Женската јуниорска ракометна репрезентација на Русија ја одбрани титулата светски првак на Светско првенство кое во минатите две недели се одржуваше во Македонија. Во финалето кое се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, Русија ја победи Унгарија 26:24.
Светското ракометно првенство за јуниорки што се одржува во земјава ќе го има крајот утре со финалниот натпревар меѓу селекциите на Русија и на Унгарија. И покрај тоа што за нашиот ракомет мундијалот заврши уште вчера со пласманот на Македонија на осмото место, сепак ќе имаме и директен учесник во ...
Домаќинот со пораз и од Данска (24:25) го заврши настапот на 14. СП во ракомет за јуниорки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ ОХРИД - Македонската женска јуниорска ракометна репрезентација го освои осмото место на 14. Светско првенство што в недела завршува во Охрид, откако во натпреварот за седмото место загуби ...
Македонските ракометни јуниорки го завршија Светското првенство во земјава на осмото место во конечниот пласман, по денешниот пораз од Данска во борбата за седмата позиција на турнирот. Минимално, со 25:24 загуби македонската селекција во последниот мундијалски настап во Охрид.
"Медиа деј" на слободниот ден на СП ОХРИД - "Ова е најдобро организирано Светско првенство за јуниорки досега. Сакам да им се заблагодарам на сите што дадоа свој придонес во организацијата. Работиме во многу добри услови и тоа е ваша препорака за некое следно СП.
Македонија поразена и од Хрватска (27:31) во втората фаза на 14. СП во ракомет за јуниорки ОХРИД - Фаворитот Хрватска ја разби илузијата на домашната селекција дека ќе се вмеша во борбата за медалите на 14. Светско првенство во ракомет за јуниорки што од 4 до 17 август се одржува во Македонија, ...
Македонија ќе се бори за седмото место на Светското ракометно првенство за јуниорки чиј домаќин е нашава земја. Полуфиналните двојки на шампионатот се Русија - Норвешка и Хрватска - Унгарија. Македонските рперезентативки в петок против Данска ќе играат за седмото место на ракометниот шампионат, ...
Со победа вечер против Португалија македонската репрезентација ќе треба да го потврди четвртото место во четвртфиналната група „М-1“ на Светското ракометно првенство за јуниорки чиј домаќин е нашава земја што ќе значи дуел со Данска в петок за седмата позиција на мундијалот.
Ракомет - Светско првенство за јуниорки Шведска - Македонија 23:20 (11:10) "Билјанини Извори" Охрид. Гледачи: 3500. Судии: Кристиќ и Љубиќ (Сло) Шведска: Акселсон (15 одб), Лагерстром 6, Куронен, Густафсон, Спане, Андерсон 6, Кранц, Карлфорс, Виберг 1, Хелгесон 2, Сју, Петерсон, Силвеберг 4, К.
Македонија - Шведска 20:23 во стартот од втората фаза на 14. СП во ракомет за јуниорки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ ОХРИД - Со поразот од Шведска од 20:23 (10:11) уште во стартот на втората фаза на 14. Светско првенство, женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија си ги сведе на теорија ...
Македонската репрезентација ги загуби сите шанси да се вмеша во борбата за највисок пласман на Светското ракометно првенство за јуниорки што се одржува во земјава. Ќе мораат нашите ракометарки допрва да се изборат и за четвртото место во четвртфиналната група „М-1“, што води во разигрување за ...
Променливите игри и нестабилната форма ја исфрлија македонската репрезентација од борбата за највисок пласман на Светското ракометно првенство за јуниорки што се одржува во земјава. По синоќешниот пораз од Шведска, нашиот национален состав реално може да се надева најмногу на четвртото место во ...
Македонија вечерва игра против Хрватска во втората фаза на 14. СП во ракомет за јуниорки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ ОХРИД - Во зависност од исходот на синоќешното прво коло во рамките на групата 1 од втората фаза, вечерашниот дуел од 21 ч.
Ракомет - Светско првенство за јуниорки Женската јуниорска репрезентација на Македонија вечерва против селекцијата на Хрватска, во салата "Билјанини извори" во Охрид, со почеток од 21 часот, го игра најзначајниот натпревар, кој можеби ќе го реши првиот патник во полуфиналето на Светското првенство.
Македонската репрезентација вечер против Шведска го игра најверојатно клучниот натпревар од четвртфиналната фаза по групи на Светското јуниорско првенство чиј домаќин е нашава земја. Со победа против шведскиот состав македонските репрезентативки ќе бида многу блиску до пласман меѓу најдобрите 6 ...
Македонските ракометни јуниорки прокоцкаа голема шанса да останат во борба за пласман меѓу најдобрите шест селекции на Светското првенство што се одржува во земјава. И покрај тоа што на моменти имаа водство, тие во Охрид загубија од Шведска, директниот конкурент за третото место во четвртфиналната ...
Македонија оди во наредната фаза на 14. СП во ракомет за јуниорки како втора во Б-групата ОХРИД - Македонските ракометни јуниорки мораа здраво да запнат за да ја прескокнат и последната пречка во Б-групата, жилавата селекција на Кина, совладувајќи ја со минимални 33:32 (13:15), со што го освоија ...