TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стадионот на Влазрими е опасно место за „судење“

Време - 18.09.2007

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКАВО КИЧЕВО ПАК ПРЕКИНАТ МЕЧ Стадионот на фудбалскиот второлигаш Влазрими од Кичево повторно е суспендиран откако во саботата навивачи на овој клуб ја нападнаа судиската тројка што ја делеше правдата на дуелот со Тетекс.

Прекинат мечот Влазрими - Тетекс

Утрински - 17.09.2007

Првенствениот меч меѓу Влазрими и Тетекс во рамките на втората фудбалска лига кој се одигра во саботата во Кичево, не го доживеа својот крај, бидејќи беше прекинат за време на полувремето, кога група на несовесни навивачи на домашниот тим физички ја нападна судиската тројка.

Втора лига

Утрински - 17.09.2007

Реми на лидерот во Неготино Втора фудбалска лига, резултати 6 коло: Вардар Декамел - Металург 1:1, Караорман - Слога Југомагнат 1:2, Охрид 2004 - Беласица ГЦ 3:0, Дрита - Илинден 2:1, Турново - Алумина 2:1, Скопје - Маџари Солидарност 1:0, Нов Милениум - Брегалница 3:0, Локомотива - Миравци 1:2, ...

Прекин во Кичево

Вест - 17.09.2007

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА На второлигашкиот натпревар од шестото коло помеѓу Влазрими и Тетекс не се одигра второто, но уште сега се чини дека ќе следи и трето полувреме. Пред почетокот на вториот дел, при резултат 2:1 за Тетекс, судијата Владимир Кипријановски од Скопје соопшти дека нема да го продолжи ...

Прекинат мечот Влазрими - Тетекс

Дневник - 17.09.2007

Поради удирање со клоца на главниот судија Владимир Кипријановски од непознато лице во соблекувалната, на полувремето е прекината средбата во Кичево, Влазрими - Тетекс, при резултат 1-2. Убедувањата од домаќинот дека неканетиот гостин, кој го удрил судијата е од клупската опозиција, не ја смениле ...