Италијанскиот гигант, Милан ја оцени како неразумна казната од два натпревара без право на настап во Лигата на шампиони, што голманот на црвено-црниот тим, Дида, ја доби од УЕФА поради глумење тешка повреда. Тој беше нападнат од навивач на Селтик на гостувањето во Шкотска.
Европската фудбалска федерација го казни голманот на Милан, Нелсон Дида, со неиграње на два натпревара поради „драматичниот пад“ на натпреварот со Селтик во Лигата на шампионите. Бразилецот Дида падна на земја откако навивач на Селтик влезе на теренот и го допре на телото.
Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека повела дисциплинска постапка против голманот на актуелниот европски првак Милан, Дида, за неговото однесување на мечот на „Селтик парк“ во Глазгов, во Лигата на шампионите. УЕФА во своето соопштение објави дека постапката е отворена според членот 5 од ...
Европската фудбалска унија покрена дисциплинска постапка против голманот на Милан, во врска со инцидентот што се случи во мечот од Лигата на шампионите со Селтик. Навивач на домаќинот Селтик влета во теренот и го дофати со раката Дида на лицето, а Бразилецот симулираше силен удар и како „покосен“ ...