Рударите од „Добрево“ не ја почитувале процедурата. По минирањето не го вклучиле вентилацискиот систем, поради што се случила несреќата, заклучи рударскиот инспектор Љупчо Трајковски во својот извештај, што ќе го достави до истражниот судија во понеделник. Рударите 20 дена работеле на тој ископ.
Компанијата „Индо-минерали и метали“, сопственик на рудникот за олово и за цинк „Добрево“, ја отфрла одговорноста за несреќата во која еден рудар загина, а еден е тешко повреден. Надлежните органи се уште не ги објавиле своите конечни наоди и извештаи за причините за несреќата.
„Индо минерали и метали“ ги отфрла шпекулациите Ги отфрламе невистините, шпекулациите и сериозните обвинувања во врска со несреќата во рудникот „Добрево“, во која еден рудар загина, а еден беше повреден, реагира сопственикот на рудниците за олово и цинк Злетово и Тораница, компанијата „Индо ...
Многу сум вознемирена и потресена бидејќи никој од раководството на рудникот не дојде да го посети мојот сопруг и да праша како се чувствува, вели сопругата на рударот Драге Стријмановски, од кратовското село Туралево, кој беше тешко повреден во несреќата што се случи пред неколку дена во рудникот ...
Обврска да пријавиме несреќа во рудник до МВР и до истражен судија имаме само во случај на моментална смрт. Гоче Богатинов им подлегна на повредите во болница – вака индиските газди на Индоминерали Метали одговараат на обвинувањата дека ненавремено ги информирале надлежните за несреќата во која ...
Рудари осигурени на 500.000 денари во случај на смрт Рударите од рудникот „Злетово“, каде што во неделата се случи несреќа во која загина рудар, а негов колега беше тешко повреден, се осигурени на по 500.000 денари во случај на смрт.
Ние сме компанија на која сите вработени и' се од огромна важност! На овој одговор од менаџерите од „Индоминерали и метали“ се чекаше по цели три дена молк за трагичната несреќа во која загина рударот Гоче Богатинов, а неговиот колега беше тешко повреден.
Ни самиот не знам како паднав во ускокот, по кој секој ден се качував. Одеднаш ми се стемни, рацете ми се одзедоа и се струполив.
Со обдукцијата на телото на починатиот рудар Гоче Богатинов, кој загина во рудникот „Добрево“, не може да се утврди дали паднал во бессознание по вдишувањето отровни гасови, бидејќи поминало премногу време од несреќата до смртта.
Рударскиот инспектор се врати во Добрево. Повторно го скенира рудникот откако неколкумина рудари изјавија дека вентилацијата не функционирала во моментите кога се случила несреќата во која еден рудар загина а друг беше повреден.
Молчењето може да биде фатално за утврдување на вистинските причини за несреќата во рудникот „Добрево“, во која загина еден рудар, а уште еден тешко беше повреден.
Во несреќа во злетовскиот рудник за олово и цинк „Добрево“, која се случи завчера во раните утрински часови, животот го загуби педесет и едногодишниот рудар Гоче Богатинов од Пробиштип, а уште еден е полесно повреден. Несреќата се случила околу 3 часот наутро.
Друг рудар е тешко повреден во несреќата. Комбинатот за саботната несреќа не информираше навреме Иван Бојаџиски ШТИП - Еден рудар смртно настрада, а друг е тешко повреден во несреќа што во неделата во 3 часот се случи во јамите на рудникот за олово и цинк „Злетово“ кај Пробиштип.
Кривична пријава ќе заработи индискиот газда на рудниците Злетово, тврдат за Канал 5 извори од штипската полиција. Ненавремено ги информирал надлежните институции за несреќата која се случи во саботата а во која еден рудар загина а друг е тешко повреден.
Еден рудар загина, друг е тешко повреден Несреќа во рудникот „Добрево“ кај Пробиштип, загина 51-годишниот Гоце Богатинов, надзорник на рудникот на „Индо минерали и метали“. Повреден е и Драги Стројманоски од Кратово. Несреќата се случила за време на третата смена, во сабота спроти недела.
Двајца рудари се повредени вчера во несреќа во јамата на рудникот „Добрево”. За сега нема информација за причините за несреќата.
Штип, 11 август (МИА) - Во Штипската болница синоќа почина еден од двајцата рудари кои беа повредени вчера изутрина во несреќа во јамата на рудникот „Добрево“.
Еден од двајцата рудари повредени во вчерашната несреќа во рудникот „Добрево“ им подлегнал на повредите и починал.
Ванчо Ѓорѓев, началник на одделението за реанимација во Општата болница во Штип, информира дека 51-годишниот рудар Гоче Богатинов од здобиените повреди починал синоќа во 21 часот.
Трагедија во пробиштипскиот рудник за олово и цинк. Во обид да го спаси повредениот колега, надзорникот Гоче Богатинов го загуби животот. Несреќата се случила во саботата во јамата еден на 230 метри под земја.
Иако несреќата во злетовскиот рудник сопственост на индиските газди Индоминерали Метали се случила пред два дена, надлежните засега не соопштуваат ништо за причините и околностите во кои еден рудар загина а друг е тешко повреден.
Поради несреќа во јама, вчера околу 00.30 часот со повреди се здобил рударот Д.С. Кратово, а неговиот колега Г.Б. (49) од Пробиштип, кој отишол да го види, и тој се здобил со тешки повреди, информираа од Центарот за управуавње со кризи. Неофицијално се дознава дека лицето Г.Б.
Двајца рудари биле тешко повредени ноќеска во несреќа што се случила во рудникот „Добрево“, соопшти Центарот за управување со кризи. Едниот од рударите поради сериозноста на повредите е пренесен во Скопје, додека другиот е згрижен во Штип.
Почина еден од двајцата тешко повредени рудари, во несреќата што вчера од непознати причини се случи во рудникот „Добрево“. Како што јави радиото „Канал 77“, животот го загуби надзорникот Гоче Богатинов (49) од селото Калниште, кај Пробиштип.
Министерството за внатрешни работи не било благовремено известено за несреќата во рудникот „Добрево“, за што најави утврдување на евентуална одговорност.