Чешката централа за борба против наркотици најави нови апсења во чешкото крем-друштво, откако го прекина кокаинскиот канал на чело со Жељко Милановиќ (некогашен судија), кој во 1994 година во Чешка добил азил како и многу други бегалци од Босна, каде основал неколку фирми.Според полицијата, фирмите ...
Најпопуланриот балкански пејач Тоше Проески ја прифати поканата од Терезе Кесовија да учествува на "Феста Дубровник", на 28 јануари. Дотогаш Тоше ќе реализира нешто од неговиот албум во подготовка, дуетот со Тони Цетински, за кој ќе се снима и, а ќе го видиме некаде кај март.
На просторот под Транспортниот центар, до Новата автобуска станица, ќе се гради и паркинг за над 150 возила. Според надлежните во Градот, локацијата ќе биде наменета за оние што ќе гравитираат кон и од автобуската постојка или ќе ги користат услугите на објектот.
Подготовките за прослава на Денот на Богојавлението - Водици, на 19 јануари, се во полн ек. Се подготвуваат и организаторите, но и новиот кум реномираниот угостител Мане Јаковлевски, кој како спомен на ова кумство најави изградба на фонтана во дворот на црквата "Св. Димитриј".
Пилотите на српската државна авиокомпанија "ЈАТ ервејз" од вчера стапија во генерален штрајк, јавуваат српските медиуми. Според претседателот на штрајкувачкиот одбор, Љупчо Никодиновски, сите домашни и меѓународни летови се запрени, бидејќи Владата на Србија не го исполнила барањето на пилотите да ...
ВО МАЈ ВО ШВАЈЦАРИЈА Филмот „Догона“ на Киро Урдин влезе во официјалната конкуренција на фестивалот за забавно-телевизиски остварувања „Златна роза“, кој ќе се одржи од 3 до 8 мај во Луцерн, Швајцарија. Овој краткометражен документарен-арт филм гледачите на Македонската телевизија имаа можност да ...
Конзорциумот предводен од "Мајнел банк" кој е владин консултант во процесот на преструктурирање и приватизација на "Електростопанство на Македонија" на истекот на минатата година до Владата доставил прелиминарен извештај со предлози за модели и начини на приватизација на нашето најголема државна ...
Големиот македонски сликар, Киро Урдин, е на пат кон уште еден светски успех. Неговиот филм "Догона", снимен во македонско-белгиска копродукција, влезе во официјална конкуренција на еден од најголемите телевизиски фестивали - "Златна роза".
"Домот за деца без родители не наликува на она што треба да биде - урбана зграда каде над 100 деца имаат убав и безбеден живот" - е коментарот на еден 50-годишен скопјанец, од соседството на Домот за деца без родители "11 Октомври". "Јас сум сведок на она што се случува таму.
Македонскиот поет Ристо Василевски, кој долго време живее и твори во Србија и Црна Гора, се здоби со уште едно книжевно признание. Престижната награда "Милан Ракиќ" на Здружението на писателите на Србија му ја донесе поетската книга "Храм, сепак храм", објавена на српски јазик.
Британскиот весник “Сан” на насловната страница објави фотографија на британскиот принц Хари со цигара и чаша пијалак во рацете на маскенбалот што го организирал еден негов пријател. Но, трагедијата е што тој на раката носел и лента со нацистички симбол.
Завчера ноќта е извршена тешка кражба во продавницата "Стило", лоцирана на улицата "Димитрија Чупевски" во строгиот центар на Скопје. Материјалната штета се проценува на околу 28.000 денари. Настанот, информираат од МВР, се случил околу 2 часот кога крадецот откако со камен го искршил стаклото, ...
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам навистина има со што да си игра, кога не е на фудбалскиот терен. За време на божикните празници, тој, веројатно, му пишал писмо на Дедо Мраз и му ветил дека ќе ги слуша мама и тато, дека ќе ја сака Викторија како некогаш, а тој му вратил ...
Експертски тим ќе ги контролира производствените услови и во капацитети на "ИЦН Фарма", погонот за лекови на скопски ОХИС, кој според некои информации од неодмана е самостоен правен субјект. Стручњаците на самото место ќе проверуваат дали во овој фармацевтски капацитет се исполнети задолжителните ...
Македонија, наскоро, ќе добие прва здравствена установа од светски ранг- универзална болница "Панорама" сместена на падините на Водно на локацијата каде што сега се наоѓа хотелот "Панорама". Познатата турска компанија "Универзал хоспитал груп" од Истанбул лани го купи хотелот со цел на негово место ...
"Во Швајцарија сум, на новогодишен одмор со децата. Немам поим и не ме интересира што се случува таму, ниту, пак, знам што се пишува за мене. Вие кога сте на одмор, работите ли? ", беше одговорот што телефонски ни го даде Џевад Адеми, човекот што заедно со Кастриот Хаџиреџа се залагаше за ...
По неколкуте обиди клубот "Вега" да стане елитно собиралиште во градот, со гостувања на познати имиња од светот на музиката, не само домашни, туку и балкански ѕвезди, по се изгледа, наскоро, тој ќе биде она што некогаш беше во рамките на "Гранд готел" (сегашен "Холидеј ин") - стриптиз бар.
