TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мумин Вели остана на бронзата на ЕП во Пловдив

Утрински - 22.07.2006

Македонскиот боксер Мумин Вели не успеа да влезе во финалето на 36. Европско првенство во Пловдив, Бугарија, со што и дефинитивно останува на бронзениот медал што го обезбеди со самиот пласман во полуфиналето во категорија до 48 кг.

Бронза за Мумин

Вест - 22.07.2006

БОКС - ЕП ВО ПЛОВДИВ Вели Мумин не успеа да се пласира во финалето на категоријата до 48 килограми на Европското првенство во Пловдив, Бугарија, но дома, сепак, се враќа со првиот медал за македонскиот бокс од големите натпреварувања во сениорска конкуренција од осамостојувањето.

Вели Мумин се врати со бронза од Пловдив

А1 - 21.07.2006

Нашиот најдобар боксер Вели Мумин од европското првенство во Пловдив се враќа со бронзен медал. Во денешниот полуфинален двобој во категоријата до 48 килограми Мумин е поразен од актуелниот континентален вицешампион, Италијанецот Алфонсо Пинто на поени со ...

Мумин го обезбеди првиот медал за Македонија

Вест - 21.07.2006

ГОЛЕМ УСПЕХ НА НАШИОТ НАЈДОБАР БОКСЕР НА ЕП ВО ПЛОВДИВ Вели Мумин се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во Пловдив, Бугарија, со што на македонскиот бокс му го обезбеди првиот медал од големите натпреварувања во сениорска конкуренција по осамостојувањето.

Вели обезбеди бронза на ЕП во Пловдив!

Утрински - 21.07.2006

Македонскиот боксер Мумин Вели обезбеди бронзен медал на 36. Европско првенство што од 13 до 23 јули се одржува во Пловдив, Бугарија! Вели на ефектен начин се пласира во полуфиналето во категоријата до 48 кг., совладувајќи го Хосе Келвин де ла Ниеве од Шпанија со технички нокаут во третата рунда, ...

Мумин обезбеди бронза, се бори за финале

Време - 21.07.2006

НА ЕП ВО БУГАРИЈА Вели Мумин, македонскиот боксерски репрезентативец, денеска ќе се бори најмалку за сребрен медал на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Пловдив, Бугарија, откако го победи Шпанецот Хозе Келвин за пласман во полуфиналето.

Мумин обезбеди бронза

Вечер Прес - 21.07.2006

Најдобриот македонски боксер во последните неколку години Вели Мумин (48), кој со успех настапува на Европското првенство во бокс, за сениори што се одржува во бугарскиот град Пловдив, обезбеди најмалку бронзен медал. Во четвртфиналето Мумин со фуриозна борба, притоа задавајќи многу удари, го ...

Вели Мумин освои бронзен медал

А1 - 20.07.2006

Нашиот најдобар боксер Вели Мумин со две убедливи победи во конкуренција на 19 борци во категоријата до 48 килограми го обезбеди бронзениот медал, на 36-то европско првенство. Дали овој извонреден трофеен дострел ќе го облагороди со посјајно одличје ќе биде познато утре по мечот со актуелниот ...

Кудрјавцев елиминиран

Дневник - 20.07.2006

Русинот со македонски пасош, Сергеј Кудрјавцев, го заврши настапот на Европското првенство во аматерски бокс во Пловдив, Бугарија. Тој во второто коло беше поразен од Микола Семенјаха од Украина на поени, со резултат 22-31. Во првото коло, Кудрјавцев беше подобар од Британецот Џејми Кокс.

Кудрјавцев запрен во 2. коло

Вест - 20.07.2006

БОКС - ЕП ЗА МЛАДИНЦИ Сергеј Кудрјавцев, Русинот кој ја претставуваше Македонија во категоријата до 64 килограми, го заврши своето учество на Европското првенство во бокс во Пловдив уште во второто коло. Во својот втор настап, Кудрјавцев беше поразен од украинскиот боксер Микола Семењага на поени ...

Кудрјавцев поразен во второто коло на ЕП

Утрински - 20.07.2006

Македонскиот боксер Сергеј Кудрјавцев го заврши својот настап на 36. Европско сениорско првенство што од 13 до 23 јули се одржува во Пловдив, Бугарија, откако во второто коло во категоријата до 64 кг. загуби на поени со 22:31 од Украинецот Микола Семенјаха.

Полуфинале за Вели Мумин

А1 - 19.07.2006

Полуфинале за Вели Мумин на европското првенство во бокс што се одржува во Пловдив. Во категоријата до 48 килограми, Мумин денеска го победи шпанецот Хозе Келвин Дела Ниеве со технички нокаут во третата рунда. Со тоа Македонскиот боксер се пласираше меѓу четирите најдобри и го обезбеди бронзениот ...

Мумин убедлив на стартот

Вест - 18.07.2006

БОКС - ЕП ВО ПЛОВДИВ Нашиот најдобар боксер Вели Мумин имаше убедлив старт на 36. Европско првенство, што се одржува во Пловдив, Бугарија. Во првото коло на категоријата до 48 килограми, немаше потреба Мумин да остане во рингот со Германецот Рони Беблик до крајот на борбата.

Фуриозен старт на Вели на ЕП во Пловдив

Утрински - 18.07.2006

Македонскиот боксер Мумин Вели фуриозно стартуваше на 36. Европско првенство што од 13 до 23 јули се одржува во Пловдив, Бугарија, каде што во категоријата до 48 кг. со технички нокаут во третата рунда го совлада Рони Беблик од Германија.

Мумин декласира Германец, утре против Шпанец

Дневник - 18.07.2006

Вели Мумин одлично го почна своето трето Европско првенство, откако во првиот меч во Пловдив, Бугарија, убедливо го совлада Германецот Рони Беблик, во категоријата до 48 кг. Мумин бил толку убедлив во разликата на поени (повеќе од 20) што судијата во рингот, според прописите, го прекинал мечот.

Мумин го збриша Девлик

Вечер Прес - 18.07.2006

Нашата најголема надеж за освојување медал на 36. Европско првенство за бокс, за сениори, што се одржува во бугарскиот град Пловдив, Вели Мумин (48), ефектно го почна шампионатот. Тој во првото коло ги вкрсти ракавиците со Германецот Рони Девлик и во фајтерска борба, во која беше надмоќен уште од ...

Кудрјавцев победи Британец, на ред е Украинец

Дневник - 17.07.2006

Русинот со македонски пасош Сергеј Кудрјавцев (64 кг) забележа победа во првото коло од Европското првенство во аматерски бокс во Пловдив, Бугарија. Кудрјавцев го совлада Џејми Кокс од Велика Британија со минимален резултат 25-24, што му обезбеди премин во второто коло, каде што утре ќе се сретне ...