И покрај големата радост на родителите Васо и Кате, кои трите синови ги добиле по девет години брак, одговорностите и проблемите неколкукратно им се зголемени, кои тие со платата само од Катица и пензијата од родителите не можеле да ги решат.
СТИГНУВА ПОМОШ ЗА ТЕТОВСКОТО СЕМЕЈСТВО ДУРЛОВСКИ Приватните фирми "Фундамент", "Латерит" и "Вива инженеринг" вчера им подарија по 500 евра на младите родители Мајката на трите женски бебиња што се родија пред три години во Скопје вчера телефонски го известила тетовското семејство Дурловски дека ќе ...
ВО ТЕТОВСКИ КОЛТУК ВО СЕМЕЈСТВОТО ДУРЛОВСКИ НЕОДАМНА СЕ РОДИ ТРОЈКА Ванчо и Катица Дурловски, тој невработен, технолошки вишок, таа вработена во "Тетекс", лани во октомври, по девет години брак добија тројка и сега притиснати од немаштијата, очајно бараат помош да ги нахранат св Бебињата ...
И ПОКРАЈ ГРИЖИТЕ, СРЕЌАТА НА ДУРЛОВСКИ НЕМА КРАЈ Тетовското семејство што девет години ја чекаше рожбата се тутка во една соба, но "таа сега е повесела" Децата носат проблеми, но уште повеќе радости. Кога тие се исчекуваат подолго време во семејството, нивното доаѓање на свет е вистинска радост.
Во куќата број 13 на улицата „Клема“, од населбата Колтук, бројот на станарите од 15-ти октомври минатата година е зголемен за три нови члена, Александар, Мартин и Дарко. За нивните родители Ванчо и Катица Дуруловски радоста е поголема бидејќи до оваа принова дошле по 9 години брак.