 - 16.10.2005

Бројот на жртвите во земјотресот што го погоди Пакистан на 8 октомври се искачи на 39.422 лица, а 65.038 се повредени, изјави денеска пакистанскиот генерал Фарук Џавед. Само во град Музафарабад, пакистанскиот дел на Кашмир загинале 18.500 лица.

38.000 жртви - новиот биланс од земјотресот во Пакистан

А1 - 15.10.2005

Најмалку 38.000 загинати, околу 62.000 повредени и 3,3 милиони жители без покрив на главата е најновиот биланс во минатонеделниот земјотрес во Пакистан, јавуваат светските агенции. Според пакистанскиот министер за внатрешни работи Афтаб Шерпао, најновите податоци покажуваат дека бројката на ...

Спасувачите си одат дома

Време - 15.10.2005

ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ПАКИСТАН Новинските известувачи од Пакистан вчера соопштија дека потрагата по преживеани од катастрофалниот земјотрес што минатата сабота ја погоди земјата веќе запира. Пакистанските власти демантираат дека потрагата е завршена, но офицери на теренот велат дека ...

Ги жртвуваат затрупаните за да ги спасат живите

Дневник - 15.10.2005

СПАСУВАЧИТЕ ВО ПАКИСТАН СЕ СПАКУВАА, ДОАЃААТ БУРИ И СНЕГ Меѓународните тимови за спасување почнаа да го напуштаат пакистанскиот дел на Кашмир, сметајќи дека повеќе нема надеж за преживеани во урнатините што останаа по катастрофалниот земјотрес пред една недела, јави Ројтерс.

Не останапеда земја ниту за гробовите

Дневник - 14.10.2005

ВО ПАКИСТАН Најмалку 25.000 луѓе загинале, а 63.000 се повредени при катастрофалниот земјотрес во северен Пакистан во саботата, според новите информации од локалните власти, јави Ројтерс. Се уште се претпоставува дека загинале околу 40.000 луѓе, но тоа не може прецизно да се утврди се додека не се ...

25.000 загинати и 63.000 повредени од катастрофалниот земјотрес

А1 - 13.10.2005

Бројот на настрадани во катаклизмичниот земјотрес што минатата недела го погоди Пакистан, според последниот официјален биланс, е 25.000 загинати и 63.000 повредени. „Официјалниот биланс за жртвите е 25.000, а бројот на повредени е над 63.000“, соопшти неименуван портпарол на пакистанската армија, ...

Милиони луѓе на отворено ја чекаат хималајската зима

Време - 13.10.2005

ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО КАШМИР Пакистанската влада соопшти дека катастрофалниот земјотрес што ја погоди областа Кашмир, покрај тоа што убил повеќе од 30.000 луѓе, оставил приближно 2,5 милиони луѓе без покрив над главата.

Хуманитарна мисија за спасување на преживеаните

Вест - 13.10.2005

КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУЖНА АЗИЈА ЗАТРУПА НАД 80.000 ЛИЦА БАТА МОРА, 13 октомври (Ројтерс) - Храна и хуманитарна помош вчера пристигнаа од повеќе области во северен Пакистан додека операциите за спасување од катастрофалниот земјотрес во Кашмир полека се претвора во хуманитарна мисија за ...

Хуманитарците се враќаат во Јужна Азија

Утрински - 13.10.2005

По привременото суспендирање на хуманитарните напори Околу четири милиони лица беа погодени од земјотресот, кој одзеде 23.000 животи, најголемиот дел од нив во Кашмир. Во оддалечените области сў уште нема пристигнато хуманитарна помош Хуманитарна помош пристигнува во регионите погодени од ...

Стотици илјади се грабаат за помошпред да заврне хималајскиот снег

Дневник - 13.10.2005

СТРАДАЊА НА ПОГОДЕНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ПАКИСТАН Пет дена по катастрофалниот потрес, малкумина од настраданите добиле каква било помош, и покрај дарежливоста на многу земји и организации Пакистанските власти настојуваат што е можно побрзо да достават хуманитарна помош до стотиците илјади луѓе што ...

Нов земјотрес во Пакистан

Вечер Прес - 13.10.2005

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала ги погоди југозападните региони на Пакистан, предизвикувајќи паника меѓу локалното население. Засега нема информации за жртви и предизвикана материјална штета. Земјотресот бил почувствуван во градовите Куздар и Сараб на околу 400 ...

Нови земјотреси во Пакистан и Суматра

А1 - 12.10.2005

Земјотерс со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата скала синоќа ја потресе индонезиската провинција Ачех на Суматра, речиси истовремено кога е регистриран и нов потрес во пакистанскиот град Карачи. Епицентарот на земјотресот во Суматра е лоциран 90 километри југозападно од градот Банда Ачех, на ...

Хаос со спасувачките акции во Кашмир, земјотресот убил 40.000 луѓе

Вест - 12.10.2005

МУЗАФАРАБАД, 12 октомври (Ројтерс) - Три дена по катастрофалниот земјотрес којшто со јачина од 7,6 степени според Рихтер го погоди Кашмир, спасувачките акции и натаму работат во хаос, а претставници на ОН велат дека потребни се уште хеликоптери за ра МУЗАФАРАБАД, 12 октомври (Ројтерс) - Три дена по ...

