Над 2.000 граѓани на Каменица ги пречекаа штрајкувачите со глад како херои на рударскиот град ШТИП - По долги и мачни преговори меѓу синдикалното раководство на „Саса" и Ванчо Муратовски, претседател на ССМ, и Пеце Ристевски, претседател на СМЕР, од една, и Управниот одбор на рудникот, од друга ...
Утринава пред управна зграда на рудниците „Саса“ 1.120 рудари одржаа уште еден рударски собир. Денешната седница на штрајкувачкиот одбор резултираше со одлука за прекин на 9-дневниот штрајк. Штрајкот во рудници „Саса“ е ставен во мирување до 26-ти август - датумот до кој рударите се надеваат дека ...
Коментар - Никола Стојанов Двајца директори на рудниците Саса, генералниот и техничкиот, вчера поднеле оставки. Повлекувањето го објасниле како морален чин. Претседателот на Управниот одбор, како што објаснил вчера, не ја напушта функцијата затоа што така му наредил премиерот! Стотината незадоволни ...
РУДАРИТЕ пораЧаа Генералниот директор на Саса, Санде Спасовски, и техничкиот директор на рудникот, Димче Илиевски, вчера поднесоа неотповиклива писмена оставка по притисокот од рударите на Саса, кои два дена штрајкуваат со глад во рударско окно на длабочина од 600 метри во земјата.
Стоте рудари од Македонска Каменица и натаму остануваат во јамите ИВАН БОЈАЏИСКИ ШТИП - Стотина рудари од рудникот "Саса" вчера го продолжија штрајкот со глад во една од јамите на рудникот на 600 метри длабочина во утробата на земјата.
ПО ДЕВЕТ ДЕНА ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО "САСА" Претседателот на УО не сакал да даде оставка и тврдел дека премиерот не го дава Стотината рудари од "Саса" кои вчера со глад го продолжија штрајкот во јамите, најавија дека ако не се смени комплетното раководство на рудникот, денес ќе им се придружат и ...
130-тина рудари од „Саса“ доцна синоќа околу 22 часот излегоа од рударските окна, предводени од синдикалниот лидер Димче Стојменовски изнемоштените рудари го прекинаа 38 часовниот штрајк со глад. Откако Стојменовски им соопшти дека кворумот на управниот одбор ја потпишал спогодбата со која е ...
ПРЕМИЕРОТ СИ ИГРАЛ РАСИПАН ТЕЛЕФОН СО РУДАРИТЕ Премиерот Љупчо Георгиевски не сакал завчера очи в очи да се види со рударите што дојдоа пред Влада, туку преку "курири" ги известил штрајкувачите дека му треба време да размисли дали да го тргне сопартиецот од УО на "Саса" Околу 100-тина рудари од ...
ДРАМАТИЧЕН ЗАПЛЕТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Рударите, кои веќе ги напишале прошталните писма, најавуваат дека во штрајкот ќе им се приклучат и нивните жени и деца оти Саса е единствен извор на егзистенција за нив Стотина рудари од рудниците Саса од вчера почнаа штрајк со глад во една од рудничките ...
Рударите на "Саса" вчера штрајкуваа пред Владата и издејствуваа плати и скорешна приватизација ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Околу 1.000 рудари на рудникот "Саса" - Македонска Каменица, вчера конечно, по шестдневен штрајк се соочија со Владата, со цел да и ги изнесат акутните проблеми кои ги доведоа до работ ...
РУДАРИТЕ НА "САСА" НА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ На протестот пред Министерството за економија и Владата рударите од Каменица го обвинија пратеникот Чедо Петров дека сака да го ликвидира рудникот и да остави осум илјади семејства без егзистенција - Да ја оставам својата тригодишна плата внатре во рудникот, ...
Владата ќе ги преземе сите правни средства за поништување на договорот што ги задолжува рудниците „Саса“ за 4 милиони долари, ќе ја забрза постапката за продажба на рудникот и ќе им исплати плата на рударите. Министерот за економија Бесник Фетаи денеска писмено се обврза да ги исполни барањата на ...
Денеска илјада вработени од рудникот во Македонска Каменица ќе протестираат пред македонската Влада ИВАН БОЈАЏИСКИ ШТИП - Над илјада вработени на Рудникот за олово и цинк "Саса" - Македонска Каменица, денеска од раните утрински часови ќе протестираат пред Владата на Република Македонија и пред ...
БЛОКИРАН ПАТОТ ДЕЛЧЕВО - КОЧАНИ Рударите на Саса не го признаваат договорот на ново девизно задолжување на рудникот за 4 милиони долари. Тие го оценуваат како криминален финансискиот договор меѓу раководството на рудникот и фирмата ДОЕЛ МХК Скопје и велат оти договорот е штетен за преговорите за ...
РЕВОЛТОТ НА РУДАРИТЕ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА КУЛМИНИРА По тридневни блокади на патот Македонска Каменица-Бугарија, револтот кај десетина рудари кулминирал и решиле пеш да дојдат во Скопје, на најавениот протест пред Министерството за економија, во вторник Митко Ѓорѓиевски и Зоран Илиевски се двајца ...