ВЛАСТА ПОПУШТА ПРЕД БАРАЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА Измените во изборниот законик да се носат во две фази и со широка јавна расправа наместо како сега, во една фаза и со отпор од опозицијата. Овој предлог ќе им го понуди владејачката ВМРО-ДПМНЕ на другите партии за да ги изгласаат новите изборни правила.
Владата и премиерот Никола Груевски нема да ги игнорираат препораките од Советот на Европа да се донесе Изборниот законик со консензус, па новите изборни правила, најверојатно, ќе се носат во две фази. Намерата на владејачката партија е најпрво да помине таканареченото прво читање на законот во ...
Помалите етнички заедници прифаќаат расправа во две фази, но нема да гласаат за комплетирање на Судскиот совет додека не се донесат измените на Изборниот законик Измените на изборниот законик, со кои се предлага десет гарантирани места за малцинските заедници и тројца пратеници за дијаспората, ...
Измените на изборните правила се во духот на Рамковниот договор, тврди Владата Владата не ја загрижуваат критиките од Советот на Европа во врска со предложените измени на Изборниот законик и ќе ја продолжи процедурата за нивно донесување во парламентот.
СДСМ, ДУИ и ЛДП вчера го повикаа премиерот Груевски во креирањето на изборните правила да ја вклучи и опозицијата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА По препораката на Советот на Европа, Изборниот законик да се донесе со консензус, СДСМ, ДУИ и ЛДП вчера го повикаа премиерот Никола Груевски да го повлече законскиот ...
Владата не добила ништо од Советот на Европа и цврсто останува на предложените измени на Изборниот законик. Опозицијата очекува предлогот да биде повлечен, иако не беше исклучено Собранието вчера да ја почне расправата. Советот на Европа завчера побара промените во Изборниот законик со ...
Владата нема добиено сугестии од Советот на Европа за предложените измени на Изборниот законик, изјави вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски, по тврдењата на пратеникот Андреј Жерновски од ЛДП дека Советот реагирал на менувањето на изборните правила.
Измените на изборниот законик, кои се на актуелната собраниска седница, наместо во една, ќе се носат во две фази, при што се размислува на прифаќање на некои од кредибилните забелешки, дознаваме од владини извори. Двофазното носење на законските измени, според истите извори, ја отвора можноста да ...
Власта нема да го повлече изборниот законик ни по критиките од советот на Европа дека се носи без консензус. Портпаролот Боцевски денеска изјави дека до владата не пристигнале никакви забелешки од Советот на Европа и нема да се отстапи од измените.
Измените во изборниот законик мора да бидат донесени со партиски консензус – остри критики од советот на Европа за намерата на власта да ги донесе новите изборни правила без широка поддршка во парламентот. Измените во изборниот законик мора да бидат донесени со партиски консензус остри критики од ...
ШАЌИРИ ЗА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ Македонија треба да биде една изборна единица, вели Хисни Шаќири претседател на Национална демократска унија. Според него, Собранието треба да има 100 пратеници, наместо 120, колку што има досега. Така ќе се намалат и трошоците за големата администрација.
ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Собранието денеска ќе ја почне дебатата за предложените измени во изборниот законик, со кои се предвидува гарантирање десет пратенички мандати за малите етнички заедници, како и три четиригодишни мандати за иселениците што живеат и работат во Австралија, Европа и во Америка.
СДСМ обвини дека се користат малите партии како маша ГОРДАНА ДУВЊАК Премиерот Никола Груевски вчера апелираше до опозициските СДСМ и ДУИ да дадат поддршка на измените на Изборниот законик. Со измените се предлага проширување на парламентот со десет загарантирани места за помалите етнички заедници, ...
Премиерот Никола Груевски вчера со соопштение побара СДСМ и ДУИ да ги поддржат измените на Изборниот законик. - Ги повикувам СДСМ и ДУИ да ги повлечат 4.100-те амандмани, да го деблокираат носењето на овој закон и да покажат почит кон македонската дијаспора и кон Турците, Србите, Ромите, Бошњаците ...