TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СВР Тетово го идентификува возачот на "аудито"

Утрински - 21.02.2002

По прегазувањето на резервистот Секторот за внатрешни работи во Тетово го откри возачот на ?аудито", што во неделата го прегази резервистот на АРМ Душко Гочевски од Велес, на патот Скопје-Тетово. Станува збор за жител на Скопје за кого подетални информации во Тетово не можевме да добиеме. (Г.Е.

Возачот на "аудито" е сопственик на позната скопска компанија

Вест - 20.02.2002

ПО ПРЕГАЗУВАЊЕТО НА ВОЕНИОТ РЕЗЕРВИСТ ОД ВЕЛЕС, НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Полицијата го откри можниот осомничен кој во саботата околу 19,30 часот, со автомобил "ауди" го прегази воениот резервист Душко Гочевски, на автопатот Скопје-Тетово.

Полицијата во потрага по извршителот

Утрински - 19.02.2002

Прегазен резервист ТЕТОВО - По речиси два дена, тетовската полиција с? уште е во потрага по непознатиот возач на ?ауди", кој во саботата навечер, околу 21 часот, на магистралниот пат Тетово - Скопје, го усмрти припадникот на АРМ, Душко Гочевски (40), татко на две малолетни деца од Велес.

Прегазен резервниот војник Душко Гочевски

Утрински - 18.02.2002

Во близината на Карпалак, на патот Тетово - Скопје ТЕТОВО - На магистралниот пат Тетово-Скопје, на просторот меѓу месноста Карпалак и селото Бојане во саботата навечер околу 21 часот е прегазен припадник на АРМ од резервниот состав.

Загина резервист на АРМ, возачот во бегство

Вест - 18.02.2002

ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕ, КАЈ БОЈАНСКО ЕЗЕРО Душко Гочевски (40) од Велес, припадник на резервниот состав на АРМ, завчераноќ го загуби животот, во тешка сообраќајна незгода што се случила во непосредна близина на Бојанско езеро, на автопатот Тетово- Скоп Душко Гочевски (40) ...

Резервист на АРМ прегазен од "ауди"

Дневник - 18.02.2002

НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Возачот на "аудито" со голема брзина удрил во воениот обврзник што стоел покрај патот, го исфрлил десетина метри на коловозот, а потоа избегал Припадник на резервниот состав на Армијата на Република Македонија загинал откако во него удрил автомобил, на патот Тетово-Скопје, во ...