Индија и Пакистан делумно си подадоа рака

Време - 12.10.2005

ПО СТРАВОТНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ШТО УБИ ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ КАШМИРЦИ Стравотниот земјотрес што уби најмалку 30.000 жители на поделената азиска област Кашмир ги натера Индија и Пакистан, по долгогодишните војни за оваа област, да се обидат заедно да им помогнат на Кашмирците.

Бројот на загинатите над четириесет илјади

Утрински - 12.10.2005

Хуманитарен хаос по земјотресот во Пакистан и во Индија Жртвите од земјотресот се тепаат за храна, а полицијата немоќна да стави ред МУЗАФАРАБАД - Жртвите од земјотресот се степаа за храната што пристигна во вторникот, со првиот конвој хуманитарна помош што успеа да стигне во овој уништен град.

Банди царуваат во разрушениот Кашмир

Дневник - 12.10.2005

ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС Крадци пустошат во подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес во пакистанскиот дел на Кашмир, јави Макфакс. Очевидци велат дека преживеаните ги нападнале воените камиони со хуманитарна помош што пристигнуваат во градот Музафарабад.

За сојузникот САД донираше 50 милиони долари

Вечер Прес - 12.10.2005

Исламабад, 12 октомври (МИА) - Меѓу 30 и 40 илјади луѓе загинаа во земјотресот што во саботата го погоди Пакистан, соопшти УНИЦЕФ (Организацијата на Обединетите нации за помош на децата). Светот се одѕва на повикот на Пакистан за помош во справувањето со последиците од најголемата трагедија во ...

Над 40.000 загинаа во земјотресот во Пакистан

Канал5 - 11.10.2005

Најмалку 42 илјади луѓе загинаа, но веројатно бројот на настраданите ќе биде поголем од 80 илјади, оценија пакистанските власти. Најмалку 42 илјади луѓе загинаа, но веројатно бројот на настраданите ќе биде поголем од 80 илјади, оценија пакистанските власти.

Светот испраќа помош во Пакистан

А1 - 10.10.2005

Меѓу 30 и 40 илјади луѓе загинаа во земјотресот што во саботата го погоди Пакистан, соопшти УНИЦЕФ (Организацијата на Обединетите нации за помош на децата). Светот се одѕва на повикот на Пакистан за помош во справувањето со последиците од најголемата трагедија во историјата на таа земја.

Македонија сеуште не испрати помош за погодените од земјотресот

А1 - 10.10.2005

По катастрофалниот земјотрес кој во саботата ги погоди Пакистан, Индија и Авганистан, светот веднаш почна да испраќа хуманитарна помош. Кувајт за Пакистан донира 100 милиони долари, Австралија издвоила четири милиони, САД 50 милиони долари, Јапонија како првична помош 132.000 долари, Шешка 160.000 ...

Десетици илјади загинаа во Кашмир

Време - 10.10.2005

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ЈУЖНА АЗИЈА Стравотниот земјотрес што во саботата ги погоди Пакистан и делови од Индија однел најмалку 19.000 животи, но, според некои извештаи, бројот на загинатите може да се искачи и на повеќе од 30.000.

Во Пакистан настрадаа 30 илјади луѓе

Вест - 10.10.2005

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОТРЕСЕ ЈУЖНА АЗИЈА АП/ Би-Би-Си - Селаните вчера со голи раце копаа да влезат во пропаднататите училишта и домови во очајничка потрага по преживеани од силниот земјотрес кој уби преку 30 000 луѓе во Јужна Азија, а во Пакистан велат дека е најголемата катастрофа досега АП/ ...

Земјотрес уби 20.000 луѓе во Пакистан

Дневник - 10.10.2005

КАТАСТРОФА ВО ЈУЖНА АЗИЈА Се страхува дека загинале 30.000 луѓе, затоа што не се знае прецизно состојбата во разурнатите и недостапни села Силен земјотрес уби најмалку 20.000 луѓе и урна десетици градови и села на северниот граничен појас меѓу Пакистан и Индија во саботата наутро, јави Ројтерс.

СВЕТОТ ОДГОВОРИ НА АПЕЛОТ НА ПАКИСТАН ЗА ПОМОШ

Канал5 - 10.10.2005

Меѓу 30 и 40 илјади луѓе загинаа во земјотресот што во саботата го погоди Пакистан, соопшти УНИЦЕФ (Организацијата на Обединетите нации за помош на децата). Светот се одѕва на повикот на Пакистан за помош во справувањето со последиците од најголемата трагедија во историјата на таа земја.

30 000 загинати во земјтотресот во Кашмир

Канал5 - 10.10.2005

По вчерашниот земјотерес во Кашмир со катастрофални последици. Според сеуште некопплетните информации до сега 30.000 загинати и 40.000 повредени. Претседателот Мушараф прогласи тридневна жалост и упати апел за итна мегународна помош.

НАД 30.000 ЗАГИНАТИ И 40.000 ПОВРЕДЕНИ

Вечер Прес - 10.10.2005

Околу 30.000 луѓе се загинати во пакистанскиот дел на Кашмир и повеќе од 40.000 се повредени во катастрофалниот земјотрес што вчера го погоди овој регион, соопшти вчера министерот за комуникации, Тарик Фарук. Претходно, портпаролот на пакистанските сили за безбедност, Шаукат Султан изјави дека ...