TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пратениците ги урнаа правата на претседателот

Време - 26.11.2005

ТРГНА РАСПРАВАТА ЗА АМАНДМАНИТЕ Шефот на државата во иднина нема да именува, туку само ќе предлага двајца членови на судскиот совет (СС), кои потоа ќе ги избира Собранието. Така вчера одлучија пратениците, утврдувајќи го текстот на амандманот 22 на Уставот.

Владата го жртвуваше претседателскиот амандман

Утрински - 26.11.2005

Кабинетот на Бучковски го прифати барањето на опозицијата претседателот да не именува, туку да предлага членови во Судскиот совет Според Петковски, со овој амандман се вградуваат елементи на полупретседателски систем и се зајакнуваат надлежностите на претседателот ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Шефот на ...

Скратени надлежностите на шефот на државата

Дневник - 26.11.2005

СОБРАНИСКА РАСПРАВА ЗА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ Претседателот на државата нема директно да назначува, туку само ќе предлага двајца членови на Судскиот совет, а нив ќе ги избира Собранието. Таквиот уставен амандман на опозицијата вчера беше прифатен од Владата и усвоен од парламентарното мнозинство.

Претседателот само ќе предлага членови на ДСС

Вечер Прес - 26.11.2005

Претседателот на државата нема да именува двајца членови на Судскиот совет туку, како и досега, само ќе ги предлага. Министерката за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, вчера го прифати амандманот на пратеникот Жарко Караџоски од ВМРО Народна, со кој се предлагаше задржување на постојното решение, ...

Шефот на државата нема именува судии во РСС

А1 - 25.11.2005

Лутите ривали, пратениците од опозицијата и власта се сложија - шефот на државата да не именува судии во Републичкиот судски совет туку само да предлага, а Собранието да избира. Министерката Младеновска го прифати овој амандман на опозицијата.

Уставот заглави во паузи и договори

Дневник - 25.11.2005

СОБРАНИСКА РАСПРАВА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Различните ставови за уставните амандмани останаа и по едночасовната средба на координаторите на пратеничките групи со премиерот и со министерката за правда Пратениците вчера потрошија половина ден и, по неколку паузи, доцна попладнето едвај ја почнаа ...

Измените на Уставот стартуваа неславно

Утрински - 25.11.2005

Пленарната собраниска седница за уставните амандмани во делот на правосудството едвај почна Собраниската седница заглави на процедурата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Пленарната собраниска седница за уставните измени вчера стартуваше неславно, во една несериозна и несоодветна атмосфера што не доликуваше на ...

Владата ги прифати сугестиите на опозицијата околу уставните амандмани

Канал5 - 25.11.2005

По однапред договорените отстапки, што ги најави и Бучковски, Владата денеска ги прифати сугестиите на опозицијата. Шефот на државата нема да именува членови во судскиот совет. По однапред договорените отстапки, што ги најави и Бучковски, Владата денеска ги прифати сугестиите на опозицијата.

Неуспешен почеток на расправата за уставните измени

Вечер Прес - 25.11.2005

Оптимизмот на министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, дека Собранието го очекува плодна расправа за уставните измени со епилог - политички консензус, вчера се покажа како неоправдан. Наместо да расправаат, пратениците цело претпладне паузираа, односно "дополнително се консултираа".

Од неефикасни пратеници треба да се изроди ефикасно судство

А1 - 24.11.2005

Од неефикасни пратеници треба да се изроди ефикасно судство. Од 12 предложени амандмани на Уставот, денеска само во 2 часа работа изгласани 2. Речиси цел ден помина во паузи и договори како пратениците ќе работеле. Изгласан 20-тиот амандманот , со кој прекршочните постапки од судовите ќе прејдат во ...

Владата обезбеди двотретинско мнозинство

Дневник - 24.11.2005

СОБРАНИСКА РАСПРАВА за уставните измени Опозицијата ќе тактизира, но ќе ги поддржи промените Според најавите на опозициските партии, веќе е извесно дека Владата ќе обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за поддршка на уставните амандмани за реформите во правосудството.

Опозицијата вети конструктивност ако е конструктивна и Владата

Време - 24.11.2005

ПОЧНУВА РАСПРАВАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Александра М. Митевска Опозициските партии ветуваат дека ќе бидат конструктивни во расправата за уставните измени, која почнува денеска, доколку и Владата покаже конструктивност и ги повлече или ги коригира спорните амандмани.

Власта уште еднаш ќе побара консензус за Уставот

Утрински - 24.11.2005

Пред пленарната седница за уставните амандмани Денеска, непосредно пред отварањето на собраниската дебата, премиерот Владо Бучковски уште еднаш ќе седне на заедничка маса со опозицијата, со шефовите на пратеничките групи, и ќе побара консензус за измените на Уставот.

Владините отстапки недоволни за поддршка

Вечер Прес - 24.11.2005

Компромисот, за кој власта изрази подготвеност во корист на двотретинското мнозинство, не е доволен да ја убеди опозицијата за едногласна поддршка на уставните измени. ВМРО-НП останува на ставот дека нивната поддршка ќе зависи од прифаќањето на поднесените 11 амандмани.

Власта го има двотретинското мнозинство за уставните измени

А1 - 23.11.2005

Власта го има двотретинското мнозинство за да ги изгласа уставните измени за судството. Владини извори за А1 велат дека во поддршката се смета и на гласовите на пратениците од Земјоделската народна партија, ПДП и либералите на Андов.

Министрите ќе се откажат од имунитетот

Утрински - 22.11.2005

Владата е подготвена да прифати најмалку три уставни амандмани Во Кабинетот на премиерот Владо Бучковски се расположени за прифаќање на амандманите околу ингеренциите на претседателот на државата во делот на правосудството, како и во однос на тоа кој ќе претседава со Републичкиот судски совет ...