Една од најпознатите топ-моделки во Шпанија во овој момент е Аријадне Артилес од Канарските Острови, која се појави на насловната страница на најновиот број на популарниот "ФХМ" магазин. Но, од минатата недела, таа влезе и на страниците на спортскиот печат.
Раборниците во "Лијановиќ" останаа зачудени од веста што стигна од изборниот штаб на Месиќ, дека фабриката во која работат донирала 200 000 куни (околу 26 000 евра) за досегашниот тек на неговата кампања. Имено, Штефанија Балог, соопшти податок дека досега за предизборната кампања на Стјепан Месиќ ...
Од 1 јануари со Законот за заштита на културното наследство се укинуваат петте општински заводи за заштита на спомениците на културата, Републичкиот и Градскиот завод Скопје. Наместо нив, се предвидува да профункционираат регионални конзерваторски центри, чијашто исклучива надлежност ќе бидат ...
Министерството за надворешни работи вчера го пресели конзуларното одделение под кирија во зградата на "Макошпед" на четвртиот кат. Закупени се 300 метри квадратни по цена од 10 евра за квадрат. Зголемувањето на ефиксноста во работењето е единствената причина за селидбата, објаснуваат во МНР, а ...
Нашиот адут за Оскар, филмот "Големата вода" на режисерот Иво Трајков го започна својот поход во светот. Филмуваната верзија на романот на Живко Чинго ќе биде прикажана на Интернационалниот филмски фестивал во Палм Спрингс (САД), кој почна на 6, а ќе трае до 17 овој месец.
Драгиша Димитриевски - Шипе, актер, сликар, кој по својата животна определба и патот кој го врви нераскинливо врзан за Талија и тоа преку театарската сцена, но и сликарската четкичка. Тој по експонираност и вокација е актер, но оној другиот свет на уметноста, односно сликарството, никако не му е ...
Четири големи банки - Комерцијална банка, Стопанска банка-Битола, Охридска банка и Тетовска банка, се вистински "локуми" на Македонската берза. Тие се нудат со најевтини цени на нивните акции, а нудат најголеми профити, со што се вистинска мамка за сите потенцијални инвеститори.
За новогодишните и божиќните празници не беше мал бројот на македонски граѓани, кои слободните денови ги минаа во познатиот туристички центар Банско, во соседна Бугарија. Меѓу нив имаше и познати личности почнувајќи од естрадата, преку бизнисот, па до политиката.
Едно лице е потешко повредено со сообраќајна несреќа, која се случи вчера на булеварот "Ердвард Кардељ" во близина на "Континентал" во Скопје. Сообраќајката се случила околу 10,20 часот кога се судриле камион - влекач од Гостивар, управуван од Ј.Љ.
Топ-тема во италијанските трачерски весници е гостувањето на олимпискиот шампион на Италија во мечување, Алдо Монтано, во ТВ-емисијата на познатата водителка Симона Вентура во неделата попладне. Имено, Вентура е позната како водителка без "влакна на јазикот”, која често ги става во непријатна ...
Филмофилите во Скопје ќе добијат уште една кино-сала, како своевиден надоместок на затворените кина Вардар 1 и 2. Сместена во Домот на АРМ, новата кино-сала е опремена со најнова аудиоопрема, ново филмско платно, а подобрени се и машините за репродукција на сликата.
Одделни американски фармацевтски компании ги предупредија своите работници да не разговараат со контроверзниот филмски режисер Мајкл Мур, бидејќи тој подготвува документарен филм за нивната работа. Најмалку шест компании издале интерни меморандуми во кои на работниците им се порачува да внимаваат ...
Непосредно пред божиќните празници во Битола е регистрирано уште едно самоубиство, трето за кус временски период. Возачот на "Жито Битола", четириесет и тригодишниот Зоран Јанкуловски, оженет и татко на две малолетни деца, од засега непознати причини си го одзеде животот, испукувајќи си од пиштол ...
Вооружени разбојници во саботата ги нападнаа и ограбија вработените во клубот за игри на среќа "Фламенго Астра", на булеварот "Кузман Јосифовски-Питу", во трговскиот центар “Скопјанка". Од касата напаѓачите зеле 110.000 денари и избегале. Еден час подоцна е регистриран уште еден грабеж.
Гувернерот на Народната банка на Македонија, Петар Гошев, ќе го стави под лупа работењето на сите директори во Централната банка. Како што дознаваме од извори од врвот на монетарната власт, Гошев решил да го преиспита работењето на неговите најблиски соработници, директори на сите дирекции во ...
Осумдесет години старите приватни записи на една британска тинејџерка наречена, "вистинската Бриџит Џоунс", неодамана се пуштени во продажба во Велика Британија. Дневникот на 17- годишната Ајлин Пауел опфаќа три месеци од нејзиниот живот во текот на 1925 година и ја открива опсесијата за диети и ...
Депримирани студенти, квадрирање, "заглавување" со години, трансфери на факултетите, па дури и откажување од студирањето, се честа појава кај македонските академски граѓани. Дел од причините, се наоѓаат во социјално- економските состојби во државата, каде давачките се преголем товар за домашниот ...