TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кафеаната е за да се чита

Вечер Прес - 11.05.2006

"Време е да се разбие илузијата дека кафеаната не е место каде што се чита. Знаеме дека многу од авторите не можеле да ја замислат својата работа без да испијат добро кафе или добар пијалак. Се надевам дека и "Блу кафе" со оваа иницијатива која сигурно им годи на љубителите на книгата и на добрата ...

Светски бестселери и кафе на едно место

Дневник - 09.05.2006

Преводи од светските бестселери, дела од класиците на книжевноста, како и романи од наши автори ќе бидат поставени во новата кафе-книжарница што ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во кафулето „Блу-кафе“ на плоштадот Македонија.

На кафе во книготека

Време - 09.05.2006

ИДЕЈА Четири книготеки ќе бидат отворени во кафулињата на „Блу-кафе“. Мотото на оваа идеја е „Отсега со книготека за тебе“, а се реализира со издавачката куќа „Матица“. Новиот концепт на „Блу-кафе“ се состои во можност за купување книга за сите посетители со што тие ќе добијат и бесплатно кафе.

Промоција на четири книготеки во Скопје

Вест - 09.05.2006

ВО "БЛУ КАФЕ" НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА Вечерва (20 ч.) во "Блу кафе" на плоштад Македонија ќе бидат промовирани четири книготеки, што ќе бидат отворени во сите четири "Блу кафеа" во Скопје: она на плоштадот, во Градскиот трговски центар, во Капиштец и во Бисер.

Кафе-книготека за актуелизација на книжевноста

Утрински - 09.05.2006

Денеска стартува проектот на 'Блу кафе" и Клубот 'Матица" Во својата тенденција да се трансформира во неформална дестинација на културата и уметноста во градот, Блу Кафе од денеска во своите четири локали ќе стартува со нова концепција Кафе Книготека.

Ако не ви се прави муабет, читајте книга!

Вечер Прес - 09.05.2006

Вечерва (20 ч.) во Блу Кафе на Плоштад Македонија ќе биде промовирана новата концепција наречена Кафе Книготека, со која оваа кафетерија ќе стартува во своите четири локали низ градот. Промотери на настанот ќе бидат актерката Весна Петрушевска - Тренкоски и писателот Александар Прокопиев.