TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Секоја трета порака и трета минута - бесплатни

Вечер Прес - 02.12.2005

Сите корисници на Мобимак до 31 овој месец ќе добиваат бесплатни СМС пораки и бесплатни минути за разговор доколку вртат во рамките на мрежата, а бенифициите ќе важат и за разговорите во Мојот круг и Мојата компанија. За оние што се при-пејд претплатници бесплатни ќе бидат секоја трета минута ...

„Мобимак“ овозможува бесплатни минути и СМС-пораки

Утрински - 01.12.2005

Од денеска до Нова година Корисниците на "Мобимак" од денеска имаат нови попусти. Сите корисници добиваат можност за бесплатни минути и бесплатни СМС-пораки. За при-пејд претплатниците, третата минута е бесплатна. За нив и секоја трета СМС-порака во денот нема да се наплатува.

Компании злоупотребувале СИМ - картички на „Космофон“

Утрински - 29.11.2005

Агенцијата за електронски комуникации откри кој е виновникот за отежнатите врски меѓу операторите „Актон", „Балкантел", „Системринг" и „Унифон МК" од Скопје преку СИМ нелегално терминирале меѓународен дојдовен сообраќај кон „Мобимак" и „Телеком".

Скопски компании ја злоупотребувале мрежата

Време - 29.11.2005

КОСМОФОН И МОБИМАК СЕ СМИРИЈА? Четири скопски компании преку СИМ-картички на „Космофон“, вршеле зголемен дојдовен меѓународен сообраќај во мрежите на „Македонски телекомуникации“ и на „Мобимак“, утврдила Агенцијата за електронски комуникации.

Преку "Космофон" незаконски се пренесувале повици

Дневник - 29.11.2005

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ УТВРДИ Агенцијата за електронски комуникации вчера потврди дека компаниите "Актон", "Балкантел", "Системринг" и "Унифон МК" неовластено пренесувале дојдовни меѓународни телефонски повици преку СИМ-картички на "Космофон" во мрежите на "Македонски ...

Пак може да се бира од 075 на 070

Вест - 29.11.2005

ТЕЛЕКОМ, МОБИМАК И КОСМОФОН ДОБИЈА САМО ОПОМЕНИ Проблемот во комуникацијата на корисниците на Космофон со броеви од мрежите на конкурентите Телеком и Мобимак е надминат. Агенцијата за електронски комуникации утврди дека преносот на дојдовен меѓународен сообраќај кон мрежата на Мобимак го вршеле ...

Врските со "Космофон" да се нормализираат

Вечер Прес - 29.11.2005

Скопските компании "Актон", "Балкантел" Дејан, "Системринг" и "Унифон МК" вршеле зголемен обем на дојдовен меѓународен телефонски сообраќај преку СИМ-картички на "Космофон", утврдила Агенцијата за електронски комуникации. Овие компании кои кај Агенцијата се нотифицирале како даватели на јавни ...

"Космофон" незаконски терминира меѓународен сообраќај

Утрински - 28.11.2005

Според наодите на Агенцијата за електронски комуникации Компанијата "Мобимак" во заштита на деловниот углед, а по повод тенденциозните обвинувања од страна на "Космофон", ја информира јавноста дека Агенцијата за електронски комуникации ги објави наодите за незаконското работење на "Космофон".

„Космофон“ и „Мобимак“ докажуваат кој го прекршува законот

Време - 28.11.2005

МОБИЛНИТЕ ОПЕРАТОРИ НА ИСПРАШУВАЊЕ Во Агенцијата за електронски комуникации денеска ќе се сретнат претставници на „Космофон“ и на „Мобимак“, откако деновиве двата мобилни оператори си упатија сериозни обвинувања за работата. И двете страни тврдат дека работат законски, повикувајќи се на решенија на ...

Агенцијата за електронски комуникации пресече во спорот Мобимак Космофон

Канал5 - 28.11.2005

Стивнуваат страстите меѓу Космофон и Мобимак. Агенцијата за електронски комуникации пресече. Космофон да ги исклучи сите сим картички на компаниите кои ја оптеретиле интерконекциската мрежа и го зголемиле обемот на дојдовниот меѓународен сообраќај.

"Космофон" незаконски пренесува меѓународен сообраќај

Вечер Прес - 28.11.2005

Вториот мобилен оператор незаконски пренесува дојдовен меѓународен сообраќај кон мрежата на "Мобимак", а преку мрежата на "Космофон". Ова известување во петокот го упатила Агенцијата за електронски комуникации до "Мобимак" како одговор на барањата на оваа компанија до регулаторното тело да ги ...